fbpx
Таг: разговори

таг: разговори

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето за името, јавува македонската државна новинска агенција МИА. Мицотакис по средбата со Ципрас упатил критики за начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање....

Вучиќ утре во посета на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре ќе престојува во посета на Косово, каде ќе разговара со политичките претставници на Србите и со граѓаните јужно од реката Ибар, соопштија денеска од неговиот кабинет. Како што се наведува, Вучиќ посетата ќе ја почне со обиколка на манастирот Бањска, по што ќе се состане со српските претставници на Косово на Техничкиот факултет...

Димитров денеска ќе се сретне со Коѕиас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, информираат од Министерство за надворешни работи. Од таму додаваат дека „во фокусот на разговорите ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.“ Местото на средбата помеѓу Димитров и Коѕиас не е соопштено. Синоќа, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи,...

Димитров утре ќе се сретне со Коѕиас, но не се знае каде

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров утре ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, информираат од Министерство за надворешни работи. Од таму додаваат дека „во фокусот на разговорите ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.“ Местото на средбата помеѓу Димитров и Коѕиас не е соопштено.

Беса и е потребна на политичката сцена во Македонија, порача Мицкоски

Во врска со расколот во Движењето Беса, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача што побрзо обединување, бидејќи како што кажа, политички субјект како оваа партија и е потребна на политичката сцена во Македонија. - Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека партијата е обединета и сплотена - изјави Мицскоски, по присуството на божикната литургија во „Св.Климент Охридски“. Тој повика и...

Папандреу: Ако се тргне името настрана, Скопје е наш природен сојузник

Поранешниот грчки премиер, Јоргос Папандреу во интервју за грчкиот весник „Етнос“ вели оти се чини дека актуелната македонска Влада сфатила дека иредентизмот води во ќор-сокак и дека, според него, ако се тргне името настрана, тогаш „Скопје е природен сојузник на Атина“. - Доколку сегашните околности дозволат задоволително решение, пошироката геополитичка ситуација е уште една причина да одиме чекор понапред. Скопје,...

Изградбата на рудникот Казандол ќе биде стопирана поради пропусти

Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците, гледаме дека има пропусти, а правните тимови работат на тоа, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изградбата на рудникот Казандол, по обраќање на завршната конференција на тема „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евроатлантските интеграции“. Тој додаде дека Владата ќе го искористи...

Заев: За коалицијата ќе разговараме следните денови, прво да ги оладиме главите

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека досега не разговарал со коалиционите партнери и со другите политички партии за евентуално велгување или излегување од Владата, како и за пополнување на испразнетите министерски, заменик-министерски и директорски места по локалните избори. Тој очекува за овие прашања да се дискутира во наредните денови, откако, како што рече, ќе слегне прашината и сите ќе бидат...

Димитров: Преговорите со Грција дефинитивно ќе почнат до крајот на годинава

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Дојче веле“ дадено при неговата посета на Германија, изразува силна увереност дека преговорите со Грција за спорот околу името, кои подолго време беа во застој, ќе продолжат до крајот на годинава. - За време на посетата на грчкиот министер Никос Коѕиас, минатата среда во Скопје, ги дискутиравме мерките за градење доверба....

Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека не е време за разговори со Северна Кореја и дека сите опции се отворени за одбрана на САД и на нејзините сојузници. Трамп вчера телефонски разговарал со премиерите на Австралија и на Велика Британија, Малком Трнбул и Тереза Меј, за последната нуклеарна проба на Северна Кореја, соопшти денеска Белата куќа, јавуваат светските агенции. Претседателот на...

САД се подготвени да соработуваат со Русија околу Сирија

САД се подготвени да соработуваат со Русија за со заеднички сили да ја стабилизираат ситуацијата во Сирија, изјави американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон. Тилерсон изјави дека САД сакаат да разговараат со Русија за прекин на огнот на копно и да го координираат испраќањето помош на Сиријците. - Доколку нашите две земји работат заедно на воспоставување стабилност на теренот, тоа ќе постави темел...

Нимиц денеска ќе се сретне со Иванов во Вила Водно

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го прими специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, Метју Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје. Средбата на Иванов и на Нимиц е закажана по 17 часот во претседателската резиденција на Водно. Инаку, Нимиц е во посета на земјава на покана...

Нимиц: Не носам нов предлог за името, доаѓам да ја тестирам подготвеноста за напредок

Овојпат не носам ново предлог-решение во Скопје, доаѓам да разговараме за напредокот во преговорите со Атина околу спорот за името, вели специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција во интервју за емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат М“. Нимиц, кој од денеска до 4 јули ќе престојува во Скопје, на покана на македонската Влада, вели дека...

Нимиц од денеска во Скопје, на разговори со државниот врв за спорот за името

Специјалниот пратеник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, од денеска до 4 јули ќе претстојува во Скопје на разговори со државниот врв околу можностите за решавање на спорот за името. Нимиц, како што соопшти канцеларијата на портпаролот на генералниот секретар на ОН, доаѓа во Скопје на покана на македонската Влада, за да се дискутира за начините...

Хан пред посетата на Скопје: И Владата и опозицијата да се фокусираат на реформите

Новата Влада и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата и на реформските приоритети и на Договорот од Пржино за да ја вратат Македонија на патот кон Европската Унија, се вели во денешното соопштение на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, во пресрет на неговата посета на земјава, закажана за понеделник. „Земјата, со континуирана помош од Европската...

Харадинај: Преговорите за Косово мора да бидат само за негово признавање

Кандидатот за премиер на Косово, Рамуш Харадинај, вели дека досегашната рамка за разговорите меѓу Косово и Србија била погрешна и дека дијалогот мора да продолжи само за една точка - признавање на Косово. Според него, погрешна била одлуката на косовските институции  со Белград да се разговара за внатрешните прашања на Косово. – Дијалогот со Србија е поставен на погрешни рамки, бидејќи...

Бејли: Добро е што Македонија има разговори со Грција

САД поддржуваат заеднички прифатливо решение меѓу Македонија и Грција за спорот за името, изјави американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, и додаде дека е добро што се одвиваат преговори меѓу двете земји. - Добро е што Македонија има разговори со Грција и со другите земји во соседството. САД отсекогаш ја поддржувале и ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија на нејзиниот...

Могерини ги поканила премиерите на балканските земји на вечера, меѓу нив и Заев

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, ги поканила премиерите од шест балкански земји на неформална вечера на 24 мај во Брисел, објави порталот „Нова ТВ“. Могерини го очекувала и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, без разлика дали дотогаш ќе било финализирано формирањето на новата влада на Македонија. Тема на неформалниот состанок ќе биде ситуацијата во...

Беса: Ќе бидеме дел од разговорите за нова влада

Движењето Беса останува посветено во процесот на решавање на кризата и ќе биде дел од разговорите за формирање на новата влада, велат од партијата по повод доделувањето на мандатот за составување нова влада. „Денеска, кога господинот Иванов го даде мандатот за да почнат разговорите за формирање на новата влада, Движењето Беса констатира дека благодарение и на нејзината посветеност, конечно се...

Меркел и Путин се сретнаа во Сочи

Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во Сочи, на својата прва посета на Русија по две години, за да разговара со рускиот претседател Владимир Путин. Темите за кои ќе разговараат се претстојниот самит Г20, но и ситуацијата во Украина, Сирија и во Либија, како и билатералните односи. Портапролот на германската влада, Штефeн Зајберт, претходно изјави дека Меркел и Путин ќе имаат две рунди...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...