fbpx
Таг: реакции

таг: реакции

По вандализмот на Левица во Собранието сите се обвинуваат дека се во коалиција со противникот

И владејчката СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го осудија однесувањето на пратениците на Левица на вчерашната собраниска седница кога Борислав Крмов откорна монитор и заедно со Димитар Апасиев фрлаа со листови кон потпретседателот на Собранието Горан Мисовски кој ја водеше седницата за усвојување на новиот Деловник за работа на Собранието на РСМ. Со низа соопштенија реагираше и Левица. Она што ги карактеризира...

Пратеник на Левица искорна монитор и фрлаше документи кон Горан Мисовски

Корнење на монитор, фрлање со хартиени документи, пластично шише, телефон и друга опрема беше само дел од инцидентот којшто денеска го предизвика пратеникот на Левица, Борислав Крмов на седницата на Собранието на РСМ, на која се разгледуваше новиот Деловник за работа на Собранието на РСМ. Пратеникот од Левица Борислав Крмов побара да се прекине седницата, реагирајќи за тоа зошто не...

Украина и ЕУ со ист став: Русија сака да направи проблем во Западен Балкан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Европската Унија во изминативе денови предупредија на активностите на Русија за да предизвика проблеми во Западниот Балкан, кои би го отргнале вниманието на меѓународната јавност од воената агресија врз Украина. Зеленски најпрво на 15 ноември годинава јавно предупреди дека Русија би можело да подготвува војна во регионот на Западниот Балкан, со цел да го одвлече...

Во Белград македонска винска вечер, опозицијата вели ќе има космодром од неа

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа беше домаќин на Македонската вечер во рамките на меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград. И додека на синоќешниот настан присуствувале српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека ако власта и Ковачевски испијат уште едно вино може во Белград да...

Пендаровски и Мицкоски се судрија околу тоа кој има повисок рејтинг

Христијан Мицкоски е последниот политичар во Македонија кој би требало да зборува за личниот рејтинг. Имено, и после цели пет години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ има двојно помал рејтинг од нивниот поранешен претседател Никола Груевски, вели претседателот на државата Стево Пендаровски. Изјавата следува откако претходно Мицкоски во своето гостување во радио Лидер рече дека кога станува за Стево Пендаровски, „тој...

Убиен полицаец на северот на Косово, Приштина ги обвинува српските власти

Косовската полиција утрово потврди дека еден полициски припадник е убиен, а негов колега е ранет по извршениот напад врз нив во северниот дел на Косово, јавува КосСев.инфо. Единицата за брзи интервенции на пограничната полиција во 2:34 часот забележала дека на влезот во селото Бањска биле поставени два камиона без регистарски таблички, а еден од нив го блокирал патот. Од полициската...

Не стивнуваат реакциите по обелоденетиот скандал на Клиниката за онкологија

Барањата за одговорност и целосно расчистување на случајот со сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија не запираат. Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорноста за политичките и здравствените функционери. Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за...

Теоријата на Мицкоски за заговор против ВМРО-ДПМНЕ: Од играчка, може да биде плачка

Од изрази на потсмев и укажувања за недораснатост за лидерската функција што ја има до сериозни предупредувања дека изјавите на Христијан Мицкоски може да предизвикаат меѓународна изолација на нашата земја. Со ваква содржина се дел од реакциите, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најпрво изјави дека светот правел стратегија за тоа како да ја скрши неговата партија и да ги премисли...

Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ во нова серија меѓусебни обвинувања

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски и претседател на партијата ГРОМ денеска одржа прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, на која побара од лидерот Христијан Мицкоски да објасни како го стекнал својот имот во изминативе години, осврнувајќи се на изградбата на малите хидроцентрали. „Мицкоски да одговори на колку години ја направи својата прва хидроцентрала. Дали тоа беше кога тој е советник...

Силна поддршка од Германија по средбата на Ковачевски со канцеларот Шолц

По вчерашната официјална посета на премиерот Димитар Ковачевски во Германија и средбата со канцеларот Олаф Шолц, политичките партии од земјава денеска реагираат на пораките коишто ги упатија премиерите на двете земји. Од владејачкиот СДСМ велат дека посетата на Ковачевски на Германија донела дополнителни придобивки за државата и нашата европска иднина. „Директно од канцеларот Олаф Шолц добивме јасни и цврсти гаранции дека...

ДКСК и Грковска со меѓусебни реакции поради случајот со Рамиз Мерко

Кабинетот на вицепремиерката за задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) со меѓусебни реакции во однос на непостапувањето во случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој неделава се најде на црната листа на САД. Во демантот од кабинетот на вицепремиерката Грковска, се оценуваат како паушални и неосновани обвинувањата од страна на...

