fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Советот за етика во медиумите и ЗНМ го осудија инцидентот во Општина Ново Село

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осуди вчерашниот инцидент во кој екипа на струмичката телевизија „Канал Вис“ била спречена да ја следи јавната седница на Советот на Општина Ново Село од градоначалникот и од советник во општината и ѝ биле упатени навреди и недолични зборови. Советот за етика повикува да се преземат неопходни мерки за расчистување на ваквите настани,...

На референдум во Дојран денеска ќе се решава за рудникот Казандол

Жителите на Дојран денеска на референдум ќе се изјаснат дали се согласуваат или се против рудникот Казандол да продолжи со работа. Дојранчани ќе се изјаснуваат по две прашања, дали се за или против стопирање на работата на рудникот Казандол и дали се за или против отворање на други рудници на територијата на нивната општина. Право на глас имаат 2.747 граѓани кои...

Во Дојран утре ќе се одржи референдум за рудниците Казандол и Башибоз

Дојранчани утре ќе излезат на референдум на кој ќе гласаат дали се „за“ или „против“ отворање рудници на територијата на нивната општина. Тие стравуваат дека рудникот Казандол, но и потенцијалното отворање на Башибоз на планината Беласица, се еколошка закана по земјоделството, туризмот и за Дојранско Езеро. Досега, референдуми се одржаа во Гевгелија и во Богданци, каде што жителите се изјаснија против отворање рудници,...

Референдумот за рудникот Казандол во Валандово ќе се одржи на 20 август

Советниците на општина Валандово денеска на итна седница со осум гласови „за“, одлучија на 20 август да се спроведува референдум на кој жителите од оваа општина ќе се изјаснуваат за продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс Казандол, но и дали да се отворат или не нови рудници за метални минерални суровини. На седница повторно не беа присутни најголемиот...

Блокирана одлуката за референдум во Валандово – се вмеша градоначалникот

Градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски, го запрел објавувањето на одлуката на Советот на Општината за распишување локален референдум околу продолжување со работа на рудникот Казандол и други рударски комплекси на територијата на општината и со тоа ефективно го блокираше и одржувањето референдум. Како што извести граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“, која ја објави одлуката на својата фејсбук-страница, Чурлиновски го запира...

Во Валандово ќе има референдум за рудниците

Советот на Општина Валандово на вонредна седница го прифати барањето за референдум на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ и едногласно ја донесе одлуката за негово распишување. На ред е потпис од градоначалникот Николче Чурлиновски по што, во рок од 40 дена, би се одржал и референдумот. На референдумот граѓаните на општина Валандово ќе се изјаснат дали се за или против продолжување...

ОМД: Мора да се заштитат името и идентитетот

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) порача дека континуирано ги поддржува напорите на Република Македонија за влез во ЕУ и во НАТО, но не по цена на промена на името. Проблемот за спорот оваа организација на иселениците го гледа во Грција. „Со децении, Грција е главната пречка во барањата на Македонија за поголема регионална стабилност и безбедност. Низ годините, Македонија докажа дека...

ОН нема да го набљудуваат курдскиот референдум во Ирак

Обединетите нации нема да се мешаат во референдумот за независност на автономниот курдски регион на северот на Ирак, планиран за 25 септември, соопшти денеска светската организација. Соопштението на специјалната мисија на ОН во Ирак може да отвори сомнежи за веродостојноста на гласањето, што веќе предизвика критики од централната влада во Багдад и од неколку западни земји. Претседателот на курдскиот регион, Масуд Барзани, минатата...

„Спас за Валандово“ почнa со блокади поради нераспишувањето референдум

Активистите од иницијативата „Спас за Валандово“ денеска со блокада на клучката Валандово - Пирава - Марвинци побараа општинските власти да закажат седница на која ќе се донесе одлука за референдумско изјаснување против рудникот Казандол. „Спас за Валандово“ инсистираше седница на Советот на Општина Валандово да се одржи вчеравчера, за да може на 9 јули да се одржи референдумот, но претседателката...

Градоначалникот на Дојран не ја потпишал одлуката за одржување референдум

Градоначалникот на Општина Дојран, Борче Стамов, не ја потпишал одлуката што едногласно ја донеле советниците на општината за одржување референдум за рудникот Казандол, кој требаше да се одржи на 18 јуни. „Откако на 15 мај заврши мандатот на локалната власт, јас немав право да потпишам никаква одлука за референдум затоа што роковите за одржување на референдумското изјаснување на граѓаните на...

