fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

ЕУ ни го чисти ѓубрето од нелегалните депонии во општините во Источна Македонија

Најголемиот проект за чистење на нелегалните депонии во моментов се спроведува во македонските општини од Источниот и Североисточниот регион. Со финансиски средства од ЕУ, државата во моментов се занимава со чистење на создадениот отпад во неколку градови. Па така, во Пробиштип се затвораат 22 создадени ѓубришта, во Берово се затвораат 11 вакви локации, додека во Виница се затвораат 3...

Ковачевски е директно одговорен за владеење на правото

Премиерот Димитар Ковачевски целосно се амнестира од одговорноста за владеење на правото што е необјасниво и недоследно. Ако некој е прв во редот на одговорните, покрај другите во државата, тогаш тоа е и претседател на влада, кој е задолжен исто така како и други чинители, за владеење на законите и почитување на правото, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...

ЕУ ќе ги услови милијардите евра нова помош за земјите од Западен Балкан

Земјите-членки на ЕУ се подготвени да дадат поддршка за Планот за економски раст за Западен Балкан во висина од над 6 милијарди евра, но бараат од земјите во регионот напредок во владеењето на правото и ускладеност со надворешната политика на ЕУ, јавува Радио-телевизија Србија по консултација со дипломатски извори од Брисел. Покрај напредокот во владеењето на правото и вклучувањето на...

Невладините реагираат на измените во законот за отпад во полза на загадувачите

Невладините организации Гоу Грин и коалиција 02 реагираат на четирите предлог-измени во законите за отпад кои се доставени до Собранието на РСМ во скратена постапка. Тие реагираат на измените што се предлагаат во законите за управување со отпад, кои во пакет беа донесени од парламентот во септември 2021 година. Предлозите доаѓаат од ДУИ, ЛДП, ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за животна...

Белгиското претседателство: Искуството на преден план

Во јануари 2024 година Претседателството на ЕУ го презема искусната земја основач – Белгија, која била и прв претседавач со Унијата. Наспроти ваквото досије, нејзините граѓани, според испитување на јавното мислење не се многу оптимистички расположени за резултатите од Претседателството. Само 15% сметаат дека нивната земја може на подобро да ги смени работите во Унијата, а повеќе од половината...

Тендерот пропадна, Битола ќе почека за пречистителна станица за отпадни води

Пропадна тендерската постапка за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Битола, кој беше распишан пред една година и требаше да отпочне да се изведува годинава. Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Мета.мк информираат дека компаниите кои учествувале на тендерот доставиле понуди кои биле над проектираниот буџет. Инаку, проектот за изведба на битолската пречистителна станица е...

ЕУ со порака: На регионалните депонии да работите и воздухот да го прочистите

С.Македонија годинава постигнала ограничен напредок во поглавјето Животна средина и климатски промени, потенцираат од Европската комисија во најновиот Извештај за земјава. Минатогодишните препораки се делумно исполнети, а во нареднава година треба особено да се работи на три точки. Од Европската комисија бараат наредниве месеци да се искористат за оспособување на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот...

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ

Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за напредокот на С.Македонија на...

Посетата на фон дер Лајен – реплика на пораките од Тирана

Станува веќе традиција пред објавувањето на годишниот пакет за проширувањето претседателката на Комисијата да го обиколи регионот на Западниот Балкан. Оваа година тоа се случува непосредно по одржувањето на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Она што оваа есен како „крупен залак“ го носи во регионот највисоката претставничка на Европската комисија е новиот План за раст на Западниот Балкан. Барем...

Македонски железници ќе добијат конкуренција – и приватници ќе возат по нашите пруги

Најголемиот државен загубар и единствена компанија која во моментов сообраќа по македонските пруги - Железници на РСМ Транспорт во иднина ќе добие конкуренција од приватни оператори. Во Собранието на РСМ во моментов по скратена постапка се усвојуваат предложените измени и дополнувања на Законот за железнички систем, со кој ќе се стави крај на државниот монопол во железничкиот сообраќај во...

