fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

Китеска: Реформата на јавната администрација е од суштинско значење за напредокот на земјава кон ЕУ

Овој Извештај треба да го сфатиме како обид за освестување и на централната и на локалната власт, за преземање на чекори за подобрување на личната одговорност на раководството и за делегирање на одговорноста на различни нивоа на управување, иако според Извештајот делегирањето на овластувањата за донесување одлуки на средното ниво на управување останува ограничено. Колку ќе сработиме и со...

ЕУ нуди средства за железница, владата повеќе сака да гради патишта

Европската комисија во Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан во делот за нашата земја посочува дека ќе ја финансира изградбата на нова и надградбата на постојната железничка инфраструктура. Во финансискиот пакет вреден 9 милијарди евра, кој за земјите од Западен Балкан ќе бидат достапни преку ИПА III фондовите, но и преку дополнителни грантови и кредити што би ги добиле наредниве...

ЕК во извештајот нотира дека Регистарот на онлајн медиуми е во насока на напредок на професионалните стандарди

Во Извештајот за напредокот на земјата за 2020 година на Европската комисија интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството. Во делот поврзан со слободата на изразување, се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за...

Извештај на ЕК: Потребни се поголеми инвестиции во енергетска ефикасност и формирање на посебен фонд

Од Европската комисија (ЕК) добивме позитивни критики за развојот на досегашните политики во енергетскиот сектор. Во последниот Извештај на ЕК за Северна Македонија за 2020 година, во делот Енергија, се оценува дека во енергетскиот сектор е постигнат „добар напредок, особено преку усвојување на законодавството за спроведување на третиот енергетски пакет на ЕУ, за гас и електрична енергија, и се...

Маричиќ најави реформи во судството и отворени советнички листи на локалните избори

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска одржа прес-конференција по повод добиеното мандатно писмо од страна на премиерот Зоран Заев. Во мандатното писмо на Маричиќ се наведени обврските и реформите кои треба да ги спроведе, а се однесуваат на судството и обвинителството, евроинтеграциите, Изборниот законик и подобрување на услугите кон граѓаните. Маричиќ смета дека независноста и ефикасноста на судската власт се клучни...

Српските железници и поделени во три компании направиле загуби од 100 милиони евра

Советот за борба против корупцијата во Србија со остри критики за работењето на Српските железници, кои со реформите од 2015 година се поделија на три посебни компании: „Србија карго“, „Србија воз“ и „Инфраструктура железница“. И покрај реструктурирањето на државната железница и влезот на приватни компании во товарниот железнички сообраќај, сите три компании направиле загуби од околу 100 милиони евра...

Денарот и банкарскиот систем се стабилни, потврди кредитната агенција „Стандард и Пурс“

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на нашата земја, „ББ-“, со стабилен изглед. Во најновиот извештај на агенцијата одделен акцент е ставен на монетарната политика и мерките на Народната банка во текот на ковид-кризата, девизниот курс на денарот и состојбата во банкарскиот систем, се вели во соопштението од Народна банка. Од „Стандард и Пурс“ напоменуваат дека поставеноста...

Студентите ѝ ја презентираа Декларацијата за млади, образование и иднина на министерката Царовска

Претставници на студентските собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“ и „Универзитет на Југоисточна Европа“ вчера се сретнаа со новата министерка за образование и наука, Мила Царовска и ѝ ја презентираа Декларацијата за млади, образование и иднина. Во декларацијата претставени се барањата за реформи за поквалитетно образование, инвестиции во науката и образовната инфраструктура,...

Доколку е сериозен, Заев треба да почне со реформите во администрацијата и судството по формирање нова влада

Кандидатот за премиер, Зоран Заев, продолжува со преговори за формирање влада. Некои од принципите што идната влада би требало да ги спроведе, меѓу другото, се реформите во администрацијата и во судството, два столба што постојано беа цел на критики од меѓународниот фактор заради партизација, нетранспарентност и непрофесионалност. Овие реформи се, пред сè, неопходни за граѓаните и за функционирање на...

Поранешни и актуелни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ бараат реформи во партијата

Откако ВМРО-ДПМНЕ изгуби на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули, поранешните членови на партијата Никола Тодоров, Сашо Мијалков и Никола Поповски, кои беа и на високи раководни функции, деновиве излегоа во јавноста со заложба за партиски реформи и за смена на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Со идентичен став излегоа и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев...

Вистиномер: Ветувањата за медиумскиот сектор на ВМРО-ДПМНЕ – спинови и контрадикторности

Програмата содржи три точки од кои две, за МРТ и за саморегулацијата, се контрадикторни и се спинови, додека третото ветување е спин во делот за ослободување на непотребна регулација за медиумите во соработка со медиумите, пишува „Вистиномер“ во својот најнов Контраспин. (Напомена: Тука можете да ја најдете анализата на предизборната програма на СДСМ во делот за медиумите.)   Во изборната програма на...

