fbpx
Таг: ребаланс на буџетот

таг: ребаланс на буџетот

Повторно вклучена струјата во МЖ Транспорт, Владата ќе го спаси и Клинички од исклучување

По неколку часа откако ЕВН ја исклучи струјата во „Железници Транспорт“ поради долг од 6,5 милиони евра, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека струјата во оваа институција е повторно вклучена. Тој најави дека ќе се реши проблемот и со другите државни институции коишто со години натрупувале големи долгови за потрошената електрична енергија, како што е Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, чиј долг...

Со средства од буџетот ќе се изработи студија за решавање на проблемот со шестовалентниот хром во Јегуновце

Со буџетскиот ребаланс што вчера помина на владина седница, а Собранието на РСМ треба допрва да го усвои, се издвојуваат финансиски средства за трајно решавање на проблемот со индустриската депонија во Јегуновце, информираат од Министерството за финансии. На оваа локација во моментов се складирани 850.000 тони индустриски отпад од работењето на фабриката „Југохром“, а меѓу отпадните материи се наоѓа...

АНАЛИЗА: Дел од капиталните инвестиции “под мраз” – планираните над 600 милиони евра ќе останат само “желба”?

Се "ситни" првото економско полугодие, се црта ребаланс на буџетот. Според последните достапни податоци заклучно со 11 овој месец, реализацијата на капиталните расходи изнесува нешто над 17 отсто. Според најавите со ребaлансираниот буџет преку кратења на непродуктивни трошења ќе се обезбедат околу 100 милиони евра, пишува Порталб.мк. Но, сумата од најавени над 600 милиони евра капитални расходи со сегашниот буџет...

Порталб анализа: Економски настани во 2020 – збогум за економски најтешката година!

Рецесија – како последица на економската криза. Вртоглав пад на извозот, увозот, индустриското производство. Буџетските приходи се стопија, расходите се зголемија, се бараат пари дома и во странство за покривање на трошоците што ги предизвика ковид-19. Јавниот долг достигна историски највисока стапка, над 50 отсто од БДП. Во 2020, по 13 години без банкроти, се стави клуч на врата...

По две години пишување текстови, државата најде пари за чистење на депонијата во Визбегово

Со изгласаниот ребаланс на државниот буџет на Министерството за животна средина и просторно планирање му биле доделени 20 милиони денари (325.000 евра) за чистење на дивата депонија во близина на скопското село Визбегово, пишува порталот „СДК.мк“. Со планираното чистење на дивата депонија е планирано да се спречи и натамошното палење на отпад на ова место, а коешто предизвикува загадување...

Обезбедени средства за реконструкција на Универзална сала во постојниот облик и габарит

Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2020 година од страна на парламентарното мнозинство на предлог на Владата, за реконструкција на Универзална сала се предвидоа 120 милиони денари буџетски средства. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти плановите на Град Скопје за реконструкција на објектот на Универзалната сала. - Со обезбедувањето на буџетските средства конечно се создадени услови за...

Девет општини ќе добијат 165 милиони денари за еколошки проекти

Министерството за животна средина ќе додели 165 милиони денари на девет општини за реализација на проекти од животната средина. Финансиските средства, како што информирааат од Министерството, се обезбедени со последниот ребаланс на Буџетот кој пред два дена беше усвоен во собраниска процедура. Најголем дел од средствата, 49,9 милиони денари, ќе добие општината Липково, од кои 21 милион за завршување на...

Шилегов: Универзална сала нема да се руши, ќе се реконструира

Универзална сала нема да се руши, туку таа ќе се реконструира, а нова концертна сала ќе се гради на друга локација. Ова го изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на седницата на Советот на која советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и јавните културни установи. „Постојниот објект ќе се реконструира, во сегашниот облик и...

Милевски: Ако општините набавиле возила за луксузирање, тогаш тоа е за осуда

Со ребалансот на буџетот нема да се намалат средствата за регионален развој. Оценката е дека ковид кризата се одрази врз работењето на општините, поради што намалена е наплатата на даноци и приходите на јавните претпријатија. Ова од Штип денеска го кажа Горан Милевски, министер за локална самоуправа, кој очекува Собранието да го изгласа ребалансот со непромената ставка. „Ние се бориме...

АНАЛИЗА на Порталб: Кои проекти одат под “нож” со буџетскиот ребаланс?

Преполовени средства за изградба на владини објекти, спортски сали и училишта, намалени пари за гасификација и за локални патишта, повеќе за рурален развој и за НАТО. „Порталб.мк“ објавува детали од Развојниот дел на ребаланс на буџетот – кај кои министерства и агенции колку се крати, а кои ќе добијат повеќе со ребалансираната каса. Кое министерство колку добива или губи... Преку Службата за општи...

Владата го усвои ребалансот на буџетот, дефицитот ќе изнесува 8,4 проценти

Дефицитот во годинешниот буџет ќе изнесува 8,4 проценти, поради растот на расходите, најмногу од мерките за ублажување на економските последици од пандемијата со ковид-19, одлучи Владата на синоќешната седница, на која, меѓу другото, се утврди предлогот за изменување и дополнување на буџетот за 2020 година, кој треба да се усвои во Собранието. „Приходната страна на буџетот останува непроменета, а очекуваниот...

Во новиот буџет помалку пари за инвестиции во железницата и за заштита на животната средина

Забележително намалување на парите за заштита на животната средина, за инвестиции во железничката инфраструктура и воопшто за капитални инвестици се предвидува со ребалансот на буџетот за 2020 година, кој го објави Министерството за финансии. Капитални расходи се намалени за 4,2 милијарди денари или околу 68 милиони евра во однос на првичниот план за 2020 година и тие сега се сведени...

Невладиниот сектор загрижен поради кратењето на буџетските средства за образование

Граѓанските организации од земјава изразуваат загриженост за намалувањето на финансиите во секторот образование со ребалансот на овогодинешниот буџет. Образованието се наоѓа на третото место според висината на скратените средства со буџетскиот ребаланс. Како што се наведува во соопштението на 14 граѓански организации, најмногу се крати во високото образование – 329 милиони денари, по што следува ставката „инвестиции во образованието“ –...

Димовски: Опозицијата ќе реагира ако продолжи игнорантскиот однос на Владата

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Илија Димовски, испратил писмо до премиерот Зоран Заев и до министерот за финансии Драган Тевдовски, во кое остро реагира поради тоа што Владата и парламентарното мнозинство не прифатиле ниту еден од амандманите што ги поднеле за рабалансот на буџетот. „Влада што не е подготвена да прифати ниту еден туѓ предлог, докажува дека нема демократски капацитет. Пратениците од Коалицијата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...