fbpx
Таг: разбојништво

таг: разбојништво

Разбојнички двоец однел 2.300 евра од скопско казино

Маскирани и вооружени разбојници, ноќеска околу 1 часот, извршиле разбојништво во казино „Слот“, на улицата 11 Октомври во Скопје, од каде однеле плен од околу 140.000 денари или околу 2.300 евра, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојниците, едниот вооружен со пиштол, другиот со нож, им се заканиле на двајца вработени во казиното, ги собрале парите и побегнале од местото. Полицијата...

Сириски мигранти повторнo жртви на разбојници

Петмина разбојници во петокот минатата недела, во градскиот парк во Куманово, нападнале и ограбиле двајца сириски државјани, илегални мигранти, од кои одзеле рачен часовник, 500 евра и гардероба, информира полицијата. Полицијата успеала да пронајде и да приведе едно од осомничените лица за разбојништвото, додека по другиот осомничен и по уште три, засега непознати, лица сè уште се трага. Како што информираат оттаму,...

Маскиран разбојник ограбил продавница во Ресен

Непознат сторител, вчеравечер, околу 22 часот, извршил разбојништво во колонијална продавница на улицата Ленинова во Ресен, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, маскиран разбојник со пиштол ѝ се заканил на вработена во продавницата „Виоли“ и потоа одзел околу 21.000 денари. Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Разбојници однеле 75.000 денари од бензинска на „Макпетрол“

Двајца маскирани и вооружени разбојници, утрово околу 2.40 часот, ограбиле бензинска пумпа на „Макпетрол“ на улицата Антон Панов, во скопската населба Ченто, информира полицијата. Двајцата разбојници, од кои едниот бил вооружен со пиштол, од вработените на бензинската одзеле околу 75.000 денари и веднаш побегнале од местото. Од полицијата засега немаат осомничени лица за разбојништвото.

Момчиња од Лојане нападнале и ограбиле мигрант од Авганистан

Тројца жители на кумановското село Лојане се осомничени дека нападнале и ограбиле 20-годишен мигрант од Авганистан во дворот од џамијата во селото, соопшти полицијата. Против Ј.З. (17), М.И. (22) и Ф.Ј. (23) била поднесена пријава за кривично дело разбојништво, а судија на претходна постапка на осомничените им одредил триесетдневен притвор. Според полицијата, осомничените од авганистанскиот државјанин одзеле мобилен телефон и 400...

Разбојници ограбиле скопски таксист

Три непознати лица, синоќа околу 20.30 часот, извршиле разбојништво над такси-возач, од кого одзеле околу 22.000 денари и мобилен телефон. Според полициските информации, разбојниците од возачот побарале да ги однесе од населбата Карпош од улицата Вуковарска, а кога стигнале на крајната дестинација, едниот од нив со нож му се заканил на таксистот, додека другите двајца му ги зеле парите и...

Во војнички униформи и вооружени со гасни пиштоли се обиделе да ограбат илегални мигранати

Кумановската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на селото Брзак, осомничени дека се обиделе да ограбат единаесетмина илегални мигранти од Сирија и од Палестина, соопшти полицијата. Осомничените К.И. (51), Д.И. (30) и А.Ј. (21), се товарат за кривично дело разбојништво. Според полицијата, тие во саботата, на 21 март, маскирани и облечени во војнички униформи, заканувајќи се со гасни пиштоли, се...

Ограбена спортска обложувалница

Вооружен разбојник вчера попладне во Скопје ограбил филијала од синџирот спортски обложувалници „Златна копачка“, информира полицијата. Разбојништвото се случило околу 16 часот, во обложувалницата на „Златна копачка“ на улицата Лазо Трповски, кога непознато лице, вооружено со пиштол, од вработените одзело сума од околу 274.000 денари. Полицијата засега нема осомничено лице за ова разбојништво.

Разбојници нападнале и ограбиле мигрант од Сирија

Дваесет и шестгодишен Сириец, илегален мигрант, вчера вечер бил нападнат и ограбен од двајца разбојници на улица во Неготино. Според полициските информации, вчера, околу 20 часот, било пријавено дека две непознати лица физички го нападнале М.А. (26) од Сирија, му одзеле 1.600 евра и побегнале од местото. Момчето со возило на итна медицинска помош било пренесено во медицинскиот центар во Неготино,...

Ограбена аптека на „Зегин“ во Дебар-маало

Двајца маскирани разбојници вчеравечер ограбиле аптека на „Зегин“ во Дебар-маало во центарот на Скопје, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20 часот, во аптеката на „Зегин“ на улицата Дане Крапчев. Двете маскирани лица влегле во аптеката и заканувајќи ѝ се на вработената со нож, одзеле 13.000 денари од дневниот промет. Полицијата нема осомничени лица за разбојништвото и презема мерки за нивно...