На референдумот во Богданци граѓаните гласаа против работата на рудникот Казандол

Повеќе од 98 проценти од граѓаните што гласале на референдумот во Општина Богданци, се изјасниле против работата на рудникот Казандол и против отворање други рудници на територијата на нивната општина. Излезноста на реферндумот била 61 проценти од гласачите. На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на 18 јуни, а постапка за организирање референдум во тек е и...

Во Богданци утре ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Граѓаните на Оштина Богданци утре на референдум треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ изградбата на рудникот за бакар Казандол и за отворање на рудници на територијата на општината. Право на глас имаат околу 7.000 жители, кои ќе гласаат на 12 избирачки места. На референдум за рудникот Казандол ќе излезат и жителите на Дојран на 18 јуни, а...

Каталонија закажа референдум за отцепување од Шпанија за 1 октомври

Каталонија на 1 октомври годинава ќе одржи референдум за отцепување од Шпанија, најави денеска автономната влада на Каталонија. Веќе неколку месеци траат засилените тензии со шпанската влада, која вели дека ваквиот референдум е нелегален и дека нема да се одржи. - Прашањето на референдумот ќе гласи: „Дали сакате Каталонија да стане независна земја во рамки на републиката“ – изјави каталонскиот претседател...

Активистите собраа 2.213 потписи за референдум во Валандово, се закануваат со блокади

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ извести дека ги собрала потребните потписи за распишување на референдум на локално ниво во општина Валандово и денеска, во име на сите 2.213 потпишани граѓани на Општина Валандово, до Советот на општина Валандово ќе поднесе предлог за распишување референдум. На ова изјаснување, граѓаните ќе треба да кажат дали се за или против продолжување со...

СЈО исчезна од изјавите на партиите и на меѓународната заедница

Во еуфоријата што завладеа во земјава по формирањето на новото парламентарно мнозинство, изборот на нов спикер на Собранието и по вчерашното доделување на мандатот за формирање нова влада, од наративот на партиите од мнозинството целосно исчезна Специјалното јавно обвинителство и продолжувањето на неговиот мандат за подигнување обвиненија. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу еден месец...

И во Валандово ќе има референдум за рудниците, одлуката донесена доцна синоќа

Со осум гласови „за“ од вкупно 15, Советот на Општина Валандово доцна синоќа ја поддржа иницијативата на подносителот на барањето за собирање потписи за организирање референдум за рудниците Казандол и Башибос. Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ за три часа собра 256 потписи, многу повеќе од потребните 100 за иницијативата што синоќа ја прифати Советот на Општината. Следниот чекор ќе биде...

И во Дојран ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Советот на Општина Дојран вчера едногласно ја поддржа граѓанската иницијатива за одржување на референдум за рудникот за бакар во Казандол. Општинскиот референдум ќе се одржи на 11 јуни и на него ќе може да учествуваат сите полнолетни граѓани на општина Дојран, запишани во Избирачкиот список. Покрај за Казандол, граѓаните ќе го кажат својот став и за евентуално отворање нови рудници...

„Спас за Валандово“ бара да присуствува на седницата на Советот на Општината

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ најави дека ќе бара нејзини претставници да присуствуваат на вечерашната седница на Советот на Општина Валандово, на која ќе се дискутира и за потписите што активистите ги собраа за да се почне постапка за референдум против рудникот Казандол. Доколку не им биде овозможено присуство, од „Спас за Валандово“ најавија дека во иднина ќе преземаат радикални...

„Спас за Валандово“ најави протести доколку Општината не одговори на барањето за референдум

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ најави дека ќе организира протести и блокади на патишта доколку општинските власти продолжат да ја игнорираат иницијативата за одржување референдум во општината против отворањето на рудникот во областа Казандол. Претседателот на Советот на Општина Валандово, како што соопштија денеска од „Спас за Валандово“, не доставил официјален одговор во законскиот рок од три дена, на предлог-иницијативата...

Валандовци не успеаја, богданчани на референдум ќе го затвораат рудникот Казандол

Советниците на Општина Богданци вчера решија на 11 јуни да се организира референдум за или против работењето на рудникот за бакар Казандол. Петмина советници од ВМРО-ДПМНЕ, исто толку од СДСМ и еден од ВМРО-НП едногласно решија да се прифати иницијативата на граѓанското здружение „Спас за Богданци“, кое вчера со почеток 18 часот одржа протест во градскиот парк на кој присуствуваа...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...