fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Бошњаковски: Ако се постигне договор за името, ќе се организира референдум

Течат преговорите за спорот со името под закрила на Обединетите нации, но во моментов нема видливо решение, но секако кога ќе биде постигнат договор, ќе се организира референдум, рече портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање на денешната прес-конференција дали има некаков исчекор во долгиот спор. Прашан дали премиерот Заев ја прифатил поканата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис да...

Само на референдум може да се одлучува за името, му порача ВМРО-ДПМНЕ на Џафери

Одлуката околу решението на проблемот што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде ексклузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на претседателот Талат Џафери за „Алсат-М“ако има волја кај парламентарното мнозинство, Собранието има легитимитет во името на граѓаните да одлучува и...

Шекеринска смета дека и Грција загубила со нерешавањето на спорот за името

Замрзнатиот проблем во врска со името во изминатиот период беше катастрофа за Македонија, но и лош развој на настаните за Грција, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на телевизијата „Телма“ вечерва. Иако нагласи дека Грција, всушност, во моментот ништо не губи поради со децении нерешениот спор за името, Шекеринска рече дека земјата во последниве десет...

Османи се поправи и на „Фејсбук“ напиша дека ќе има референдум за спорот за името

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“ дообјасни дека без референдум нема да биде донесено заедничко прифатливо решение за спорот за името, откако вчера во интервју на телевизија „Алсат М“ изјави дека Македонија може да избегне референдум по ова прашање. „Во жестината на дебатата, некои работи не ги објаснив доволно прецизно, па дозволете да бидам прецизен. Владата доби доволно...

Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум, тврди Османи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“, изјави дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро. Тој тврди и дека Македонија може да избегне референдум за ова прашање, благодарение на решение што би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и од другите стратешки точки кои досега Грција...

Пучдемон: Нема гаранции за одржување на парламентарни избори

Каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон, денеска ја отфрли можноста за распишување на парламентарни избори бидејќи, како што појасни, не постојат гаранции за нивно одржување. Пучдемон денеска рече дека размислувал да побара предвремени избори, но не ја донел таквата одлука затоа што не добил доволно гаранции дека владините „навредливи“ потези за преземање контрола врз Каталонија ќе бидат суспендирани. - Ништо не го оправдува распишувањето на...

Ломбардија и Венето на референдуми ќе одлучуваат за поширока автономија

Во двата најбогати региони во Италија, Ломбардија и Венето, утре ќе се одржат референдуми на кои граѓаните ќе гласаат за нивна поширока автономија, пишуваат италијанските медиуми. Иако политичарите од Ломбардија и од Венето и претходно се залагаа за независност од Рим, лидерите на овие два соседни региони на северот на Италија јасно истакнале дека референдумите се однесуваат на автономија, а...

Шпанија в сабота ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија

Шпанската влада денеска соопшти дека в сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија. Владата на Народната партија на десниот центар, која е на власт од 2011 година, в сабота ќе одржи вонреден состанок на министрите, по кој би требало до шпанскиот парламент да испрати предлог-мерки од членот 155 на шпанскиот устав,...

Засилено полициско обезбедување пред седницата на каталонскиот парламент

Полицијата денеска ги обезбедува јавните објекти и затворениот парк околу каталонскиот парламент во Барселона, каде треба да се одржи дебата и гласање за деклрацијата за независност на Каталонија, јавуваат светските агенции. Каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, не ја открива содржината на пораката што ќе ја упати на пленарната седница на парламентот, закажана за денеска во 18 часот. Политичарите кои се за независност на...

Каталонците стапуваат во генерален штрајк

Каталонците денеска стапуваат во генерален штрајк, кој ќе го блокира функционирањето на најголем дел од регионот кој бара независност, односно од одвојување од Шпанија, пренесува „Би-би-си“. Штрајкот го организираат каталонските синдикати и трговските здруженија, поради, како што се наведува, тешко кршење на правата и на слободите, за време на обидот за одржување на референдумот во неделата. https://twitter.com/guardian/status/915116560930476033 Шпанските централни власти, врз основа...

Каталонија и Косово не се споредливи бидејќи Шпанија е во ЕУ, тврди Европска комисија

Европска комисија, која референдумот во Каталонија го прогласи за неуставен, тврди дека случајот со таа шпанска покраина и со Косово и Метохија се неспоредливи затоа што Шпанија е членка на Европска Унија. - Кога станува збор за признавањето на Косово, тоа беше многу специфичен контекст. Тоа беше позиција усвоена од различни декларации и резолуции на Обединети нации и на меѓународната заедница....

