fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Жителите на Тафталиџе со референдум ќе го бранат паркот

Жителите на Тафталиџе ќе побараат од Советот на општина Карпош одржување на референдум во месна заедница Тафталиџе 1, за да се докаже дека граѓаните не сакаат зграда на местото на паркот. - Граѓаните мора да се послушаат за нивното уставно право за здрава животна средина. Планираме утре да упатиме повик до Советот на општината, да се направи референдум за месна заедница...

Орбан: Претстои цунами од референдуми за мигрантите

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека уште најмалку три европски држави, Чешка Полска и Словачка ќе го следат примерот на Будимпешта во настојувањето да се отфрлат квотите за задолжителен прием на мигранти. - Доколку референдумот во Унгарија во октомври биде успешен, тоа би можело да доведе до цунами од референдуми ширум Европа и дополнително пукање на унијата – рече Орбан. Тој...

Италија: Протести поради градење џамија кај „Кривата кула“ во Пиза

Повеќе стотини лица ја потпишаа петицијата против градење џамија во близина на „Кривата кула“ во Пиза, што значи дека на референдум ќе се одлучува дали храмот ќе биде граден. Во текот на вчерашниот ден се собрани 1.800 гласови против градење џамија, што е доволно за гласање за градбата. Потпретседателот на комитетот против градење на новата џамија, Џанлука Гамбини рече дека нема...

Британија го именуваше амбасадорот во Франција за нов претставник во ЕК

Велика Британија го именуваше својот актуелен амбасадор во Франција, Џулијан Кинг, за нов претставник на земјата во Европската комисија, јавуваат светските агенции. „Сер Џулијан Кинг е искусен дипломат, кој има особено искуство во европските работи и премиерот Дејвид Камерон смета дека тој ќе претставува значајно засилување во комисијата“, соопштиле од кабинетот на Камерон. Кинг во ЕК доаѓа на местото на Џонатан...

Тереза Меј и Андреа Лидсам, единствени кандидатки за премиер на Велика Британија

Велика Британија повторно ќе има жена премиер, првпат по Маргарет Тачер, откако во трката за нов лидер на Конзервативната партија останаа две жени, министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, и министерката за енергетика, Андреа Лидсам, јавуваат британските медиуми. На денешното гласање, Меј добила 199, а Лидсам 84 гласови, додека од трката, со 46 освоени гласови, излегол министерот за правда, Мајкл...

На 2 октомври Унгарците на референдум ќе се изјаснат за пропишаните квоти за бегалци

На 2 октомври годинава, Унгарците на референдум ќе треба да се изјаснат дали ги поддржуваат задолжителните квоти за прифаќање бегалци во нивната земја, кои се пропишани од Европската Унија. Референдумот е инициран од владата, а во соопштението од кабинетот на претседателот на државата, Јанош Адер, се наведува дека граѓаните ќе треба да одговорат на прашањето „Дали сакате ЕУ да наредува...

Бачев побара од Собранието да распише референдум за членството на Македонија во ЕУ

Партијата Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Собранието ја поднесе претходно најавената иницијатива за распишување „консултативен референдум за членство на Македонија во Европската Унија“. Како што посочи претседателот на НДМ, Јанко Бачев, иницијативата што ја поднесуваат опфаќа две фази, односно Собранието само да распише референдум според член 20 од Законот за референдум, а доколку не го стори тоа, партијата...

Владата донесе одлука ГТЦ да добие барокна фасада

Владата донесе одлука Градскиот трговски центар (ГТЦ) да добие барокна фасада, јави телевизија „Телма“. Одлуката за продолжување на изградбата на проектот „Скопје 2014“, во чии што рамки е и измената на ликот на ГТЦ, е објавена во „Службен весник“. Општина Центар лани во април распиша референдум за изгледот на Градски трговски центар, но тој не успеа, бидејќи околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи...

Масовни протести во Лондон, демонстрантите бараат останување во ЕУ

Неколку илјади демонстранти маршираа денеска во централниот дел на Лондон во знак на протест поради резултатите од реферндумот што се одржа минатата недела, а по кој Велика Британија треба да излезе од Европската Унија. Најголем дел од учесниците на протестот беа облечени во сино, односно во боите на знамето на Европската Унија, кое дел од нив го носеа на себе. Тие порачаа дека...

Оланд е против организирање референдум за членството на Франција во ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјавил дека е против организирање референдум околу членството во Европската Унија, по примерот на Велика Британија, пренесува хрватскиот национален сервис ХРТ. Оланд, во врска со ова прашање, додал дека претседателските избори, закажани за следната година, ќе бидат можност гласачите да одлучат каква европска политика сакаат. Во Франција, како што пренесува ХРТ, сè погласни се повиците за референдум за...