Реформите во судството многу малку ги исполнуваат критериумите на ЕУ, вината е кај судиите и извршната власт

Иако Северна Македонија вети дека ќе го почитува и унапредува законодавството, за да добие позитивни оценки во извештаите на Европската Комисија, експертите велат дека има уште многу да се сработи. Но, во моментов пандемијата на коронавирусот блокира неколку иницијативи за подобрувањето на правосудството, пишува Порталб.мк. За подобрувањето на состојбата на судството во земја одговорни се институциите и поединци кои се...

Порталб: Се дозволуваат верски манифестации, а не се овозможуваат избори што ќе ѝ помогнат на земјата

Во Северна Македонија се дозволуваат верски манифестации, се очекува утре да почнат со работа кафулињата и другите угостителски објекти, а не се овозможува граѓаните да излезат на избори. Изборниот процес ќе ѝ помогне на државата во решавањето на многу постапки што се во застој, односно државата да чекори по евро-атлантскиот пат, пишува Порталб.мк. Според аналитичарите, на земјава ѝ се потребни...

Имаме добра реализација на препораките од ЕУ за економски мерки и реформи

Македонија годинава е меѓу првите земји во регионот во однос на препораките на Европска комисија од Програмата за економски реформи, за периодот од мај 2019 година до јануари 2020 година, кои се однесуваат на реформски мерки за јакнење на финансиската стабилност и креирање на работни места. Тоа е заклучокот од денешниот онлајн, редовен, годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу...

Антикорупциски реформи: Напредок е забележан единствено кај ДКСK и во работата на граѓанските организации

Работењето на новиот состав на Антикорупциската комисија, посветеноста на неколку организации од граѓанскиот сектор и перспективите од новиот Закон за јавно обвинителство, се единствените светли точки во реформските постигнувања на Северна Македонија во полето на антикорупцијата и борбата со оганизираниот криминал во текот на 2019 и почетокот на 2020 година. Ова е главниот наод на истражувањето што во рамките на...

Истражување на „Метаморфозис“: Реформите во правосудството на половина пат помеѓу законите и праксата

Реформите во правосудството се на ниво во кое законската рамка е речиси целосно заокружена, при што ЕУ изразува задоволството од степенот на промените, партиите се со целосно спротивставени ставови, но исто и дел од експертите, кои се поделени за одредени решенија. Ова се главните наоди на истражувањето на оваа тема што го спроведе Фондацијата „Метаморфозис“ во рамките на регионалниот проект...

Истражување на „Метаморфозис“ за медиумски реформи: Големи очекувања – малку постигнувања

Сосотојбата со медиумите во реформскиот сектор се застанати на половина пат, а медиумите во земјата се соочуваат со опасност од ново заробување какво што имавме до 2015/16 година, пред се поради опасноста од зависност од јавните пари. Ова се наведува во најновото истражување за еден од клучните услови што ги поставува ЕУ за членство на земјите аспиранти, а што го...

Истражување на „Метаморфозис“: Реформата на јавната администрација е најзабележлива во дигитализацијата, најбавна во функционалните анализи 

Реформата на најкомплицираниот дел од општеството за реформирање - јавната администрација напредува, иако не со посакуваната брзина и сегментирано. Најголем напредок е забележан во процесот на дигитализацијата, а најбавно се спроведуваат функционалните анализи, се наведува во денеска објавеното истражување на Фондацијата за интернет и општество, „Метаморфозис“. Второто по ред истражување за текот на реформите во јавната администрација, беше спроведено во...

Во извештајот на ЕК препознаени препораките на проектот ACTION SEE и на „Метаморфозис“ за Стратегијата за транспарентност

Европската Комисија (ЕК) во краткиот извештај што го објави во понеделникот, препорача Европската Унија (ЕУ) да отпочне преговори со Северна Македонија и со Албанија за членство во Унијата, а меѓу позитивните забелешки, ЕК спомена дека земјата преземала значителни чекори за зајакнување на независноста на судството, го подобрила учинокот во борбата против корупцијата и организираниот криминал, а постигнала напредок и...

Европската Комисија потврди дека треба да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ

Европската Комисија (ЕК) го усвои мини-извештајот за Македонија и Албанија, со кој ја потврдува препораката за нашата земја за отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Од Комисијата напоменуваат дека земјава ги зајакнала напорите и испорачала опипливи и одржливи резултати во клучните области идентификувани во заклучоците од Советот на ЕУ од јуни 2018 година. ЕК го поздравува и донесувањето...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...