Европска комисија: Референдумот во Каталонија е нелегален

Европската комисија соопшти дека референдумот за независност на Каталонија не е легален. Каталонската влада претходно соопшти дека 90,9 отсто од граѓаните излегле на референдумот за независност и се изјасниле дека се за независност на оваа област од Шпанија. Каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон прогласи победа на опцијата за независност и истакна дека е направен пат за едногласно прогласување независност. Регионалната влада соопшти дека...

Дури 460 луѓе биле повредени од полицијата, тврди каталонската влада

Во акцијата на шпанската полиција во Каталонија да го спречи референдумот за независност на оваа покраина, се користеше и директно физичко насилство и пендреци и гумени куршуми, јавуваат медиумите. Во пресметката што се случуваше кога на гласачките места полицијата интервенираше за да го одземе гласачкиот материјал, а граѓани се спротивставуваа, се повредени најмалку 460 цивили и 11 полицајци. Полицијата дејствуваше по...

МНР: Нема повредени македонски државјани во инцидентите во Каталонија

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) до попладнево нема информации за повредени граѓани во судирите во Каталонија, каде се одржува референдум за независност, кој шпанската влада го прогласи за нелегален. Како што соопшти МНР преку својот твитер-профил, досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од македонската амбасада во Шпанија. МНР е во редовен контакт со амбасадата, а сите македонски...

Во Каталонија пожарникарите ги бранат граѓаните од полицијата

Пожарникарите во шпанскиот регион Каталонија застанаа во одбрана на граѓаните од полициските акции, јави „Индепендент“, откако во денешните интервенции и судири беа повредени неколку стотини лица. Со жив штит, пожарникарите ги двојат граѓаните кои протестираат против полициската бруталност од националните сили. Полициската акција се случуваше во текот на денешниот ден поради наредбата на шпанската влада да се спречи гласањето за...

Во акцијата на полицијата во Каталонија најмалку 38 лица се повредени

Досега се регистрирани 38 повредени лица, најголемиот дел од нив со помали повреди, сооштија здравствените органи во Каталонија, додека во оваа шпанска покраина се случува масовна полициска акција со брутално насилство за да се спречи референдумот за осамостојување на Каталонија од Шпанија. Каталонскиот водач Карлес Пуџдемон го осуди, како што рече, „неоправдливото насилство“ од шпанската држава. Гласачкото ливче за референдумот има...

Полицијата пука со гумени куршуми по граѓаните во Барселона

Крвави судири се случуваат во Барселона помеѓу шпанската полиција и поборниците за независност на покраината Каталонија, откако полицијата изврши неколку брутални упади на избирачки мести и почна да се пресметува со граѓаните на улиците, а почна и да пука со гумени куршуми по луѓето. Според извештаите на светските медиуми, веќе има десетици ранети луѓе. Демонстранти низ улиците на Барселона извикуваат...

Каталонците чекаат во редици за гласањето за независност

Илјадници граѓани на Каталонија од рано утрово чекаат во редици пред изборните места за да гласаат на референдумот за независност на оваа богата шпанска покраина, во чие срце е Барселона, без разлика што шпанската власт го прогласи референдумот незаконски и презеде низа мерки за да го спречи. Дел од граѓаните утрово блокирале врати на изборни места во случај полицијата да...

Шпанската полиција ден пред гласањето за независност на Каталонија затвора училишта

Националната гарда на Шпанија денеска затвори 1.300 од 2.315 училишта во Каталонија, во кои според плановите треба да се гласа на референдумот за независност на оваа покраина, кој е закажан за утре. Полицијата исто така го држи под контрола и регионалниот центар за телекомуникации на подрачјето на Каталонија. Како што известуваат шпанските медиуми, полицијата има наредба да ги исчисти сите...

Груевски: Мигранти ќе се сместуваат долж јужната граница и ќе чекаат државјанства

Додека бевме на власт, од нас беше побарано да примиме 150.000 мигранти и да им дадеме државјанства. Ние не се согласивме на тоа, но некој друг се согласи и затоа ја направија Стратегијата за бегалци, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митингот во Вевчани. Тој рече дека затоа во 20 општини граѓаните барале да се одржи референдум за мигрантите,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...