fbpx
Таг: разбојништво

таг: разбојништво

Обвинителството започна истрага за разбојништво во спортска обложувалница во Битола

Наредба за спроведување истрага против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело „разбојништво“, донесе Основното јавно обвинителство Битола. Осомниченото лице на 8 февруари, маскиран влегол во подружница на спортска обложувалница на улицата „Охридска“ во Битола и со нож ѝ се заканил да вработената, барајќи да му ги даде парите. Таа исплашена се повлекла, по што осомничениот влегол...

Разбојништво во менувачница во Тетово

Четири лица, од кои двајца италијански и двајца македонски државјани, приведени се поради основи на сомнение дека вчера извршиле кривично дело „разбојништво“ во менувачница во Тетово, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово. „Првоосoмничениот се товари дека влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол, од метален сеф и фиока одзел парични средства во вкупен износ од...

Разбојник однел 6.500 евра од „Шпаркасе банка“ во Кичево

Вооружен разбојник вчера ја ограбил експозитурата на „Шпаркасе банка“ во Кичево, од каде одзел поголема сума денари и девизи, информира МВР. Грабежот се случил околу 12.30 часот, а разбојникот, со закана со пиштол од вработената одзел 100.000 денари, 2.500 евра и околу 2.800 американски долари, по што побегнал. Од МВР велат дека е извршен увид на местото и дека се трага...

Разбојници нападнале скопјанец и му го украле возилото

Две машки лица ноќеска околу 2 часот по полноќ на булеварот „Гоце Делчев“ нападнале возач и му го одзеле возилото, соопшти МВР. Напаѓачите со возило марка „ровер“ со непознати таблички му го попречиле патот на Б.Д. по што го извлекле од неговото возило „даеву рејсер“, физички го нападнале, му го одзеле возилото и побегнале во непознат правец. Полицијата презема мерки за...

Покрената кривична пријава против тетовец за разбојништво

Кривична пријава поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“ е поднесено против тетовец. Тој се сомничи дека заедно со непознато женско лице нападнале и ограбиле жител во стан на улицата „Методија Митевски“ во Скопје. Од МВР информираат дека кривичната пријава е поднесена против Н.Ш. (32). На 6 јуни минатата година околу 17 часот непознатото женско лице отишло во станот на...

Внук сакал да ги ограби баба си и дедо си

Го скршил стаклото на влезната врата на куќата на неговите баба и дедо и се обидел да ги ограби, но обидот му бил неуспешен, а бабата го препознала, па го пријавила в полиција. Ваков инцидент се случил вчера во Штип, половина час по полноќ, соопшти СВР Штип. Имено, штипјанецот К.С. (31) откако го скршил стаклото на влезната врата, ја отворил...

Ја ограбил сосетката и ѝ се заканувал

Брутално разбојништво извршил вчера 49-годишен маж, кој првин ја искршил влезната врата на куќата на неговата сосетка, а потоа ѝ се заканил и ѝ побарал пари. Како што соопшти СВР Куманово, инцидентот се случил вчера, околу 15 часот, на улицата Ѓуро Пуцар - Стари. А.И., кој живеел под кирија во објект во истиот двор со куќата на Ш.А. (49), откако...

Уапсен осомничениот за убиството на 67-годишната жена во Охрид

Разбојникот  кој завчера изврши убиство на 67-годишна жена во Охрид е уапсен во Куманово, во координирана акција на полицијата и на обвинителството. Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, осомничениот бил со потекло од Куманово, а во моментот на разбојништвото и на убиството живеел во истата станбена зграда со жртвата и се познавал со неа. По разбојништвото, тој заминал за Куманово и,...

Разбојник од Струшко добил секира по глава во охридско Ново Село

Жител на струшкото село Делогожда се обидел да изврши разбојништво во охридско Ново Село, откако со измама дека му треба леб, влегол во куќата на 56-годишната Ф.А. во 2 часот по полноќ и физички ја нападнал. Оштетената, која била сама, успеала да дојде до секирата и за да се одбрани, го удрила пријавениот по главата. Одкако пријавениот Ф.А. паднал на подот,...

