fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Заев најави импичмент за Иванов ако не го почитува референдумот за Договорот со Грција

Премиерот Зоран Заев вчера во интервју за телевизијата „Канал 5" изјави дека е можно собраниското мнозинство да побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција откако граѓаните на референдум би се изјасниле позитивно за спогодбата. За евентуалното повторно покренување на оваа постапка, според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински мнозинства и во Собранието...

Тунтев: Договорот е висок патриотски чин, ВМРО-ДПМНЕ да сврти нова страница

Договорот за разрешување на спорот со Грција што беше потпишан во неделата е висок патриотски чин и носи иднина за државата и за сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ треба да сврти нова страница и да учествува во неговата ратификација, порача на прес-конференција во Собранието Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Зборувајќи пред голем број пратеници - негови...

Мицкоски: Договорот на Заев е капитулација, ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи

Ако постигнатиот таканаречен договор на Зоран Заев е прифаќање на промена на уставот, и внатрешна и надворешна употреба на новото име, тогаш тоа е договор на Зоран Заев за капитулација, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес-конференцијата веднаш по обраќањето на премиерот на која ја соопшти веста за постигнатиот договор за името. - Зоран Заев покажа нестабилност, недостоинственост,...

Заев: Нема веќе ФИРОМ, договорена е Република Северна Македонија

Република Северна Македонија преведено на сите јазици е името што попладнево на прес-конференција го потврди премиерот Зоран Заев како решение на спорот со Грција. Според Заев македонски јазик, Македонец, Македонка се заштитени и зајакнати „еднаш за секогаш“. “Име кое е достоинствено, Републикa Северна Македонија со превод на сите јазици за севкупна употреба се прецизира со амандман во Уставот, потврда на македонскиот...

Заев: Името и идентитетот се заштитени, ќе има референдум

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција по повод една година од новата Влада, крај Споменикот на ослободителите од НОБ, истакна Македонија чекори кон Европската Унија и НАТО, дека се решаваат спорови, но и дека се зајакнува идентитетот. - Никогаш не сме биле поблиску до решение, никогаш не било поголемо пријателството на земјите. Македонскиот јазик е потврден, идентитетот на Македонците е...

Уставниот суд одлучи дека референдумот за „Казандол“ бил неуставен

Уставниот суд на денешната седница ги поништи одлуките за распишување референдум за рудникот „Казандол“ за експлоатација на минерални суровини, донесени од Советот на општина Валандово на 3 и 10 јули 2017 година. Според Судот, одлуките за референдум се неуставни и незаконити, бидејќи прашањето на концесии не е од локално значење за да може локалната самоуправа да распишува референдум. Подносител на иницијативата...

Владата во Австрија ќе ја забрани кампањата на турските политичари пред изборите

Австриската десно ориентирана коалициска влада, која силно со противи кон приклучувањето на Турција на Европска унија, ќе им забрани на политичарите да водат кампања во оваа земја пред изборите во Турција во јуни, изјави канцеларот Себастијан Курц. „Предизборни настапи на турските политичари во Австрија не се пожелни и повеќе нема да ги дозволиме“, изјави Курц. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оваа...

Словенечкиот премиер Миро Церар поднесе оставка

Словенечкиот премиер, Миро Церар објави дека поднел оставка пред парламентот. Церар соопшти дека се повлекува по одлуката на Врховниот суд да се поништи резултатот од септемврискиот референдум, со кој, беше одобрен железничкиот проект вреден една милијарда евра, најголемиот инвестициски проект на неговата влада. Референдумот го поддржа владиниот план за изградба на пруга во должина од 27 километри од пристаништето Копер...

Лавров: Референдумот е сè понепопуларен метод за проверка на расположението на народот

Проширувањето на НАТО е грешка и истовремено претставува кршење на „џентлменскиот договор“ меѓу САД и повеќето европски земји (дека Алијанската нема да се шири кон исток) од 1990-те години, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, во интервју за српската новинска агенција „Бета“. Прашан за конкретен став за Македонија, Лавров дипломатски вели дека не издвојуваат никого и дека зборуваат за...

