fbpx
Таг: регион

таг: регион

Струја добија сите во поплавените подрачја

ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите, информираат од компанијата. - Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа. И покрај можноста да бидат приклучени под напон уште десетици корисници чии домови се под...

Нема повредени во синоќешното ново невреме

Од синоќешното ново невреме кое го зафати скопскиот регион, нема исчезнати и повредени, информираат од Министерството за внатрешни работи. МВР извести дека првично исчезнатите шест граѓани, всушност се граѓаните чии тела беа пронајдени во последните 24 часа, со што до денеска, вкупната бројка на починати е 22 лица.

Ќе има второ намалување на цените на роамингот во регионот

Од 1 јули стапува на сила второто по ред намалување на цените на роамингот со операторите во регионот, договорено е на 4. Меѓународна регулаторна конференција во Охрид. Домаќин на конференцијата во Охрид е македонската Агенција за електронски комуникации, а учествуваат претставници од регулаторните тела за електронски комуникации и надлежните ресорни министерства од Босна и Херцеговина, Турција, Албанија, Косово, Црна Гора,...

Меѓународен металуршки конгрес се одржува во Охрид

Домашни и странски претставници на научната јавност од 15 земји учествуваат на денешниот седми Меѓународен металуршки конгрес: „Металургијата, материјалите и заштитата на животната средина“, кој денеска почна во Охрид. Во согласност со програмата на конгресот, во организација на Здружението на металурзи на Македонија и на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија, ќе се одржи тркалезна маса за металниот сектор на...

Иванов ќе учествува на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“ во БиХ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, каде ќе учествува на состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ и на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“. На годинешниот „Самит 100“,  насловен „Нов договор за ново време“, ќе учествуваат и бизнис - лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа. Главни теми на дискусија ќе бидат одржливото снабдување со...

Економски коридори за поконкурентен Западен Балкан

Инфраструктурата, конкурентноста, мобилноста и доброто управување се четирите приоритети на кои ќе се концентрираат владите од Западен Балкан со Регионалниот совет за соработка (РСС) во текот на годинава. Ова денеска го изјави генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, на конференцијата „Сараево бизнис-форум“, посветена на зголемување на соработката во индустрискиот сектор и на економската соработка со Кина. - Крајната цел е поконкурентен регион...

Потенцијалот на регионот и спојувањето пазари, теми на бизнис-форумот во Сараево

Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) учествува на седмата конференција на меѓународни инвестиции „Сараево бизнис-форум“, која се одржува под мотото „Еден регион, една економија“. На оваа конференција ќе се разговара за потенцијалот што го нуди овој регион, можноста за спојување пазари, како и за соработката со Кина. Утре, пак, експерти од различни земји ќе предложат идеи и платформи за создавање заедничка...

Курц: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан

Европската Унија е нецелосна без Западен Балкан, изјави шефот на австриската дипломатија, Себастијан Курц, и вети дека Австрија и понатаму „ќе биде силен глас на поддршка на своите пријатели на Западен Балкан“. Тој го истакна ова на отворањето на завршната дебата на дводневната подготвителна конференција што се одржуваше во Виена на 25 и на 26 април, под името „Поттикнување на процесот...

Вучиќ на Македонија ѝ посака мир и успех во решавањето на проблемите

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјавил дека Владата на Србија посакува актуелните проблеми во Македонија што побргу да се решат, пишува српски „Блиц“. - Му посакуваме мир на нашиот братски народ, сакаме стабилност, не сакаме да се мешаме во внатрешните односи, но им посакуваме успех во решавањето на проблемите – изјавил Вучиќ при отворање на нов производствен погон во Ниш. Тој...

Земјите од Западен Балкан имаат три милијарди евра во меѓусебни инвестиции

На Западен Балкан му се потребни структурни реформи, борба против корупцијата и надминување на уште многу други предизвици. Регионалната соработка е важна за економски напредок и развој. Ова беше истакнато на прес-конференцијата предизвиците на земјите-членки на Коморскиот инвестициски форум во исполнување на планот на „Берлински процес“, за постигнување на подобра деловна клима во регионот. - Регионот на Западен Балкан има 3...

Ќе се одржи состанок за подобра соработка со Албанија за развој на туризмот

Состанок на Прекуграничната платформа за заштита на езерскиот регион, во рамките на проектот на УНЕСКО за интегрална заштита на културното и природното богатство на регионот околу Охридското Езеро, ќе се одржи утре во Подградец, Албанија. Целта на Прекуграничната платформа е да ја интензивира соработката на прекугранично ниво помеѓу Македонија и Албанија, односно помеѓу централните, локалните власти и секторите за туризам,...

САД преку Хрватска ќе го снабдуваат регионот со гас

По згаснувањето на проектот „Јужен тек“ и притисокот од САД и ЕУ врз транзитните земји да се откажат од проектот, Вашингтон има намера преку Хрватска да го снабдува регионот со гас. САД ја поддржуваат изградбата на пловен терминал кој, како што тврдат, не е насочен против Русија туку кон зајакнување на енергетската независност на Хрватска и на Европа. Координаторот за меѓународни енергетски прашања...

Скопскиот регион со најголемо учество во бруто-домашниот производ

Најголемо учество во бруто-домашниот производ на Македонија во 2013 година има Скопскиот регион со 42, 6 проценти, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5, 3 проценти, објави Државниот завод за статистика. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143. 5, Вардарскиот регион со индекс 110. 6 и Југоисточниот регион со...

Се одложува гасификацијата на Скопје и на општините во источниот и во западниот регион

Сè уште не е избрана компанија која ќе ја спроведе гасификацијата на Скопје и на општините во источниот и во западниот регион. На петтиот по ред повик, се јавиле две компании, од кои едната се откажала, а другата побарала продолжување на рокот за евалуација. Проектот за гасификација на 17 општини од скопскиот регион е 98,4 милиони евра, за гасификација на Централна...

Котевски: МВР е подготвено да реагира на сите закани

„Министерството за внатрешни работи (МВР) ја следи безбедносната состојба и сите најави, сознанија, информации што дооаѓаат и доколку е потребно, Министерството е подготвено да дејствува“, изјави за „Мета“ помошник-министерот за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, во врска со информациите што ги објавуваат албанските и косовските медиуми за наводни терористички напади што припадници на Исламска држава (ИД) од Балканот...

СИРИЗА апелира за демократски дијалог во Македонија

Грчката владејачка партија СИРИЗА бара мирно и демократско решавање на политичката криза во Македонија за одржување на мирот и на стабилноста во регионот. Секторот за надворешна политика и за одбрана на партијата излезе со посебно соопштение за случувањата во Македонија, во кое истакнува дека СИРИЗА останува на ставот дека има силна потреба од мир и од стабилност во регионот. Владејачката левичарска партија повикува...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...