fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Меркел подготвена на отстапки во интерес на останувањето на Велика Британија во ЕУ

Челниците на Европската унија можеби ќе мораат да разговараат за измени на договорите за да се спроведат реформите што ги бара Велика Британија пред одржувањето на референдумот за останување или излегување од ЕУ, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел во интервју за „Би-Би-Си“. „Ако тоа навистина е потребно, ќе мораме да размислиме“, вели Меркел во одговор на прашањето дали ќе се изменат договорите...

Британија до крајот на 2017 година ќе се изјасни за членството во ЕУ

Велика Британија ќе одржи референдум за членството во ЕУ до крајот на 2017 година, изјави денеска кралицата Елизабета Втора, изнесувајќи го законодавниот план на новоизбраната влада во парламентот. - Ќе биде донесен закон кој би обезбедил референдум за членството во Европската унија пред крајот на 2017 година. Мојата влада ќе преговара за односот на Обединетото Кралство со Европската унија и...

Референдум во Ирска за легализација на истополовите бракови

Гласачите во Република Ирска денеска на референдум ќе се изјаснат за легализирање на истополовите бракови. Повеќе од 3,2 милиони граѓани ќе имаат можност да одговорат на прашањето дали сакаат да се измени уставот со што би се овозможило склучување брак меѓу лица од ист пол. Гласачките места ќе бидат затворени во 22 часот, а броењето на гласовите ќе почне утре наутро. Референдумот...

ГТЦ да се прогласи за културно наследство, бараат активистите

По неуспешниот референдум, активистите од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ не се откажуваат од борбата. Тие планираат низа активности за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар. Прва е прогласување на ГТЦ за културно наследство. - За ГТЦ да се прогласи за културно наследство и да добие некаков сптен на заштита, ќе треба да се одвојат финансии од буџетот за да се...

Твитерџиите разочарани, бараат „план Б“ за спас на ГТЦ

Социјалните мрежи се преполни со пораки на разочарување поради неуспешноста на референдумот за зачувување на автентичноста на изгледот на Градскиот трговски центар. Дел од твитер-заедницата сè уште не може да поверува дека битката против барокното решение за ГТЦ не успеа и се надева дека постои „план Б“ за спас на објектот. Сега прашањето е што понатаму? Има ли план Б? #ГоСакамГТЦ — Biljana...

Референдумот не успеа, но Жерновски нема да го даде ГТЦ

Пропадна референдумот во општина Центар за изгледот на Градски трговски центар. Според податоците на градоначалникот Андреј Жерновски, околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи го искористиле своето право на глас, што е за 10 отсто помалку од неопходниот цензус за успешност на рефердендумот. Жерновски вечерва на прес-конференција им се заблагодари на центарци кои излегле на референдумот и гласале за спас...

„Мост“: До 17 часот на референдум излегле 34,55 отсто од гласачите

Според податоците добиени од ПВТ-програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 15 часот е 29,61 отсто, до 16 часот е 32,21 отсто, а до 17 часот е 34,55 проценти, соопштија од Граѓанската асоцијација „Мост“. Од невладината организација наведуваат дека забележани се нови неправилности на гласачките места. Според податоците на „Мост“, на гласачкото место 2.830 на улица Ѓуро...

„Цивил“: МТВ не информира и го игнорира референдумот

Невладината организација „Цивил“ е револтирана од начинот на кој јавниот сервис МТВ и одредени приватни медиуми го покриваат референдумот во Општина Цантар за изгледот на Градскиот трговски центар. „Со разочарување можеме да констатираме дека огромен дел од приватните медиуми кои се под контрола на власта, целосно го игнорираат референдумот. Ако тоа и може да се објасни со ставот на власта,...

„Мост“: 26,15 отсто од жителите на општина Центар гласале до 14 часот

Вкупно 26,15 отсто од жителите на општина Центар со право на глас излегле да се изјаснат на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар, соопшти Граѓанската асоцијација „Мост“. Набљудувачите на „Мост“ на теренот забележале нови неправилности на неколку на гласачки места. На гласачкото место 2.802 во ДСУ „Панче Караѓозов“, гласач ја затворил вратата од гласачкото место и не ги пуштал...

„Мост“ регистрирала неколку неправилности на референдумот

Вкупно 10,29 отсто од 43.560 жителите на општина Центар излегле на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар, соопшти Граѓанската асоцијација „Мост“, која го набљудува изјаснувањето со 107 набљудувачи. Граѓанската асоцијација, исто така, соопшти дека на неколку гласачки места се регистрирани неправилности. На гласачкото место 2.809, на улицата Народен фронт, осум гласачки ливчиња биле откинати заедно со делот кој треба да остане на...