Милошоски побара да се распише оглас за избор на нови членови на ДИК

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека е симптоматично што во моментов Државната изборна комисија е празна и нефункционална и оти треба сите државни институции кои би биле дел од евентуален процес за конечно одлучување за прашањето за името да бидат функционални за никој да нема алиби да го донесе Собранието пред свршен чин или да...

Ахмети: Евентуален референдум за името може да го комплицира процесот

Евентуалниот референдум во Македонија за ново име на државата што би го договориле Македонија и Грција може да го комплицира процесот, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со европратениците од групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, Виктор Боштинару, Тања Фајон и Тонино Пицула. Ахмети на средбата истакнал дека компромис за решавање на спорот за името треба...

Заев: Референдумот за името не е ништо трагично, страшно или невозможно

По изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети викендов, дека е најдобро решението за спорот за името до кое ќе дојдат државните врвови на Македонија и Грција да се реши како во случајот со Договорот со Бугарија, односно да се гласа во Собранието и да не се распишува референдум, премиерот Зоран Заев по денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“...

Ахмети предлага името да се реши по моделот на Договорот со Бугарија – без референдум

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ предлага прашањето за името да се реши според моделот на Договорот за добрососедство со Бугарија, со консензус меѓу двете влади и со ратификација во двата парламенти, пренесува македонската државна новинска агенција МИА. - Најдобар начин за затворање на ова прашање е моделот на Договорот за добрососедство меѓу Скопје...

Фрчкоски: Нема да има консензус за името, власта треба да ја понесе одговорноста

Нема да се создаде национален консензус за спорот за името, за решението ќе биде одговорна политичката елита која го носи процесот и тоа секогаш и во секое општество било така, вели универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. - Нема да се создаде таков консензус. Политичката желба околу консензусот е разбирлива, таа секој политичар ја посакува...

Атинскиот градоначалник смета дека протестот е непотребен

Распишување референдум во Грција за прашањето за името би било катастрофална грешка, изјави градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис во изјава за грчкото радио „Тема 104,6“. Тој смета дека решението за спорот со Скопје треба да биде сеопфатно, а не фокусирано само на името. Најавениот протест во Атина не го поддржува, но ќе даде дозвола за негово одржување. Во изјава за...

Министерство за правда ги одложи измените на Законот за референдум

Министерството за правда вчера го објави предлог-законот за референдум на Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР), а денеска го повлече, откако медиумите почнаа да објавуваат дека не се предвидува јавна расправа и беше поставен многу краток рок - до крајот на месецот. Попладнево Министерството за правда соопшти дека со решението што беше објавено „не се менувале...

Пангалос: Реакциите „Македонија не смее да се даде“ доаѓаат од искомплексирани типови

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Теодорос Пангалос, вели дека уште во 1992 година на тогашниот шеф на дипломатијата, Андонис Самарас, му кажал оти северниот сосед има право да се вика како што сака, па дури и Атина или Спарта. - Чест треба да ни биде да можеме да го копираме Александар Велики...

Денеска протест во Солун под мотото „Македонија значи Грција“

Неколку грчки здруженија на Македонците и организации на грчката дијаспора за денеска закажаа голем протестен митинг во Солун под мотото „Македонија значи Грција”. Деновиве низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат на денешниот протест во Солун. Протестот ќе се одржи во 14 часот по локално време во центарот на Солун, а се очекува да се...

Заев e oптимист дека ќе се најде решение за името достоинствено за двете страни

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е оптимист и верува оти ќе биде изнајдено решение за спорот за името кое ќе биде достоинствено и за Македонија и за Грција. Тој потврди дека веќе е договорена средба со неговиот грчки колега Аликсис Ципрас на 24 јануари во Давос. – Јас сум оптимист, верувам дека помеѓу две земји, кои се пријатели и имаат...

Кризата во Каталонија ја чини шпанската економија една милијарда евра

Шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос изјави дека кризата во Каталонија, по повод иницијативата за независност на тој регион, ја чинело државата една милијарда евра и дека локалната економија се уште ги чувствува последиците. Де Гуиндос изјави дека, успорувањето на економскиот пораст во Каталонија влијае на вкупната шпанска економија, која е четврта по големина во еврозоната. „Каталонија имаше пораст повисок...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...