fbpx
Таг: ребаланс

таг: ребаланс

Автобусите на ЈСП се враќаат на улиците, вработените утре ќе добијат плата

Советот на Град Скопје денеска на втората вонредна седница, едногласно со 39 гласа „ЗА“, го изгласа ребалансот на градскиот буџет со што ќе се одвојат 133 милиони денари за субвенционирање на ЈСП. Претседателот на Синдикатот при ЈСП, Миќо Стојановски потврди дека трансферот на пари е направен, а вработените утре ќе ја добијат платата. „Работниците на ЈСП утре ќе ја добијат...

Николоски: Со ребалансот се подобруваат стандардот и условите за живот на граѓаните

Со ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедуваат средства за подобрување на стандардот и условите за живот на граѓаните во услови на најголема глобална економска криза, рече заменик-министерот за финансии Филип Николоски образложувајќи го предлогот за ребаланс. Како што додаде тој, за нови таргетирани мерки наменети за финансиска помош на оние на кои им е најпотребна, се обезбедуваат...

АНАЛИЗА: Кои капитални проекти се ставени “под нож” во ребалансираниот Буџет?

Повеќе пари за гасификација, социјални станови, помалку за патишта, железница, водоводна канализација, за изградба на болници, клиники, за медицинска опрема, за реформи во полицијата. Капиталните расходи со ребалансот на Буџетот во однос на сегашниот план се намалуваат за 8,8% и ќе изнесуваат 522,6 милиони евра. Порталб.мк објавува кај кои министерства и агенции колку се крати или додава преку ставката “капитални...

Ребалансот на буџетот обезбедува повисоки плати за наставниците и пензии за пензионерите

Фатмир Бесими
Владата го усвои ребалансот на Буџетот со што се обезбедија средства за покачување на пензиите на пензионерите, на платите за наставниците, за субвенциите кои се даваат по покачувањето на минималната плата во јавниот и во приватниот сектор, како и повеќе средства за социјални надоместоци и субвенции за гарантиран минимален приход. Министерот за финансии Фатмир Бесими, на денешната прес конференција, информираше...

Усвоен ребалансот на буџетот, Бесими вели ќе има повеќе пари за здравство, пензии и плати

Собранието на Република Северна Македонија денеска го усвои ребалансот на буџетот за 2021 година, што, според министерот за финансии Фатмир Бесими значи повеќе приходи во буџетот, повеќе средства за капитални расходи, за мерки за поддршка на стопанството и граѓаните поради ковид-кризата, за здравството, земјоделството, за редовна исплата на плати и пензии и социјални права. Вкупните приходи со измените и дополнувањата...

Порталб.мк: (Не)достижно сценарио – за годишен раст од 4,1 отсто, секој квартал економијата ќе треба расте 6,1 отсто

И со ребалансираниот буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4 проценти. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сè уште е во минус а бруто-инвестициите се во „слободен“ пад, Владата е уверена дека БДП ќе се зголемува, инвестициите ќе се рестартираат, невработеноста ќе се намалува, пишува „Порталб.мк“. Што велат економистите? Власта...

Владата го усвои ребалансот на буџетот, кој е во насока на справување со последиците од ковид-19

Владата на 77. седница ги донесе измените и дополнувањата, односно ребалансот на буџетот за 2021 година, кои, заедно со дополнувањата на Законот за извршување на буџетот за 2021 година, ќе бидат доставени на усвојување до Собранието. „Според презентацијата на Министерството за финансии, со овој ребаланс приоритетите до крајот на 2021 година ќе бидат насочени кон справување со последиците од пандемијата...

Усвоен ребалансот на буџетот, најголем дел од средствата наменети за здравствениот систем и економските мерки

Парламентарното мнозинство го усвои ребалансот на буџетот за 2020 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за зајакнување на здравствениот систем, како и за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за справување со економските последици од коронакризата. Со ребалансот обезбедени се 243 милиони денари за справување со здравствените последици од коронавирусот. Овие средства ќе бидат распределени за набавка на лекот...

Владата издвои 54 милиони денари за награда на здравствените работници

Со ребаланост на буџетот, Владата ќе издвои 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од ковид-19, информираат од Министерство за здравство. „Парите ќе бидат наменети за вработените во ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава. Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари...

