fbpx
Таг: регистрација

таг: регистрација

Србија не ја затворила границата за мигрантите, застојот бил поради „профилирањето“

По информацијата објавена во дел од медиумите дека Србија ја затворила границата со Македонија за мигранти, од бирото за соработка со медиумите на српското МВР ги демантираат овие наводи. Од бирото за РТС  соопштиле дека не станува збор за затворање на границата, туку дека почнало да се спроведува профилирањето на мигрантите, мерка што вчера во Загреб ја договорија шефовите на полициите на...

МВР појаснува: Мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се носат со директна линија

Транспортот на мигрантите од Гевгелија до Австрија нема да се врши со директна линија, туку секоја земја на западно-балканската мигрантска рута посебно ќе го организира превозот на мигрантите до нивната крајна дестинација, каде имаат намера да бараат азил, појаснуваат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Тоа што било договорено на денешниот состанок на директорите на полициите на петте земји од...

Падна договор: Мигрантите директно од Гевгелија ќе се носат до Австрија

Шефовите на полициите на петте земји од западно-балканската мигрантска рута, Австрија, Словенија, Македонија, Хрватска и Србија, денеска се договорија и потпишаа декларација, според која профилирањето и регистрирањето на мигрантите ќе се врши на грчко-македонската граница, а бегалците што ги исполнуваат условите, организирано ќе бидат транспортирани од Гевгелија до преминот Шентиљ на словенечко-австриската граница. На состанокот, кој се одржа во хотелот „Интернационал“...

Двојна жичена ограда, потоа контролни пунктови, па бегалски кампови?

Поставувањето дополнителна жичена ограда кај котата 59 на македонско-грчката граница, како заштита од илегални преминувања на мигрантите, очигледно е првата фаза од спроведувањето на договорот меѓу Македонија и европските земји за контрола на бегалската криза во пресрет на пролетниот бран, кој се очекува. Втората фаза, според најавите, ќе биде формирањето центри за регистрација. Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, по неформалниот...

Спасовски: Заедничките патроли открија 858 мигранти со лажни документи

Македонските полицијци и нивните колеги од неколку земји на Европската унија и од регионот, распоредени на јужната граница, досега откриле 858 мигранти кои користеле лажни или фалсификувани документи за влез во земјава. Ова, меѓу другото, го истакнал министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната средба со експерти од полициите на земјите од Вишеградската група (Словачка, Чешка, Полска и Унгарија),...

Мигрантите стандардизирано да се регистрираат и да се филтрираат

Утврдување стандардизирана регистрација на мигрантите, со биометриски податоци и со точно утврдени критериуми што тие треба да ги исполнат за да можат да транзитираат низ земјите од т.н. западно-балканска рута до државите од Европската унија во кои имаат намера да бараат азил. Ова била темата на состанокот на директорите на полициите на Македонија, Австрија, Хрватска, Словенија и на Србија, кој се...

Јолевски: Наскоро ќе добиеме опрема за биометриско регистрирање на бегалците

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, денеска ја посети воздухопловната единица на АРМ. Тој од Петровец најави дека очекува наредните денови да добиеме опрема за биометриско регистрирање на бегалците што влегуваат во земјава. Како што вели Јолевски, тоа ќе ја подобри проверката на сомнителни лица што ја поминуваат границата на Македонија.

Македонија ги активира филтерот и дневните квоти за транзит на мигранти?

Дневниот извештај на Министерството за внатрешни работи (МВР) за бројот на мигранти на кои вчера им биле издадени потврди за искажана намера за барање азил покажува дека полицијата на јужната граница регистрира само државјани на Сирија, Авганистан и од Ирак. „Во периодот од 00.00 до 24.00 часот на 19 ноември 2015 година, издадени се потврди на вкупно 2.589 странски државјани....

Ни ВМРО-ДПМНЕ, ни СДСМ не ја фермаат Левица

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не коментираат ништо за барањето на новоформираната партија Левица да ја поддржат иницијативата за измена на Законот за политички партии. Левица бараше да се поедностават процедурите и да се намали трошокот за регистрација на политичка партија. Од најголемите македонски партии велат дека сè уште не добиле никакво барање, кое би можело да се разгледа. - Не сме добиле...

Македонските власти се најтаинствени околу парискиот бомбаш

Дали сирискиот државјанин Ахмед Алмухамед, за кого се претпоставува дека е еден од терористите во Париз, минал низ територијата на Македонија, е сè уште мистерија, за која молчат македонските власти. Грција и Србија уште вчера потврдија дека лице со тој идентитет, кое се движело по т.н. балканска бегалска рута, било регистрирано од нивните служби и изнесоа точни датуми и податоци...

Движењето за реформи на ДПА се регистрира како политичка партија

Од Движењето за реформи на ДПА на прес-конференција денеска соопштија дека успеале да се регистрираат како политичка партија во Основниот суд во Тетово. Евиденцијата деновиве треба да се објави во Службен весник и откако ќе помине предвидениот законски рок, новата партија ќе биде регистрирана во единствениот регистар на политички партии во Основниот суд Скопје 2. - Им се заблагодаруваме на...

Движење за реформи на ДПА: Со уцени и закани трае регистрацијата на партијата

Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села на прес-конференција, обвини дека во тетовскиот Основен суд се соочуваат со постојани уцени во текот на регистрацијата на партијата. Според нив процесот на регистрација на новата партија започнал пред 45 дена, но тетовскиот суд постојано барал дополнителни документи одолговлекувајќи ја постапката. - Сето ова време додека ги собиравме документите за регистрација на...

Иванова: Во игра се и попис и пребројување од врата на врата

Активна регистрација на гласачите, попис и пребројување од врата на врата се опциите кои се на маса на работните групи што треба да го имплементираат Договорот од Пржино. Според Цветанка Иванова од СДСМ, која вчера беше дел од работната група на оваа партија, се разговара за сите опции, но сè уште не се навлезени во детали за тоа кој предлог би...

Ќе се прави нов избирачки список, регистрација со отпечаток од прст

Средбата на работните групи во Клубот на пратеници сè уште трае, а неофицијално се дознава дека се разговара за активна регистрација со отпечаток на прст на гласачите за следните парламентарни избори, кои треба да се одржат во април идната година. Според неофицијални информации, тоа значи неколку месеци пред изборите граѓаните да се регистрираат, со што би се создал нов избирачки...

Албанија ги дискриминира лековите од Македонија, бара европско знаменце

Македонските фармацевтски компании нема да можат да ги извезуваат своите лекови во Албанија доколку тие не се регистрирани во Европска Унија, стои во новиот закон за лекови на Албанија. Властите во Тирана во септември донесоа Закон за лекови со ретроактивно дејство, во кој се наведува дека фармацевтските компании од Балканот мора да ги регистрираат своите лекови во ЕУ. Компаниите имаат...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...