fbpx
Таг: региони

таг: региони

Произведуваме толку многу отпад, што не можеме ниту да го собереме [инфографик]

Од година во година создаваме сè повеќе комунален отпад, а речиси на една третина од ѓубрето што го создаваме му се губи трагот. Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, лани во земјава биле создадени 915.943 тони комунален отпад. Годишното количество на создаден комунален отпад во 2019 година изнесувало 456 килограми по глава на жител, што е рекордна...

Повеќе починати од родени во шест региони во земјава

Во шест од вкупно од осум региони во нашата земја бројот на умрените лица го надминува бројот на родени деца, како резултат на неповолната старосна структура и нискиот фертилитет, покажуваат податоците од новата публикација „Регионите во Република Северна Македонија, 2020 година“ на Државниот завод за статистика. Повеќе новородени од починати лица има само во Скопскиот и во Полошкиот регион. Од Државниот...

Преку онлајн настани грантистите на КриТинк ќе ги претстават постигнувањата на локалните грантови

Во периодот меѓу 28 септември и 1 октомври ќе се одржи серија јавни онлајн настани за претставување на локалните проекти финансиски поддржани од Европската Унија преку Вториот циклус на шемата за мали грантови од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Кри Тинк“ во периодот од октомври 2019 г. до јуни 2020 г. Преку кратки презентации, грантистите...

Секој граѓанин дневно произведува 1,1 килограм отпад (инфографик)

Од 2011 година официјалните мерења покажуваат постојан тренд на зголемување на отпадот во земјава. Само за четири години комуналниот отпад е зголемен за 90.000 тони. Најголем “произведувач“ на отпад е Скопскиот регион, а најмало количество на создаден комунален отпад има во Југоисточниот регион, пишува во неделната анализа на „Порталб“. Најновото истражување на Заводот за статистика посветено на состојбите со...

Фазлиу: Ќе се инвестираат 4,7 милиони евра за 43 проекти во планските региони

Mинистерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, информираше дека во осумте плански региони ќе бидат реализирани 43 проекти во вкупна вредност од 290 милиони денари или 4,7 милиони евра. Од нив, 38 се инфраструктурни проекти, а пет се проекти за подготвка на техничка документација. До Министерството за локална самоуправа биле доставени вкупно 49 апликации, а од нив се избрани 43 проекти...

Седум милиони евра за регионален развој, како се дели државниот колач?  

Вкупно 6,9 милиони евра годинава се планирани да се потрошат  за поттикнување рамномерен регионален развој во земјава. Парите се наменети за осум плански региони, пишува неделната економска анализа на „Порталб.мк“. Само за финансирање на проекти на ниво на планските региони одвоени се скоро пет милиони евра. Според податоците, најголем дел или 17,3 проценти од државната помош за рамномерен регионален развој...

Четири проекти од Источна Македонија во програмата за рамномерен регионален развој

Вкупно четири проекти од општините од Источна Македонија ќе влезат во програмата за финансирање во Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. На состанокот на градоначалниците во Македонска Каменица, министерот за локална самоуправа, Сујхел Фазлиу кажа дека со буџетот за наредната година, предвидени се двојно повеќе средства за рамномерен регионален развој и од 4,5 милиони евра и тој износ...

Потпишани договори од 4,5 милиони евра за 98 проекти за развој на руралните средини

Денеска, во Владата беа потпишани договори за имплементација на 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби, информираа од таму. Проектите се финансирани од буџетот на државата, конкретно од Програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој, во вкупна вредност од 280 милиони...

Еден милион евра за проекти за 30 општини и за осумте плански региони   

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, денеска го отворија форумот на кој се презентираа условите и критериумите за финансирање на проекти во планските региони и во општините, во рамките на  проектот „Подобрување на општинското управување”, финансиран од Европската унија, во вкупна вредност од 2,4 милиони евра. - Во рамките на проектот што Министерството...

Отворен повик за 21 милиони евра за развој на туризмот преку инфраструктурни инвестиции

Владата во соработка со Европската унија и Светска банка денеска објавија втор повик за искористување на 21 милиони евра во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност. 18 милиони евра се обезбедени од ИПА-програмата на Европска комисија, а три милиони евра се од буџетот, повикот е администриран од Светска банка. Преку овој проект ќе се овозможи општините, асоцијациите и приватните...

Мицкоски: Гасификацијата ќе чини 150 милиони евра

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ досега ја изгради примарната гасоводна мрежа од Клечовце до Штип. Магистралниот гасовод  Штип – Неготино е во напредна фаза на изградба и се очекува да заврши до крајот на оваа година“, изјави денеска на прес-конференција членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој додаде дека во фаза на изградба е магистралниот гасовод Скопје - Тетово...

Потребни се инвестиции за рамномерен развој на регионите

Неопходно е најмалку еден отсто од домашниот бруто-производ (БДП) да се инвестира во помалку развиените региони, за да се избалансира развојот во осумте плански региони во Македонија. Ова е еден од заклучоците на учесниците на работилницата на која беа презентирани активностите од проектот „Алијанса за регионален развој“. Законска регулатива за тоа не недостига, но во практиката е поинаку. Имено, во последните десетина...

Вонредна седница на Владата, ќе се прогласи кризна состојба во Скопско и Тетовско

Владата за попладнево закажа вонредна седница на која се очекува да биде донесена одлука за прогласување на кризна состојба во Скопско и Тетовско, кои се најмногу погодени од вчерашното невреме. На седницата Владата, исто така, треба да донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за Ден на жалост за жртвите од невремето. По денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување...

Сончево и топло време со температура до 37 степени

Времето денеска ќе биде топло, малку ветровито со локална облачност без услови за дожд. Долж Повардарието, во централните и во источните делови од земјава температурата ќе достигне 37 Целзиусови степени, а во другите делови од државата до 35 Целзиусови степени. Во Скопскиот Регион се очекува слично време со температура до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе биде 8.    

Четири региони денеска ќе бидат во портокалова фаза

Скопскиот, Осоговско-Малешевскиот, Јужновардарскиот и Пелагонскиот Регион денеска се зафатени со температура од портокаловата фаза поради што се препорачува бремените жени и хронично болните лица над 60 години да се ослободат од работни обврски. Во овие региони се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во овој период, а особено во детските градинки да не се изнесуваат децата на отворено. Од...

220.000 евра за развој на туризмот во Охридскиот и Тиквешкиот регион

Oрганизацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО) го одбележа завршувањето на двегодишниот проект во Македонија за развој на туризмот преку поддршка на кластерско здружување во регионите на Охридското езеро и Тиквешкиот регион. За оваа цел беа издвоени 220.000 евра со што се придонесе за унапредување на локалниот туризам во овие два региони. Двата македонски туристички кластери ќе имаат за цел...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...