fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

Галовеј: Важно е да се видат завршени големите случаи на корупција

Клучно е граѓаните да го видат на дело владеењето на правото, е оценката на амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Денеска при посетата на Штип, британската амбасадорка беше прашана за коментар дали навистина профункционираа институциите по вчерашните случувања со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.   „Мислам дека е извонредно важна борбата против корупцијата и граѓаните да имаат доверба во...

Со долговите што ги има, Железницата може да ни ја „приватизираат“ преку присилна наплата

Долговите што ги има натрупано најголемиот државен загубар во земјава, Железници на РСМ-Транспорт се високи како Монт Еверест. Доколку државните власти, под итно не преземат конкретни мерки за нивна санација, железницата нема да има потреба да се приватизира или да се склучува јавно-приватно партнерство за нејзина трансформација, бидејќи преку присилна наплата на долговите би можело да се реши прашањето...

УНДП Северна Македонија организира настан по повод своја Акцелератор лабораторија

УНДП Северна Македонија ја започнува својата Акцелератор лабораторија и станува дел од глобалната мрежа од 92 лаборатории на УНДП. По овој повод, на 23 февруари со почеток во 14:30 часот во Хотел Хилтон, Скопје и паралелно на Зум платформата, УНДП Северна Македонија организира настан за промените на системот до забрзување на реформите, како и споделување успешни приказни од поединци...

Министерот Шаќири: Трансферот на административци во приватниот сектор ќе се разгледа по септември

Сè уште не е почната реализацијата на идејата за префрлање на административците од јавниот во приватниот сектор како мерка за намалување на големиот број административци. Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири вели дека моделите за имплементација на ваква идеја ќе почнат да се разгледуваат по септември или октомври, пишува Порталб.мк. Трансферот на административците од јавниот во приватниот сектор,...

Порталб: Судијата Саити најави „интересни детали“ по завршувањето на постапката за избор на претседател на Врховниот суд

Вестите во медиумите дека еден од кандидатите за претседател на Врховен суд „не го положил“ психолошкиот тест не се точни. Според професорката на Институтот, каде е извршен тестот, лице не може да го положи или да не го положи психолошкиот тест, туку само го пополнува истиот, додека Институтот дава мислење дали тоа лице е соодветно за одредена работа или...

Царовска: Наставниците ќе бидат моторот на промените

Наставниците ќе бидат мотор на оваа голема промена во образовниот систем, тие се наши главни партнери, а јас силно верувам дека со нивната посветеност ќе овозможиме подобро образование на нашите деца. Ова го кажа денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, на седницата на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, на која се одржа јавна расправа за...

Во петок јавна расправа во Собранието за новиот концепт за основно образование

Јавната расправа за новиот концепт за основно образование, која ја организира Собранието е закажана за во петок каде ќе се сублимираат сите мислења, а веќе потоа влегуваме во фазата на усвојување и подготовка на наставните програми коишто се клучни, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска. „Пред пратениците ќе имаме можност да ја презентираме концепцијата, гостите ќе имаат...

МОН: Граѓанскиот сектор оцени дека реформите се од најдобар интерес на учениците и наставниците

Добиваме огромна поддршка за предложената концепција за основното образование од граѓанските организации. Реформите се оценети дека се во најдобар интерес на учениците и на наставниците и со нив се јакнат основните граѓански вредности како што се: еднаквоста, инклузивноста, мултикултурноста и недискриминацијата, изјави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска по состанокот на Министерството за образование и наука, Бирото...

Во среда истекува рокот за предлози за новиот концепт за основно образование

Министерството за образование и наука потсетува дека до среда, 20 јануари секој има можност на електронската адреса [email protected] да доставува забелешки, коментари и предлозите за концепцијата којашто е објавена на веб страницата на МОН. Од министерството информираат дека досега се пристигнати значителен број на конструктивни предлози и коментари кои ќе бидат земени предвид. Оттаму додаваат дека министерката за образование и...

Анкета на МЦМС: Граѓаните се сомневаат во капацитетот на властите за спроведување ЕУ реформи без притисок

На крајот на годината, Владата го најави планот наречен Акција-21, за европски стандарди дома. Планот е одговор на блокадата за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, предизвикана од барањата на Бугарија. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма ги проверуваа ставовите на граѓаните за тоа дали властите имаат капацитет да спроведат дел од реформите без надворешен...

