fbpx
Таг: разбојништво

таг: разбојништво

Разбојник oсуден на 15 години затвор по спогодба со Обвинителството

Разбојникот кој на почетокот на септември оваа година, се обиде да ограби менувачница во трговскиот центар во Велес, е осуден на единствена казна затвор од 15 години откако постигнал спогодба со надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес. „Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес постигна спогодба со обвинетиот Е.И. за кривичното дело разбојништво, од член 237, став 4, во...

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден

Ноќеска, околу 1.20 часот, непознат сторител ограбил бензинска пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден, соопшти полицијата. Со закана над вработен во бензиската, разбојникот, според полицијата, одзел една чанта со дневен промет од околу 10.000 денари. Полициската станица Гази Баба презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Вработен во златарница набркал разбојник со спреј-солзавец

Вработен во златарницата „Голд принцес“ вчера со спреј-солзавец набркал разбојник, кој со нож влегов во дуќанот и се обидел да го ограби. Според полициските информации, вчера, околу 11 часот, во златарницата, на улицата 8 Септември во Велес, влегол непознат сторител и со закана со нож од вработениот го побарал целото злато. Вработениот, наместо златото, од работниот пулт извадил спреј-солзавец и го...

Ограбено казино во центарот на Скопје

Непознато лице, маскирано и вооружено со пиштол, вчеравечер извршило разбојништво во автомат-клуб за игри на среќа во населбата Дебар-маало во центарот на Скопје. Според полицијата, разбојникот побегнал од казиното со плен од околу 51.000 денари. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило околу 19.30 часот во автомат-клуб на улицата Наум Наумовски Борче. Разбојникот, откако ѝ се заканил на вработената со пиштолот, ѝ...

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во скопско Дељадровце

Утрово, околу 3.50 часот, тројца маскирани и вооружени разбојници ограбиле бензинска пумпа на „Макептрол“, во скопското село Дељадровце, соопшти полицијата. Разбојниците, со закана кон еден од вработените, одзеле околу 9.000 денари и побегнале од местото. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Разбојник однел 3.000 евра од клуб за игри на среќа во Скопје

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, синоќа од автомат-клуб за игри на среќа во Скопје однел околу 182.000 денари или околу 3.000 евра, соопшти полицијата. Според полициските информации, разбојникот околу 21.20 часот влегол во автомат-клубот, инаку подржница на гевгелиската фирма „Д Слотс“, им се заканил на вработените со пиштолот, а потоа зел еден од нив, го однел до работниот пулт и...

Ограбена продавница во центарот на Скопје

Непознато лице, заканувајќи се со огнено оружје, утрово извршило разбојништво во продавница на улицата Мајка Тереза (поранешна Водњанска), во центарот на Скопје. Како што информира полицијата, разбојништвото се случило околу 4.30 часот, во продавницата „Пингвин ММ компани“. Вооружениот разбојник од продавница одзел околу 17.600 денари. Полицијата засега нема осомничено лице и презема мерки за расчистување на случајот.

Разбојници ограбиле вработени на бензинска во Скопје

Синоќа, околу 23 часот, двајца маскирани и вооружени разбојници ограбиле вработени на бензинската пумпа „Супер оил“ на улицата Александар Урдаревски во Скопје, информира полицијата. Како што информираат оттаму, разбојниците, заканувајќи се со огнено оружје од двајца вработени одзеле 6.000 денари и два мобилни телефони. Екипа на скопската полиција извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.

Разбојникот од банката во Влае осомничен за три кривични дела

Скопската полиција до Основното јавно обвинителство поднела пријава за три кривични дела против 43-годишниот А.М., кој вчера попладне ограби експозитура на Стопанска банка во населбата Влае, но, кратко по разбојништвото беше пресретнат и совладан од полицијата. Како што соопштуваат од МВР, против скопјанецот е поднесена кривична пријава, со која тој се товари за разбојништво, напад врз службено лице при вршење...

Разбојник завршил во Ургентен центар по грабеж на банка

Маскиран и вооружен разбојник попладнево ограбил експозитура на Стопанска банка во скопската населба Влае, но, при обидот за бегство, бил пресретнат од полициска екипа која интервенирала по грабежот. Од Секторот за внатрешни работи Скопје, за „Мета“ информираат дека разбојништвото се случило околу 14.10 минути, кога максирано и вооружено лице влегло во експозитурата, на улицата Ѓорче Петров, и заканувајќи се, од...

