fbpx
Таг: регулатива

таг: регулатива

Фондацијата Метаморфозис создава коалиција за одговорна вештачка интелигенција

Фондацијата Метаморфозис го почнува процесот за формирање Коалиција за одговорна вештачка интелигенција (ВИ), која треба да собере чинители од повеќе сектори, соопшти Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата, затворајќи го годинашното издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“, што Метаморфозис ја организираше по 19-ти пат. Како што појасни Јашари во завршницата на конференцијата што се одржа во Скопје, коалицијата треба да опфати...

ЕУ ја усвои регулативата за универзализација на полначите за мобилни телефони

Европската Унија ја усвои новата законска регулатива, која што бара од производителите на мобилни телефони да овозможат универзализација на полначите за овие и други помали електронски уреди, пренесува „Политико“. Ова би значело дека „Епл“ во иднина ќе мора да ги стандардизира полначите за „Ајфонот“ со полначите за мобилни телефони од другите производители. Сите компании ќе мора да ги променат полначите...

„Вотсап“ доби казна од 225 милиони евра од европските регулатори за заштита на податоци

Ирската комисија за заштита на податоците ја казни апликацијата за пораки „Вотсап“ со 225 милиони евра, јави „Би-би-си“. Казната се однесува на истрагата која започна во 2018 година, а која се водеше околу тоа дали апликацијата била доволно транспарентна за тоа како постапува со информациите за корисниците. „Вотсап“  оттогаш неколку пати ги промени политиките за управување со податоците. Во образложение...

Охриѓани сѐ уште немаат мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот што го дишат

Во Охрид сѐ уште нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички. Овој град остана без мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот, со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање. Иако во декември минатата година беа поставени 11 мерни сензори за квалитет...

Македонија со МЕМО е на чекор поблиску до паневропскиот пазар на електрична енергија

Се отвора ново поглавје на пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија, кое ќе биде од интерес за сите учесници на енергетскиот пазар. Тоа се овозможи преку номинирањето на МЕМО ДООЕЛ-Скопје за национален оператор на организираниот пазар на електрична енергија, од страна на владините министри на вчерашната седница, а на предлог на РКЕ. Според управителот на МЕМО ДООЕЛ, Симон...

Блокирани сметките на 103.934 граѓани и фирми во првата половина од 2020 година

Вкупно 224.496 трансакциски сметки на 103.934 депоненти биле блокирани заклучно со јуни годинава, покажуваат податоците на Народната банка. Од вкупниот број блокирани депоненти, 78.331 се граѓани, а 25.603 се правни лица. Статистиката на Народната банка покажува дека со мали варијации бројот на блокирани граѓани и фирми лани и во првото полугодие од годинава постојано е над границата од 100.000, што...

Со нова регулатива Владата сака да го намали застојот во судовите

Владата го достави до Собранието предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите со барање тој да биде усвоен во скратена постапка. Со предлог-законот, кој содржи 18 члена се предвидува обезбедување на правото на „природен“ судија при распределба на предметите во судовите, управување со движењето на предметите во судовите преку користење на автоматизиран компјутерски систем за управување со судски...

Хелсиншки: Да се отстранат недостатоците за вклучување на децата со попреченост во редовното образование

По повод одбележувањето на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска упати апел да се отстранат недостатоците од досегашната имплементација на новиот Закон за основното образование, со кој децата со попреченост можат да се вклучат во редовното образование. Од Хелсиншкиот комитет го поздравуваат годинешното донесување на законот, укажувајќи дека со донесувањето на подзаконските...

Тасева: Регулативата за вработување во јавниот сектор се крои по мерка

„Правилниците се прават по потреба. Ако тој што треба да го вработат е стоматолог, ќе го сменат правилникот за да го вработат“, вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнел - Македонија“, која денеска ги објави резултатите на прелиминарната анализа на легислативата за вработување во јавниот сектор. Во 19 анализирани закони и два подзаконски акта, „Транспаренси“ и Државната комисија за...

Промената на локомотиви на граница го успорува превозот на патници и стоки

За разлика од земјите - членки на ЕУ, на граничните премини во земјава и денес се врши промена на локомотива при превозот на патници и стоки во железничкиот сообраќај. Особено кај патничките возови, менувањето на локомотивата изискува ангажирање на влечен парк од две железнички претпријатија, додека патниците чекаат дополнителни десетици минути и пристигнуваат подоцна до посакуваната дестинација. Во случајот на...

