!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Спотот на ФФМ за Суперкупот на УЕФА како реклама за „Скопје 2014“


Скопје, 3 јули, 2017 - 14:01 (META) 

Натпреварот од Суперкупот на УЕФА, кој на 8 август во Скопје ќе го играат „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“, повторно ја подгреа страста кај вљубениците во фудбалот, откако медиумите информираа дека „УЕФА го објавила“ промотивниот видеозапис.

На јутјуб-каналот на УЕФА, пак, како и на нејзината веб-страница нема тако нешто. Последната информација на веб-страницата на Унијата е објавена на 17 јуни, а вели дека во Скопје ќе се игра натпреварот меѓу „Реал Мадрид“ и „Манчестер јунајтед“, но – видеозаписот го нема.

Тој е објавен од Фудбалската федерација на Македонија, која, иако членка на УЕФА, сепак не ја претставува целата европска фудбалска федерација.

Видеозаписот, инаку, е во манирот на класичните промоции за телевизиската публика веќе видени во изминатава деценија, кога се промовираше Македонија како туристичка дестинација или винските ресурси на Македонија, но за разлика од тие спотови, овојпат доминираат градбите од „Скопје 2014“.

Во видеозаписот е претставена и Националната арена „Филип Втори“, каде би требало да се игра натпреварот, ама претежно се гледаат Матка, Скопје од Водно, но и споменикот на Филип Втори, Владата, Милениумскиот крст, црквата „Свети Спас“, кадри од центарот на градот… Во втората половина следува поопсежно претставување на стадионот, испресечено со кадри од Порта Македонија, Археолошкиот музеј, и т.н. сува фонтана на плоштадот Македонија.


Спасовски се сретна со претставници на УЕФА


Скопје, 10 јуни, 2017 - 16:33 (META) 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска одржал работна средба со Жељко Павлица и со Франк Вијнвелд, претставниците на Европската фудбалска федерација (УЕФА), кои се вклучени во организацијата на претстојниот Супер куп на УЕФА, што треба да се одигра на 8 август во Скопје, помеѓу екипите на „Реал Мадрид“ и на „Манчестер јунајтед“.

Спасовски на претставниците на УЕФА им соопштил дека сите капацитети на МВР ќе бидат ставени на располагање за успешна организација на овој настан.

Претставниците на УЕФА го нагласиле огромното значење на МВР за организација на овој натпревар.


Реал Мадрид ја освои Лига на шампиони


Милано, 29 мај, 2016 - 10:29 (META) 

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид го победи Атлетико Мадрид на пенали 5:3, откако и по продолженијата резултатот остана нерешен 1:1.

Со оваа победа, фудбалерите на Реал по 11 пат застанаа на европскиот трон и ја освоија Лига на шампиони.

Кристијано Роналдо со неговиот гол на пенали, го реши натпреварот на стадионот Сан Сиро во Милано.


Исламистите убиле 14, а раниле 20 навивачи на „Реал Мадрид“


Самара, 13 мај, 2016 - 19:18 (META) 

Најмалку 14 лица се убиени, а повеќе од 20 се ранети кога припадници на Исламска држава влегле во кафуле во градот Самара во Ирак и почнале да пукаат.

Во тој момент во кафулето имало околу 50 навивачи на шпанскиот фудбалски клуб „Реал Мадрид“, кои се собрале да гледаат снимка од натпревар на нивниот омилен клуб.

Според неофицијалните информации, во нападот учествувале тројца напаѓачи.

– Група терористи од Исламска држава влегоа во кафуле и потоа почнаа да пукаат по луѓето – изјави претседателот на клубот на обожаватели на „Реал Мадрид“ во Самара, Зиад Субхан.

Прашан за мотивите на нападот, тој одговорил дека терористите не го сакаат фудбалот бидејќи мислат дека е против муслиманите.