fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Герберих: Владата и опозицијата да ја спроведат волјата на населението за излез од чекалната на ЕУ и НАТО

Со преку 91 отсто од гласовите „за“, гласачите во Македонија јасно гласаа за европскиот пат и за понатамошната ЕУ и НАТО перспектива на својата земја. Иако, за жал, само 37 проценти од официјалната бројка на гласачи учествуваа на референдумот и со тоа не се постигна официјалниот кворум, рече германскиот амбасадор Томас Герберих по повод Денот на националното единство. - Но,...

Димитров: Собранието треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот

Собранието треба да реши дали ќе ја следи волјата на народот, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната дебата „Билатералното на Балканот: Регионалните импликации на билатералните спорови“, организирано во рамки на Форумот за граѓанско општество Скопје 2018. - Излезноста на референдумот беше близу 37 проценти и иако имаме Изборен законик кој предвидува цензус, сепак 609 илјади граѓани кажаа...

Уште од 2008 година за ВМРО-ДПМНЕ успешен референдум е мнозинство од излезените граѓани

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров на „Фејсбук“ објави неколку конкретни ставови околу референдумското изјаснување кои ги оценуваме како вистинити, пишува „Вистиномер“. Димитров на својот „Фејсбук“ статус посочува дека во програмата на ВМРО- ДПМНЕ на страница 295 е запишано дека: „референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, а не мнозинство од запишаните...

Обвинителство: На референдумот регистрирани 40 нарушувања

Јавното обвинителство на Република Македонија денеска ја објави информацијата за привремената комисија што ги  следеше нерегуларностите и инцидентите во кампањата и на денот на референдумот. Вкупно се регистрирани 40 нерегуларности, а од нив еден случај е во текот на кампањата, за повик за поткуп на гласачи на подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје. Нерегуларности на денот на референдумот не се регистрирани...

Хан: Не нови избори, туку градење двотретинско мнозинство во парламентот

Нови избори во Македонија ќе бидат одолговлекување на патот кон почетокот на преговорите со ЕУ, порачува комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан за австрискиот весник „Куриер“, велејќи дека го советувал македонскиот премери Зоран Заев да не свикува вонредни парламентарни избори, туку да изгради двотретинско мнозинство во Собранието кое би го поддржало Договорот со Грција. -Новите избори ќе бидат одолговлекување...

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 200 кривични пријави за нерегуларности на референдумот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски информираше дека Централниот комитет на синоќешната седница ги потврдил заклучоците од седницата на Извршниот комитет, за разрешување на јавниот обвинител и избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, формирање на Анкетна комисија во Собранието која ќе ги истражи сите нерегуларности во врска со референдумот и почитување на законот за Влада и за избори...

„Еуромакс ресоурсис“: Користењето на референдумот да се оцрни рудникот е нечесно

Компанијата „Еуромакс ресоурсис“ концесионер на рудникот за бакар и злато на локалитетот Иловица, реагира на изјавите на претставниците на еколошките иницијативи кои велат дека неисполнетите ветувања за рудниците се причина за слабата излезност во Босилово и Ново село на референдумот. „Во име на активности за заштита на човековата средина, одредени еколошки здруженија и активисти ги злоупотребуваат политичките случувања во државата...

Не работевме против референдумот, го демантираат Коѕиас двете крила на БЕСА

И двете крила на движењето Беса реагираа на изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас дека движењето БЕСА водело кампања против референдумот, порачувајќи дека тоа не е точно, јави „Порталб“. - Помалите албански партии, како партијата БЕСА, за која турскиот печат вели дека е финансирана од Турција, повика на бојкот на референдумот. Нашите граѓани треба да се запрашаат...

Захарова: Западните земји по секоја цена сакаат да ја внесат Македонија во НАТО

Западот, како и досега, се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовниот неделен брифинг во Москва. Како што пренесува ТАСС, Захарова изјавила дека „очигледната цел на западните земји е по секоја цена да ја внесат Македонија во НАТО“. Позицијата на Русија,...