Утре е денот „Д“ за функционерите – почнуваат да се применуваат пониските казни од Кривичниот законик [инфографик]

Од утре почнуваат со примена измените во Кривичниот законик (КЗ), кои беа изгласани во Собранието за експресно време, по скратена постапка и со европско знаменце, без јавна дебата. Со измените, меѓу другото, се предвидуваат пониски казни за дела поврзани со злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. Обвинителите, судиите, адвокатите, сè уште се обидуваат да протолкуваат...

Веројатноста за проширување на ЕУ до 2030 е мала

Говорот на претседателот на ЕУ Шарл Мишел на Бледскиот стратешки форум повторно ја разбранува веќе разочараната јавност во Западниот Балкан, откако кажа дека и „двете страни“ до 2030 година мора да бидат подготвени за проширување. Додуша, не ја дефинираше втората страна – дали сите кандидати, сите потенцијални кандидати, дали Западен Балкан или и источно соседство. И додуше – не...

За една недела матичните лекари препишале 5.400 рецепти за хронична терапија

За една седмица, со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија. Ова е дел од новините во примарната здравствена заштита, со која се овозможува терапијата која досега ја препишуваа специјалисти, сега да ја препишуваат матичните лекари. „Станува збор за суштинска новина со која се...

Таму кај што најмногу треба, недостига кадар и опрема за справување со климатските промени

Поплави со материјални штети и жртви поради силни дождови, суши и продолжени топлотни бранови кои ги уништуваат посадените земјоделски површини и родот на земјоделците, шумски пожари кои уништуваат огромни пространства со дрвја, појава на подзаборавени тропски болести, пропаднати туристички сезони кај скијачките центри поради недостиг на снег и ниски температури се само еден дел од последиците предизвикани од климатските...

Терапија за астма, дијабетес и притисок ќе препишува матичен лекар

Нема да има потреба од закажување на специјалист само за да се препише терапија. Променет е режимот на препишување лекови, па матичните лекари ќе препишуваат повеќе лекови за контрола на крвниот притисок, дијабетес, астма и хипотироидизам. Ова денеска го истакна д-р Злате Мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна здравствена заштита. Тој заедно со министерот за здравство Фатмир Меџити, ги претставија...

Современи депонии најпрво ќе добијат Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион

Во октомври 2024 година се очекува да започне изградбата на современите регионални депонии за Полошкиот регион, која треба да се гради кај Русино, Гостивар и за Југозападниот и Пелагонискиот регион што ќе биде лоцирана на дел од површината на досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ во битолско Новаци. Во моментов се подготвува тендерската документација за претстојните четири меѓународни тендери - по...

Објавена финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција

Министерството за животна средина и просторно планирање ја објави финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција, долгоочекуван правен акт што треба на земјава да ѝ даде насоки и да постави цели во напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови, како и за адаптација и градење отпорност кон климатските промени. С. Македонија постави високи цели со прифаќањето на обврските од...

Сто милиони евра поддршка од ЕУ за реформи во земјава

Сто милиони евра макрофинансиска поддршка за РС Македонија денеска е одобрена од страна на ЕУ, која претставува поддршка на патот кон членство во блокот, поддршка за реформите и, најзначајно, поддршка на политиките во време на криза, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими. „Тоа се 100 милиони евра, со кои ЕУ го поддржува планот на земјата во справување со енергетската криза...

Ја уништуваме природата: Лани пораст на испуштените непречистени отпадни води [инфографик]

Пречистителните станици во дел од македонските општини лани не си ја вршеле својата дејност во континуитет. Ова е заклучокот од најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за 2022 година, кои покажуваат алармантен пораст на отпадните води кои непречистени се вливаат во реките, езерата, подземните води и акумулациите во Македонија. За само една година, процентот на непречистени отпадни води...

Земјава го потпиша Договорот за партнерство во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“ со ЕУ

Во Брисел денеска беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012- 2027)“, информираат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Договорот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската комисија. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу им се заблагодари на ЕУ...

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...