ДИК: До 10 часот гласале 5,56 отсто од избирачите

Вкупно 2.420 граѓани до 10 часот наутро излегле да гласаат на референдумот во општина Центар за изгледот на ГТЦ, соопшти Државната изборна комисија. Право на глас имаат 43.546 граѓани, кои требаат да гласаат во 78 избирачки места. Според податоците на ДИК, излезноста до 10 часот изнесува 5,56 проценти. Граѓаните на референдумот треба да одговорат на прашањето „Дали сте за да се...

Центарци се собраа да го гушнат ГТЦ пред референдумот в недела

Неколку стотини граѓани вечерва се собраа пред Градски трговски центар(ГТЦ) на концерт и на „големо гушкање“ на ГТЦ, пред референдумот кој ќе се одржи в недела, а на кој граѓаните на општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на овој објект. Настанот е организиран во рамките на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ и е последна активност пред референдумскиот молк, кој стапува на...

По ГТЦ, Центар планира референдум и за паркиралиштата

По завршувањето на првиот референдум за зачувување на автентичниот изглед на Градски трговски центар, јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар (ПОЦ)“ планира да покрене иницијатива за втор референдум за да ги преземе сите паркиралишта во Центар, дури и тие со кои сега стопанисува јавното претпријатие „Градски паркинг“, кое е под капата на Град Скопје. „Во изминатите неколку недели, директорот Саша Богдановиќ...

СДСМ: 83 отсто од центарци ќе излезат и ќе гласаат за спас на ГТЦ

Граѓаните на општина Центар, во огромен број сакаат да се задржи автентичниот изглед на Градски трговски центар (ГТЦ) и според најновата анкета, 83 отсто од граѓаните се изјасниле дека ќе излезат на референдум в недела и ќе гласаат за задржување на изгледот на ГТЦ, изјави денеска претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. - Од ова се...

Молкот за референдумот за ГТЦ почнува денеска на полноќ

Четириесет и осум часа пред почетокот на референдумот за изгледот на Градскиот трговски центар треба да заврши објавувањето на јавната прoпаганда, за разлика од 24 часа кои важат за партиите за време на избори. Новинарите смеат да објавуваат текстови поврзани со ГТЦ, но не и со референдумот или со тезата што ја застапува овластениот предлагач. Во член 12 од Законот...

Центарци со хитови од шеесеттите се забавуваа на корзото за ГТЦ

Неколку стотини граѓани вечерва се собраа на корзото во паркот Жена-борец, настан во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, чија цел е да ги мотивира граѓаните во општина Центар да излезат на претстојниот референдум на кој ќе се одлучува за изгледот на Градскиот трговски центар. На неколку штандови, поставени во паркот, се собираа донации за спас на ГТЦ. Присутните граѓани на...

Од денеска почнува увидот во Избирачкиот список

Од денеска жителите на општината Центар ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список. Проверката ќе можат да ја направат со валиден документ за идентификација во барака 1, соба број 10 во Општината Центар. Работното време е од 8.30 до 19 часот. Оние граѓани кои се заведени во Избирачкиот список ќе можат да гласаат на референдумот за изгледот на...

Референдум-мода: Многу обиди, еден успешен

За 24 години самостојна држава и покрај бројните обиди, досега во Македонија има еден успешен референдум на државно и еден на локално ниво и една граѓанска иницијатива за референдум на општинско ниво, но и таа беше неуспешна... Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар се сретна со Никола Рилковски, претседателот на Државната изборна комисија, и со Дарко Алексов од МОСТ, во врска со...

Активисти ќе им објаснуваат на граѓаните зошто треба да гласаат на референдумот за ГТЦ

Членовите на граѓанската иницијтива „Го сакам ГТЦ“ ќе организираат форуми, прошетки низ Градскиот трговски центар, изложби на стари фотографии за да допрат до секој граѓанин и да објаснат зошто е важно да излезат на референдум и да се изјаснат на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на ГТЦ?“, пишува „Нова ТВ“. - Во овие 20...

Почнаа подготовките за спроведување на референдумот во Центар

Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, денеска до Државната и Општинската изборна комисија (Центар) испрати барање за спроведување референдум за Градскиот трговски центар. Во барањето пишува дека ДИК и ОИК  треба да го подготват и спроведат референдумот во согласност со законската регулатива. Од Општината велат дека ќе ги обезбедат сите потребни технички, просторни и други услови за работа. Околу деталите за...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...