Почна собраниската расправа по ребалансот на буџетот

Во Собранието денеска почна расправата за ребалансот на државниот буџет за 2020 година. Расправа се води во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Министерот за финансии Фатмир Бесими во образложението на ребалансот рече дека со него се овозможува спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки. Меѓу нив, целта на ребалансот е да се обезбеди одржливост на домашните економски дејности и...

Ребалансот на буџетот пред пратениците: Расходите се зголемуваат за 162 милиони евра

Владата го испрати во Собрание предлогот за ребаланс на буџетот за 2020 година, во кој меѓудругото се предвидува зголемување на расходите за 10 милијарди денари (162 милиони евра) во однос на првичните буџетски проекции за годинава. Вкупните расходи се планирани на ниво од 253 милијарди денари (4,1 милијарди евра) и се за 4,1 отсто повисоки во однос на планот. „Имајќи ги...

Владата донесе ребаланс на буџетот и ќе се задолжува преку еврообврзница

Владата на 52. седница, ја донесе Уредбата со законска сила за изменување и дополнување, односно за ребаланс на буџетот за 2020 година. На седницата била усвоена и Одлуката за максимален износ на ново задолжување преку издавање на државни хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал - еврообврзници. „Предложениот максимален износ на новото задолжување преку издавање на државни хартии од...

Димовски: Ребалансот на буџетот е неразвоен и неодржлив

Пратениците во Собранието, втор ден расправаат за ребалансот на буџетот за годинава, во отсуство на министерката за финансии Нина Ангеловска. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски ѝ забележа на Ангеловска што не е присутна на седницата за да го брани ребалансот, што според него само го покажува односот што Владата го има кон пратениците. - Нејзиното неприсуство покажува дека одлуките не...

Ангеловска: Со ребалансот парите ќе отидат таму каде што најефикасно ќе бидат искористени

Повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на буџетот за 2019 година што министерката за финансии Нина Ангеловска ги посочи пред пратениците на пленарна седница во Собранието. Со ребалансот се алоцираат средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се...

Дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот на собраниска седница

Дополнетиот предлог-ребаланс на буџетот за 2019 година, што минатата недела помина во Владата, е доставен во Собранието и е на дневен ред на денешната седница како последна точка. Дополнетиот предлог ги содржи деветте амандмани што беа прифатени на расправата по предлог-ребалансот во собраниската матична Комисијата за финансирање и буџет, а кои главно опфаќаат реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки...

Владата го преправи ребалансот на буџетот

На вчерашната редовна 157 седница, Владата го утврдила дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година, откако текстот на предлогот за ребаланс на буџетот ја помина постапката на комисиска расправа во Собранието на Република Северна Македонија во комисиите за финансирање и буџет и законодавно-правната комисијја. Со измените прифатени вчера, „се обезбедуваат средства за...

Ангеловска: Преку ребалансот, парите се распределуваат кај граѓаните и бизнисот

Со ребалансот на буџетот се обезбедува поддршка за поголеми плати во приватниот и јавниот сектор, повеќе средства за активни мерки за вработување и средства за проектот „МојДДВ“, преку кој за помалку од три месеци на граѓаните ќе им биде извршен поврат на ДДВ, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска образлагајќи го истиот на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Според...

Ребалансот на буџетот влегува во матичната собраниска комисија

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година, во матичната Комисија за финансирање и буџет. Со ребалансот на буџетот приходите се планирани од 210,5 милијарди денари, расходите на 228,3 милијарди денари, а дефицитот е непроменет од 17,7 милијарди денари односно 2,5 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Во однос на капиталните инвестиции, тие се намалени за 50...

Ребаланс: Владата го зголеми буџетот на Обвинителство, а ги преполови парите за нов клинички центар во Скопје и Штип

Имплементацијата на Законот за кривична постапка е поголем приоритет за Владата отколку изградбата на нови клиники и реконструкцијата на студентските домови, покажува предлог-ребалансот на буџетот во кој се зголемуваат буџетските средства наменети за Јавното обвинителство, а се намалуваат парите предвидени за новите објекти во здравството и за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови. Ова го покажуваат наодите од...

Владата се откажува од изградба на амбуланти во руралните подрачја

Владата целосно се откажува од изградба и реконструкција на амбуланти во руралните подрачја во државата, открива предлог-ребалансот на буџетот што го усвои Владата на последната седница. Во документот може да се види дека во потпрограмата „Амбуланти во рурални подрачја“ кај Министерството за здравство од првично планираните 3.000.000 денари со ребалансот не е одвоен ниту денар, а пари за оваа намена...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...