Кумуцакос: Преспанскиот договор може да биде штетен за Грција

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос оцени дека Преспанскиот договор не дава добро, конечно и интегрално решение и дека може да биде штетен за Грција. Во интервјуто за „Политика“, Кумуцакос, вели дека Нова демократија се залага за членство на Скопје во ЕУ и НАТО, но дека не се подготвени да прифатат било какво решение. -Преспанскиот...

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Охрид, каде што учествува на научна конференција за идниот економски развој на Македонија што ја организира МАНУ. - Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира...

Или брзо обединување или дополнителна агонија и разнебитување, велат ВМРО-Демократска фракција

Поради немање единствен став по однос на одржаниот референдум сегашното раководство на ДПМНЕ го доподели членството, велат од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција, Од таму велат дека во интерес на партијата и на иднината на државата е дојдено време да си подадат рака и дека е време за надградба на домашниот и меѓународен кредибилитет на државата и партијата. „Секое тактизирање околу брзата реконструкција...

Oсмани: Имаме обврски во Собрание да ја спроведеме волјата на граѓаните

Имавме исклучително важен референдумски процес во државата, во која над 600 илјади граѓани изразија јасна политичка волја за имплементација на Договорот од Преспа. Имаме обврска да ги искористиме сите можности и овој Договор да го имплементираме во Собранието, нагласил вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба во Тирана со Сојузната министерка за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија, Карин...

ВМРО-ДПМНЕ: Оставки на Заев, Спасовски и Царовска за фер предвремени избори

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ биле прифатени предлозите на претседателот на партијата Христијан Мицкоски за формирање Анкетна комисија во Собранието која би ги истражувала нерегуларностите и неправилностите на референдумот, како и барање за разрешување на Јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Како што информираше ноќеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жа пратеничката група е единствена во ставот дека не...

ИО на СДСМ: Предвремени избори веднаш ако Договорот не помине во Собранието

На седницата на Извршниот одбор на СДСМ синоќа било едногласно заклучено дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. „Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи...

Вечерва ќе заседаваат Извршниот одбор на СДСМ и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот одбор на СДСМ вечерва ќе заседава за да ја разгледа ситуацијата по референдумот и да ги утврди следните чекори како и да расправа за можните предвремени парламентарни избори. Истовремено и ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи седница на Извршниот комитет на партијата на која ќе се разгледува актуелната ситуација. Утре се очекува седница да има и Централниот комитет на најголемата...

Бошњаковски: Примарна цел на Владата е да обезбеди двотретинско мнозинство

Собранието и сите политички партии треба да ја следат волјата на граѓаните искажана на референдумот. Процесот во моментот е во Собранието и интенцијата е да се обезбеди двотретинско мнозинство, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на прес-конференција во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со информациите објавени во некои медиуми дека нема да има средба меѓу премиерот Зоран Заев...

ЦДУ/ЦСУ: Опозицијата да не блокира зашто ризикува долготрајна изолација на земјата

Со над 91 процент од гласовите „за“, гласачите во Македонија дадоа огромна поддршка за европскиот пат и за поголема перспектива на нивната земја во ЕУ и НАТО, порача заменик-претседателот на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Давид Ваделул. Владејачката германска ЦДУ/ЦСУ смета дека опозицијата не смее да ја блокира перспективата на Македонија за НАТО и ЕУ. Предупредуваат дека...

Собранието да се произнесе за уставните амандмани, велат од француското МНР

Собранието сега треба да се произнесе за уставните амандмани во врска со спроведувањето на Спогодбата со Грција, а врз основа на резултатот од референдумот, се вели во изјавата на портпаролката на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил. „Гласачкото тело на Поранешната Jугословенска Република Македонија имаше можност на 30 септември да гласа на референдум за...

Мицкоски си поигрува со полускриен шовинизам и лажни бројки

Христијан Мицкоски, лидерот на главната опозициска партија кој пасивно повикуваше на бојкот, а на денот на гласањето и активно го промовираше, во својот триумфализам по објавувањето на резултатите од референдумот настапи со извртени вистини и со доза на прикриен шовинизам кој покажува дека Македонците не се тие кои што гласале на овој референдум „за“, пишува „Вистиномер“. Во обраќањето до јавноста...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...