Разбојници ограбиле мигрант во Кумановско

Двајца маскирани разбојници, вооружени со пиштол, вчера вечер во близина на кумановското село Шупли камен ограбиле мигрант од Авганистан, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчера околу 18 часот двајцата разбојници, кои се превезувале со мотор, со пиштол му се заканиле на авганистанскиот државјанин С.А.(31), а потоа со рачката од оружјето го удриле во главата и му го зеле...

Откриени лицата кои убија човек и ограбија менувачница во Драчево

Министерството за внатрешни работи инфомираше дека го расчистила убиството и грабежот на менувачницата „Золит Трејд“ во Драчево, што се случија во февруари 2013 година. Се работи за лицата И.И (28) кој е во бегство и С.С (28) и двајцата од Скопје. На С.С му е одреден притвор во траење од 30 дена поради сомневање за сторено кривично дело „разбојништво“. „Кривичното дело...

Битолчанец осомничен за разбојништво, а негов пријател за помагање

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против И.Р. (36), жител на градот, кој се товари за разбојништво што, според полицијата, го извршил на почетокот на овој месец. Во врска со случајот, пријава е поднесена и против битолчанецот Љ.И. (53), кој се сомничи за кривичното дело помагање на сторител по извршено кривично дело. Според полициските информации, осомничениот И.Р., на 2...

Разбојник однел 200.000 денари од скопско казино

Маскиран и вооружен разбојник ноќеска ограбил казино на улицата 11 Октомври во Скопје, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, разбојништвото се случило десетина минути по полноќ, во казиното „Слот“, каде сторителот, заканувајќи се со пиштол на вработените, одзел околу 200.000 денари и побегнал. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојникот и за расчистување на случајот.

Разбојници украле пари и цигари од продавница во Скопје

Синоќа, околу 22.30 часот, две непознати лица извршиле разбојништво во продавницата „Агровита-мак“ на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, од која однеле плен во вредност од околу 10.000 денари. Како што информираат од полицијата, разбојниците со нож ѝ се заканиле на вработената и одзеле 2.300 денари и стотина кутии цигари. Полицијата засега нема осомничени лица и работи на расветлување на случајот.

Ограбена аптека на „Зегин“ во центарот на Скопје

Вчеравечер, околу 20.30 часот, во полиција било пријавено дека во аптека на „Зегин“, во кругот на Зелен пазар во Скопје, било извршено разбојништво од две маскирани лица, информираат од МВР. Според полицијата, разбојниците, заканувајќи се со нож, одзеле 8.000 денари од дневниот промет. Полицијата засега нема осомничени за разбојништвото и презема мерки за расчистување на случајот.

МВР: Нови 253 мигранти откриени во товарен воз од Грција

Министерството за внатрешни работи (МВР), во изминатите 24 часа, издало нови 253 потврди на мигранти, од кои дел биле откриени во товарен воз што од Грција пристигнал на железничката станица во Гевгелија, соопшти МВР. Според Министерството, мигрантите, меѓу кои имало и деца, биле откриени откако самите почнале да удираат по внатрешноста од вагонот, од страв да не се задушат, поради неподносливите...

Ѝ платил да имаат секс во хотел, а потоа ја ограбил

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривични пријави против четири лица, за два одделни случаи, кои се товарат за разбојништво и за разбојничка кражба. Според полициските информации, во едниот случај, О.Ф. (23) од Демир Хисар, договорил состанок со девојка во хотел во Битола и ѝ платил одредена сума за сексуални услуги. Но, во моментот кога таа сакала да си замине...

Четири момчиња осомничени за разбојништво и за тешка кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против четири момчиња, од нив двајца малолетници, осомничени дека пред една недела нападнале и ограбиле две лица на улицата Лазар Личеновски, во центарот на градот, информираат од полицијата. Според пријавата, Д.Ф. (20), Д.Е. (20) и двајцата малолентици, на 16-годишна возраст, се товарат за кривичните дела разбојништво и тешка кражба на дрзок начин....

Скопјанец ограбен на булеварот Србија

Триесет и деветгодишен скопјанец синоќа, околу 21 часот, на булеварот Србија бил нападнат и ограбен од тројца разбојници, кои му одзеле 8.500 денари и два мобилни телефона, информира полицијата. По пријавувањето на случајот, екипа на полициската едница „Алфа“ пронашла и привела три лица, осомничени за разбојништвото. Како што информираат од полицијата, станува збор за Т.Б. (26), Н.Т. (26) и за М.К....

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...