fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Каталонија бара поддршка од ЕУ за референдумот за независност

Европската Унија би требало да ја исполни својата должност како ризница на демократските вредности, така што ќе и укаже на Шпанија да дозволи одржување на референдумот за независност на Каталонија, изјавил во Брисел Раул Ромева, министерот за надоврешни работи на регионалната каталонска влада, јавуваат светските агенции. „Ги повикуваме европските институции да ги поддржат вредностите и принципите. Се кршат граѓанските права...

Турција ги прекинува сите летови кон градовите на северот на Ирак

Турција ќе ги прекине сите летови кон градовите на северот на Ирак, во областите со мнозинско курдско население, јавуваат светските агенции. Станува збор за една од првите мерки на официјална Анкара, откако регионалните власти на северот на Ирак во понеделникот одржаа референдум за независност. Како што пренесуваат агенциите, ќе бидат прекинати комерцијалните летови кон градот Ербил, кој се смета за главен...

Повеќе од 92 отсто од ирачките Курди гласаа за независност

Жителите на северниот дел на Ирак со огромно мнозинство гласале за независност на регионот Курдистан на референдумот што се одржа во понеделникот оваа недела, пренесува „Би-би-си“. Од изборната комисија соопштиле дека повеќе од 92 отсто од вкупно 3,3 милиони Курди и друго не-курдско население гласале за отцепување на регионот Курдистан од Ирак. Информацијата доаѓа откако ирачкиот премиер Хаидар ал-Абади денеска побара...

Ердоган им се закани на ирачките Курди дека ќе гладуваат поради референдумот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, им се закани на ирачките Курди дека може да соочат со глад како резултат на мерките што ги разгледува Анкара по вчерашниот референдум за независност на ирачки Курдистан, пренесува „Би-би-си“. Ердоган го обвини лидерот на курдската регионална влада, Масуд Барзани, за предавство, поради инсистирањето референдумот да се одржи и покрај противењето на меѓународната заедница. „Сега на...

Одзивот на референдумот во Курдистан е 78 отсто

Излезноста на гласачите на денешниот референдум во Курдистан е 78 отсто, а конечните резултатите од гласањето се очекуваат во рок од 72 часа, објави курдската телевизија. Околу 5,2 милиони избирачи во Курдистан се изјаснуваа за предлогот тој автономен регион на северот на Ирак, како и други курдистански области, да станат независна држава. „Дали сакате регионот Курдистан и курдистанската област надвор од...

Неуспешен референдумот за рудниците во Ново Село

Референдумот против отворањето рудници во општина Ново Село е неуспешен, бидејќи на гласачките места не излегоа потребните 50 отсто плус еден од вкупниот број граѓани на општината со право на глас. Причина за неисполнувањето на цензусот, како што пренесуваат медиумите, е тоа што речиси половина од жителите на општината се во странство. Според „Телевизија 24“, речиси сите жители на Ново Село кои...

Шпанската полиција во потрага по референдумските ливчиња во Каталонија

Шпанската полиција изминатите неколку дена пребарала повеќе печатници и простории, барајќи ги гласачките ливчиња, кутиите и промотивните материјали за референдумот за независност на Каталонија, кој шпанскиот уставен суд го забрани, пренесува ХРТ. Со потрагата по гласачкиот материјал, шпанската централна влада се обидува да го спречи одржувањето на референдумот закажан за 1 октомври, а кој каталонската влада планира да го спроведе...

Европската комисија ќе ја почитува одлуката на Каталонија за независност, вели Јункер

Европската комисија ќе го почитува потврдниот исход од референдумот за независност на Каталонија, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека регионот не треба да очекува по гласањето веднаш да стане членка на ЕУ. - Комисијата не се вклучува во интерните, домашни дебати во земјите членки – истакна Јункер, додавајќи дека дискусијата за референдумот во Каталонија е хипотетичка затоа...

Хелсиншки комитет: Во изминатите три години само на пет лица им е доделен статусот бегалец

Во текот на изминатите три години во Македонија биле поднесени вкупно 2.243 барања за признавање на правото на азил од страна на 2.717 лица. Од нив, на само пет лица им е доделен статус на признаен бегалец, а на само 11 лица им е доделена супсидијарна заштита, информираат од Хелсиншки комитет, од каде нагласуваат дека Македонија е транзитна земја за...