Разбојничка двојка ограбила продавница на „Стокомак“

Двајца маскирани и вооружени разбојници вчеравечер ограбиле продавница на „Стокомак“, од која однеле околу 90.000 денари, информира полицијата. Разбојништвото се случило околу 21.20 часот, во продавицата на „Стокомак“ на булеварот Партизански одреди. Разбојниците, кои биле маскирани со фантомки на главите, на вработените им се заканиле со пиштол, го собрале пленот и побегнале од продавницата. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото.

Скопски златар ограбен на улица, разбојници му однеле половина килограм злато

Неколку непознати лица вчеравечер извршиле разбојништво над сопственик на скопска златарница, од кој одзеле чанта во која имало околу поливина килограм злато. Како што информираат од полицијата, разбојништвото се случило околу 18 часот, на булеварот Никола Карев, кога М.Х. (51) бил пресретнат од неколку лица кои го нападнале, удирајќи го со тупаници во главата. Разбојниците потоа му ја зеле чантата и...

Разбојници со нож раниле 18-годишно момче

Ноќеска околу 1.30 часот по полноќ од скопската градска хируршка клиника „Свети Наум Охридски“ во полиција било пријавено дека кај нив е донесено 18-годишно момче со повреда од нож во ногата и скршеницата на долната вилица, информираат од полицијата. Во разговор со полициските службеници, повредениот О.И. рекол дека бил физички нападнат од неколку непознати лица на булеварот Кочо Рацин, кои...

Тројца кумановци осомничени за разбојништво над сириски државјанин

Кумановската полиција подела кривична пријава против три момчиња од градот, од кои едниот малолетник, осомничени дека извршиле разбојништво над сириски дражавјанин. Како што информираат од МВР, станува збор за Ѓ.У. (21), А.А. (21) и Е.М. (16). Осомничените, на 29 јануари оваа година, на автобуската станица во Куманово, физички нападнале и ограбиле сириски државјанин, од кого одзеле 300 евра и мобилен телефон.

Гостиварец нападнат и ограбен на улица

Дваесетгодишен гостиварец синоќа на улица во градот бил нападнат и ограбен од неколкучлена разбојничка банда, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20 часот, на паркиралиште на улицата Мајор Чеде Филипоски. Според полицијата, Л.Ј. првин бил пресретнат од едно лице, кое му побарало запалка, и откако ја добил, го зграбил момчето за јакната и му побарал пари. Тоа некако успеало...

Разбојници однеле 3.000 денари и цигари од бензинска на „Лукоил“

Двајца маскирани и вооружени разбојници ноќеска ограбиле бензинска станица на „Лукоил“, на автопатот Скопје - Тетово, во близина на селото Арнакија, соопшти полицијата. Разбојниците, околу 1 часот по полноќ, влегле во бензинската и, заканувајќи му се на вработениот, зеле 3.000 денари и цигари. Полицијата засега нема осомничени лица и презема мерки за нивно откривање.

Разбојници нападнале и ограбиле кочанец

Дваесет и шестгодишен кочанец вчера пријавил дека бил ограбен од двајца разбојници во угостителски објект во градот, инфомираат од полицијата. Според пријавата на Љ.Л., тој бил нападнат од две непознати лица кои му зеле 28.000 денари. Кочанската полиција, по преземените мерки, ги привела А.С. (21) и Б.З. (40), кои се осомничени за разбојништвото и по целосното документирање на случајот, против нив...

Разбојници однеле 30.000 денари од аптека во Чаир

Двајца маскирани и вооружени разбојници вчеравечер ограбиле апетка во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.45 часот, на улицата Џон Кенеди, кога двајцата маскирани влегле во аптека на „Зегин“ и заканувајќи им се со пиштол на двете вработени, однеле околу 30.000 денари. Случајот бил пријавен во полиција, чии екипи извршиле увид на местото и...

Момче ограбено на улица во Чаир

Дваесет и двегодишно момче вчеравечер било нападнато и ограбено од двајца разбојници на улицата Христијан Тодоровски-Карпош, во населбата Чаир, информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 21 часот, кога две непознати лица му пришле од зад грб на С.М. (22), почнале да го удираат со раце и со нозе по телото, а потоа му го зеле мобилниот телефон и побегнале. По...

Притворен скопјанец осомничен за разбојништво

Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на скопјанецот Ф.С. (20), осомничен дека на средината од минатиот месец, вооружен со пиштол, ограбил аптека во населбата Чаир, информираат од МВР. Според полицијата, осомничениот на 13 јануари, со закана со пиштол, одзел 18.000 денари од аптеката „Голд мун“ на улицата Благоја Паровиќ. Скопјанецот бил откриен по проверката на снимките од безбедносните камери, а...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...