Пандемијата наметна промени во образованието како никогаш досега, средношколците бараа вклученост во носењето одлуки

Минатата година ова време никој не насетуваше дека образованието ќе се соочи со еден од најголемите предизвици досега. Со појавата на пандемијата со корона вирусот, минатогодишниот март беше клучната точка кога работите почнаа да се менуваат. Тогаш се затворија училиштата, градинките, па дури и факултетите. Беа забранети собири, наставата се пренесе на електронски алатки преку онлајн пристап, а студентите...

Докторите ќе можат да оперираат и во јавни и во приватни болници низ целата земја, најави Филипче

Со нова предлог измена на Законот за здравствена заштита, докторите ќе може по потреба да патуваат во друг град во државата за да пружат одредена здравствена услуга. Ова за Мета.мк го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека оваа новина е најкрупната реформа во здравството која се планира да се случи во 2021 година. „Законски, на секој доктор...

На час по интегриран предмет нема да влегуваат сите професори, туку секој професор ќе го предава својот дел

Интегрираните предмети нема да бидат предавани само од еден професор, односно на тој час нема да влегуваат тројца наставници по историја, граѓанско образование и географија. Секој од професорите ќе треба да го предава својот дел, односно секој ја предава лекцијата што припаѓа на неговата дисциплина, меѓутоа ќе треба да се договораат меѓусебно како тематски да предаваат одредена тема, со...

Биологија, хемија и физика споени во предметот Природни науки ќе се учат во одделни модули

Со новата концепција во основно образование наставниот предмет Природни науки во кој ќе се интегрираат предметите биологија, хемија и физика ќе биде застапен и ќе се изучува во текот на сите одделенија во основното образование, започнувајќи од прво заклучно со деветто одделение. Од седмо до деветто одделение пак, во овој предмет ќе се интегрираат содржините и наставните теми од...

Биро за развој на образованието: Учениците ќе учат историја, но на начин прилагоден на нивната возраст

Нема да дозволиме нашите ученици да не се стекнат со знаења од историја, географија или содржини од друга научна дисциплина, но тоа ќе биде на начин што ќе биде прилагоден на нивната возраст, начин кој ги руши строгите граници меѓу дисциплините и начин кој го претставува светот, процесите и појавите во неговата поврзаност и единство. Ова е ставот на...

Царовска: Со буџетот на МОН за 2021 предвиден е бесплатен студентски оброк, а стипендиите ќе се делат секој месец

Денеска на прес-конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска го презентираше буџетот за 2021 година предвиден за Министерството за образование и наука кој изнесува 31 милијарди и 100 милиони денари, што претставува зголемување за 1,1 милијарда во споредба со минатата година. „Најголемиот дел од средствата, над 90 проценти се насочени кон подобрување на образовниот систем и условите во кои...

Јашари: Има скромен напредок во исполнувањето на политичките критериуми за влез во ЕУ, но и натаму недостигаат реформи

Ако треба да се даде општа оценка или пресек на ситуацијата за демократските институции, владеење на правото, борбата со корупција, слободата на говор и медиумите во Р.С.Македонија за периодот кој беше предмет на нашето истражување во рамки на овој проект, општата оценка би била дека сме во скромна позитива во однос на претходниот период, ова го истакна извршниот директор...

Порталб: Странските експерти се повторно во земјава за да ја реорганизираат администрацијата

Реорганизацијата и оптимизацијата на органите на јавната администрација со цел да се намали бројот на институции и да се прецизираат нивните надлежности, се очекува да започне во јануари 2021 година и да заврши на 6 ноември. Проектот беше најавен во 2017 година, од претходниот министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, пишува „Порталб.мк“. Во јануари оваа година, Министерството за...

Ангеловска-Бежоска: Ова е прва криза во којашто првичниот одговор на Народната банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика

Oва е прва криза во која што првичниот одговор на нашата централна банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика, истакна гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гувернерската панел-дискусија на е-конференцијата „Ковид-19: влијанието врз економијата и политиките на централните банки“, организирана од Лондонската школа за економски и политички науки и Банката на Албанија. „На пример, за време на...

Шаќири-Галовеј: Британската амбасада со постојана поддршка во процесот на реформа на јавната администрација

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. На средбата, министерот Шаќири изразил задоволство од успешната соработка меѓу Британската амбасада и МИОА и за континуираната поддршка во процесот на реформа на јавната администрација, со оглед на тоа што британската експертиза и помош се од исклучително значење. „Воедно беше изразена благодарност...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...