Каталонија усвои закон за референдум за независност

Каталонскиот парламент усвои закон со кој ги официјализираше своите планови на 1 октомври во овој шпански регион да се организира референдум за независност. Владата во Мадрид претходно го прогласи референдумот за противзаконски и најави дека ќе го спречи. Мнозинството пратеници од регионалниот парламент, во кој мнозинство има партијата која сака да се отцепи од Шпанија, гласаа за законот за референдум и...

И во Карпош ќе има референдум за населувањето мигранти

Советот на Општина Карпош денеска на 73. седница едногласно ја прифати предлог-одлуката за распишување на референдум на локално ниво, на кој жителите на општината ќе се изјаснат во врска со населувањето мигранти на територија на Општина Карпош. Во согласност со одлуката, локалниот референдум ќе го спроведе Општинската изборна комисија на Карпош и општинските избирачки одбори. Советниците, исто така, утврдиле дека...

Советот на Општина Битола референдумот за мигрантите го закажа за 15 октомври

Со 15 гласа „за“ и со 9 „против“, Советот на Општина Битола денеска ја изгласа одлуката за распишување референдум на кој битолчани ќе го искажат својот став околу нацрт-стратегијата за мигранти. Жестока дебата се отвори за датумот на одржување на референдумот. Опозицијата имаше предлог референдумот да се одржи на 1 октомври, меѓутоа владејачкото мнозинство во битолскиот совет не го прифати предлогот...

Неуспешен референдумот во Босилoво, излезноста помала од 50 отсто

Неуспешен е референдумот за рудниците во oпштина Босилово затоа што не е исполнет законскиот цензус, односно не излегле 50 отсто плус еден од запишаните гласачи. Според првичните информации, во сите гласачки места бројот на излезени гласачи бил помал од 50 отсто. Жителите на општина Босилово се изјаснуваа дали се за или против работењето на рудникот за бакар и за злато Иловица...

Излезноста во Босилово до 13 часот била 7,78 отсто

Излезноста на референдумот во Општина Босилово во врска со рудникот Иловица и други рудници на територијата на општината до 13 часот изнесувала 7,78 отсто. Општинската изборна комисија соопшти дека референдумот се одвива без проблеми. Во 7 часот утрово навремено биле отворени гласачките кутии во 19 гласачки места во општина Босилово, каде што граѓаните на референдумот имаат можност да се изјаснат за...

Референдум во Босилово за рудникот Иловица

Жителите на општина Босилово денеска на референдум се изјаснуваат дали се за или против работењето на рудникот за бакар и за злато Иловица и дали се за или против отворање рудници за експлоатација на метални и металични суровини во нивната општина. На единствениот гласачки список се запишани 12.301 полнолетно лице, кои ќе гласаат на 19 избирачки места. За референдумот да биде...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со становите за бегалци поради страв од пораз на изборите

Референдумите од неколку општини за изградба на станови за бегалци најавени за денот на локалните избори се политичка манипулација за одвлекување на вниманието на граѓаните во пресрет на изборите, изјави денеска премиерот Зоран Заев, како одговор на новинарско прашање при неговата посета во Велес. - Македонија не е толку добра земја за бегалците да останат овде. Дај боже да е добра...

Советниците во Општина Штип гласале за распишување референдум за мигрантите

Советот на Oпштина Штип, со 13 гласа „за“, денеска изгласал да почне постапка за распишување референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат за „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година“. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласале „за“, а советниците од СДСМ пред гласањето ја напуштиле салата. Граѓанската иницијатива „Будење“ од Штип до Советот на Општината приложила 356 потписи од граѓани...

Во Валандово денеска се одржува референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денeска се одржува референдум на кој жителите од оваа општина треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс Казандол, но и дали да се отворат или не нови рудници за метални минерални суровини. За референдумот да биде успешен, треба да излезат најмалку 5.200 граѓани со право на глас. Валандово е четвртиот...

Во Валандово утре ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Во Валандово утре ќе се одржи референдум на кој жителите од оваа општина треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување или стопирање на работата на рударскиот комплекс Казандол, но и дали да се отворат или не нови рудници за метални минерални суровини. За референдумот да биде успешен, утре треба да излезат најмалку 5.200 граѓани со право на...

Ирачките Курди не се откажуваат од референдумот за независност

Ирачките Курди не се откажуваат од референдумот за незавиност од Ирак, кој е закажан за 25 септември, и покрај барањето од Соединетите Американски Држави тој да биде одложен, јавуваат светските агенции. „Датумот стои, тој е 25 септември и нема никакви промени“, изјавил Хошјар Зебари, советник на регионалниот претседател на Курдистан, Масуд Барзани. Тој на овој начин го искоментирал барањето на...

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...