Оддавање почит на загинатите во несреќата со „Титан“, не се знае кога се случила имплозијата

Семејствата, пријателите и колегите на петте лица за кои се верува дека загинале во „катастрофалната имплозија“ на подморницата „Титан“ која нурнала кон „Титаник“, им оддаваат почит на своите блиски. По неколкудневни воздушни и подводни пребарувања, доцна синоќа канадско роботско подводно возило открило поле со остатоци од подморницата „Титан“ на околу 400 метри од потонатиот брод „Титаник“. Претставници на американската крајбрежна стража...

Наставниците и годинава кинат нерви со е-дневникот, надлежните ќе тестираат нови софтвери летово

„Error, 503 Service Unavailable“, внесени повеќе оценки а регистрирана само една, исфрлање од систем и повторно логирање, потешкотии во подготовката извештаи за успех и поведение. Оваа се само дел од проблемите со кои се соочуваат наставниците деновиве при внесот на податоци во електронските дневници. Пишани дневници веќе неколку години нема, па електронските се единственото место каде што се пишуваат...

Фатен напаѓачот на копретседателот на бугарски клуб во Струга, МНР апелира на воздржаност

Македонското Министерство за надворешни работи информира дека е откриен сторителот на вчерашниот напад врз Б.К. од струшкото село Лабуниште. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А.Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител. Од македонското МНР апелираат за воздржаност од предвремени квалификации до моментот на целосно расчистување на случајот. „Овој настан не смее...

Александар Вучиќ ќе води и македонски граѓани на контрапротестот во Белград на 26 мај

„Организиран бесплатен автобуски превоз на сесрпскиот митинг на 26 мај (петок) во Белград. Кој е подготвен да оди, нека се јави. Известете ги и сите останати луѓе. Поаѓањето ќе биде од Куманово. Резервирајте ги вашите места на време“, е пораката што на 11 мај на Фејсбук ја објави Српската заедница во Македонија. Самиот повик на Фејсбук до моментот на објавување...

Н1: Трагедијата во Белград – дали е крив Западот или ријалити програмите на телевизиите?

Изјавите на дел од српските официјални лица по нападот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, дека е виновен „трулиот Запад“ или некој друг за деветкратното убиство покажуваат дека „тука нема одговорност“, вели клиничкиот психолог Бранка Кордиќ за телевизијата „Н1“. На прашањето каква порака сака да се испрати со ваквите изјави, Кордиќ вели дека претпоставува дека станува збор за политичка игра. Таа...

МОН: Во „Историја и општество“ ќе се учат теми од историја, географија и граѓанско образование

Предметот Историја и општество интегрира материја од областа на историјата, граѓанското образование и географијата. Овој предмет, согласно новата концепција се воведува од четврто одделение и се изучува до деветто одделение (наместо од шесто до деветто одделение како што беше досега). Oва е ставот на Министерството за образование и наука, по реакциите на Здружението на историчари, од каде што вчера се...

Еурактив: Мнозинството Македонци задоволни од реакциите на власта по руската инвазија на Украина

Mнозинството Македонци, Босанци, Косовци и Срби се задоволни од реакциите на нивните власти по руската инвазија на Украина, покажа истражувањето наречено Регионален барометар кое го спроведе Регионалниот совет за соработка, објави Еурактив. Резултатите покажаа дека 67 отсто од Македонците, 66 отсто од Босанците, 69 отсто од Косовците и 60 отсто од Србите се генерално задоволни од начинот на кој властите...

БРО: Не се укинува предметот историја и нема да се бркаат наставници од работа

Реакции кои шират паника и лавина негодувања можат да се забележат деновиве на социјалните мрежи, по објавите дека од претстојниот септември, во шесто одделение, учениците ќе имаат нов предмет, природни науки. Реакциите одеа дотаму што се пишува дека се укинуваат предмети и се бркаат наставници од работа, како и дека наводното спојување на предметите физика, биологија, географија и хемија...

Бројот на загинати од вчерашните руски воздушни напади се искачи на 11

Во руските воздушни напади што се случија вчера во Украина загинаа најмалку 11 лица, објави британското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија дека 81 проектил бил истрелан од руските сили кон десетина украински региони во западна, централна, јужна и источна Украина, пренесува Гардијан. Најголем дел од жртвите, шест загинати лица, се од регионот Лвив во западниот дел на земјата....

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...