ЕБОР, ЕИБ и ГСБ со ново истражување на компаниите во 40 земји, меѓу кои и ние

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Групацијата Светска банка (ГСБ) воведуваат нова рунда на истражувања на претпријатијата во повеќе од 40 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Целта на истражувањето е да се добијат повратни информации од претпријатијата од приватниот сектор за состојбата на бизнис опкружувањето во секоја земја учесничка и да се искористат овие...

Трпевски: Постои опасност да влеземе во магичен круг од лоши закони

Во Македонија законите многу често се носат без соодветна подготовка на трошоците што ќе ги предизвикаат за граѓаните и компаниите, но и за администрацијата и воопшто без проценка на влијанието на новата регулатива врз секојдневниот живот. Ваквата состојба трае со години, а ништо не е поразлична и минатата година, период во кој Македонското здружение на млади правници истражуваше како министерствата...

Администрацијата за десет години не научи како се подготвуваат закони

Македонската администрација за цела деценија не научи соодветно да ги подготвува новите закони со што граѓаните би имале увид во тоа, какво влијание би имала новата регулатива врз секојдневието, односно какви ќе бидат трошоците од спроведувањето на новите законски одредби. Речиси десет години по воведување на алатката „Проценка на влијанието на регулативата“ (ПВР), земјава не може да потврди релевантни резултати....

Османи: Државата ќе обезбеди поддршка на бизнисот за усогласување со ЕУ-стандардите

Отворањето на границите на европскиот пазар за производите и услугите од Македонија, претставува и бизнис можност, но и дополнителен предизвик за адаптација на производството, на квалитетот, стандардизацијата согласно европските правила и стандарди. Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи на средба со стопанственици од Стопанската комора на Северозападна Македонија. - Дополнително, пазарите се отворат двонасочно со што нашиот пазар...

Дигиталното плаќање ги намалува трошоците, а ја зголемува ефикасноста на услугите

Денеска во Охрид започна 11. конференција за плаќања и пазарна инфраструктура „Време е за дигитализација“ во организација на Народната банка во соработка со Централната банка на Холандија. „Пробивот на дигиталните плаќања се врзува со многуте можности што тие ги нудат. Прифаќањето на дигитализацијата на плаќањата има потенцијал за значително намалување на трошоците, зголемување на ефикасноста и овозможување поширок пристап до...

Никој не ги консултира ИКТ-компаниите кога се носат закони од оваа област

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“ организираше форум, на кој тема беше регулативата на работни односи во ИКТ-секторот. Шефот на проектот, Љубомир Димовски, изјави дека анкетата што била спроведена во рамките на проектот, покажала дека 76 проценти од анкетираните фирми сметаат дека не биле консултирани во процесот на носење на законската регулатива. - Ова несомнено укажува на потребата за подобрување на процесот на...

Македонците пушат по 18-19 цигари дневно, четврти сме во светот

Македонија е при врвот на листата од 184 земји според потрошувачката на цигари и се наоѓа на високото четврто место. Според табелата на „Википедија“, пред нас се само Црна Гора, Белорусија и Либан. Според слободна проценка на директорот на пазар за Македонија, Косово и за Албанија на „Империал тобако“, Кирил Величковски, пак, Македонците пушат по 18-19 цигари дневно. Но, иако нашата држава...

Коморите се здружуваат за да се донесат подобри закони за компаниите

Повеќе стопански комори ќе соработуваат следните четири години за да се донесе подобра бизнис-регулатива, бидејќи законите последниве години наместо да ја олеснат и да ја поедностават работата на компаниите, дополнително ја комплицираат. Тие често се менуваат, не се разбирливи и поради тоа, тешко може да се следат. Ова денеска беше кажано на прес-конференцијата во Стопанска комора на Македонија, на која беше...

Kвалитетната градба e услов за стабилни објекти при силен земјотрес

Во Македонија постои традиција и техничка регулатива за проектирање, изведба и за контрола на градби отпорни на силни земјотреси. Но, регулативата треба да се почитува во целост за да може објектите што се проектираат и се градат да се сметаат за сеизмички отпорни. Ова е еден од заклучоците на домашните експерти кои учествуваа во дискусијата на стручниот форум посветен на сеизмичката...

Царината почна со делење брошури за патниците

Во пресрет на летните одмори и на зголемената фрекфенција на патници на граничните премини, Царинската управа деновиве почна со делење брошури за информирање на патниците што влегуваат, излегуваат или транзитираат низ земјава, за нивните права и обврски, а за да се овозможи брза, безбедна и лесна царинска контрола, соопштуваат од Царината. Како што информираат оттаму, информативните брошури се на македонски и...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...