Сорос предвидува дека Брексит ќе ја турне економијата во криза како во 2008 година

Одлуката Велика Британија да ја напушти Европската Унија предизвика криза на финансиските пазари слична на глобалната финансиска криза од 2007 и од 2008 година, изјави денеска американскиот милијардер Џорџ Сорос, во обраќањето во Европскиот парламент во Брисел. - Кризата се случува забавено, но Брексит ќе ја разгори. Веројатно ќе се зголемат дефлаторните притисоци кои веќе преовладуваат – изјавил Сорос, а...

Холандскиот парламент рече „не“ за референдум за членството во ЕУ

Парламентот на Холандија денеска со големо мнозинство гласови ја отфрли иницијативата за организирање референдум за иднината на земјата во Европската Унија. Предлогот за одржување референдум за излез на Холандија од ЕУ го поднесе лидерот на десничарската популистичка Партија на слободата, Герт Вилдерс, кој по одлуката на Британците да ја напуштат Унијата вети дека ако следната година биде избран за премиер, ќе...

Камерон: Ние одлучуваме за почетокот на раздолжувањето

Суверено право на Велика Британија е самостојно да одлучи кога ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, рече британскиот премиер Дејвид Камерон на правата седница на претставничкиот дом во британскиот парламент, по референдумот за излегување од Европската Унија. Камерон истакна дека ваквиот исход од парламентот е далеку од тоа што тој го посакувал, но резултатите треба да се почитуваат...

Грчката влада загрижена за влијанието на Брексит на финансиската и на бегалската криза

Грчката влада не ја крие вознемиреноста од резултатите на британскиот референдум, со кој Британија ја напушта Европската Унија. Овој нов момент и проблем во Унијата во Грција сметаат дека ќе создаде индиректно и големи проблеми за грчката економија и за бегалската криза, бидејќи сите напори на ЕУ ќе се префрлат на друг терен. Грчкиот министер за финансии, Евклидис Цакалотос, говорејќи...

Могерини: На ЕУ ѝ е потребна нова стратегија

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, денеска на земјите членки на Унијата им ја испратила новата глобална стратегија на ЕУ за надворешна политика и за безбедност. Таа формално ќе ја претстави стратегијата на самитот на ЕУ, кој ќе се одржи оваа недела во Брисел. Стратегијата, подготвена и елаборирана од Могерини, како што е наведено,...

Министрите на ЕУ ја повикаа Британија што е можно поскоро да излезе од Унијата

Шефовите на дипломатиите на шесте земји членки основачи на Европската Унија денеска по состанокот во Берлин со заедничка изјава порачаа дека очекуваат од владата на Велика Британија што е можно поскоро да се изјасни и да ја спроведе одлуката од референдумот за излез од ЕУ. „Одредбите од Лисабонскиот договор (членот 50) предвидуваат одредена постапка во процесот на заминување. Ние сме подготвени...

Повеќе од 800.000 Британци ја потпишале петицијата за нов референдум

Повеќе од 800.000 Британци досега ја потпишале петицијата за одржување на нов референдум за членството на Велика Британија во Европската Унија, јавуваат британските медиуми. Петицијата за втор референдум беше иницирана вчера, неколку часа откако резултатите од гласањето во четвртокот покажаа дека повеќето граѓани се изјасниле за напуштање на ЕУ. Сите петиции што ќе добијат повеќе од 100.000 потписи мора да бидат разгледани...

Попоски за Брексит: Македонија изгуби поддржувач во процесот на проширување на ЕУ

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, рече дека со Брексит, ЕУ ќе изгуби значајна земја членка, пренесува „Прес 24“. „За Балканот и за Македонија тоа значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширувањето на Унијата. Очигледно е дека треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит...

Лавров: Брексит е внатрешна работа на британскиот народ

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека резултатот од референдумот за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија е внатрешно прашање на земјата. - Тоа е внатрешна работа на британскиот народ. Тоа е нивна волја и тие самите си одлучија – одговори Лавров на новинарско прашање за референдумот во Велика Британија. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, рече дека...

Камерон најави оставка, Шкотска и Северна Ирска размислуваат за отцепување

Дејвид Камерон утрово соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер до октомври, откако граѓаните на Велика Британија изгласаа земјата да ја напушти Европската Унија. Во говорот по одлуката на Британците за Брексит, Камерон рече дека волјата на британскиот народ мора да се почитува и оти тоа е упатство што мора да се почитува. Тој рече дека треба да се избере нов...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...