Разбојник ограбил и до смрт претепал 91-годишен жител на Свети Николе

Вчера, во периодот меѓу 13 и 18.20 часот, непознат сторител претепал и ограбил 91-годишен жител на Свети Николе, во неговиот дом, информираат од МВР. Старецот, на кој му била укажана лекарска помош во светиниколската болница, ноќеска околу 2 часот им подлегнал на повредите. Според полициските информации, разбојникот во станот на улицата Рахилка Гонева, влегол преку незаклучена врата и со тап...

Вооружен и маскиран разбојник ограбил продавница среде Струга

Е.Р. (25) од струшкото село Корошишта, според МВР, вооружен и маскиран влегол во продавница лоцирана на улицата Моша Пијаде во Струга, им се заканувал на вработените и им ја обил касата. Поради постоење основан сомнеж дека сторил разбојништво, МВР му поднесе кривична пријава. Пријавениот, со капа на главата, шал на устата и со пиштол во рака, влегол во продавницата и со висок тон на вработените...

Мигранти пријавиле дека биле ограбени од мигранти

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, во транзитниот камп за мигранти во Табановце, пристигнале шест странски државјани, кои рекле дека се од Ирак и пријавиле дека врз нив претходниот ден било извршено разбојништво во кумановското село Лојане, информираат од полицијата. Според изјавите што ги дале на полицијата, разбојништвото го извршиле лица од Пакистан кои престојувале во Лојане. Тие, според пријавата,...

Разбојник ограбил аптека во ТЦ „Буњаковец“, со закана дека ќе ја зарази вработената со сида

Синоќа, околу 18.30 часот, непознат сторител извршил разбојништво во аптеката „Виола“, во трговскиот центар „Буњаковец“, од која однел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии таблети „вијагра“. Како што информираат од полицијата, кога влегол во аптеката, разбојникот со шприц ѝ се заканил на вработената дека ако не му ги даде парите, ќе ја зарази со сида. Откако ги зел...

Сменет шефот на полицијата во Келн поради нападите врз жени за новогодишната ноќ

Шефот на полицијата во Келн, Волфганг Алберс, е сменет од должност по критиките за несоодветното реагирањето на безбедносните сили на насилните инциденти за време на новогодишната ноќ, јавува „Ројтерс“. Германската јавност е во шок по откривањето дека на 31 декември дошло до повеќе сексуални напади, силувања и разбојништва врз жени во неколку поголеми германски градови, од страна на мажи од...

Изгубил пари во казино, па лажно пријавил дека го тепале и го ограбиле разбојници

Триесет и четиригодишен жител на тетовското село Копанце вчера пријавил дека бил нападнат и ограбен од тричлена разбојничка банда, но по кратката истрага, полицијата утврдила дека станува збор за лажно пријавување и дека повредите што му биле констатирани, осомничениот самиот си ги нанел. Како што информираат од МВР, вчера околу 22 часот во полициската станица Тетово било пријавено дека во...

Петмина мигранти од Мароко ограбени кај Демир Капија

Петмина илегални мигранти завчера, во два одделни случаи, биле ограбени од вооружени разбојници во близина на Демир Капија, информира МВР. Според полицијата, во средата, околу 13.30, три непознати лица, со закана со пиштол, извршиле разбојништво над двајца државјани од Мароко и им одзеле 1.750 евра и мобилен телефон. Неколку часа подоцна, односно околу 20 часот, исто така во близина на Демир...

Маскиран и вооружен разбојник ограбил златарница во Кочани

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчера претпладне ограбил златарница во Кочани, од која однел поголемо количество златен накит, информираат од полицијата. Грабежот се случил околу 11.35 часот, во златарницата „Боно“. Разбојникот, според полицијата, ја нападнал вработената, удирајќи ја со тупаници во главата, поради што таа паднала на подот, а потоа одзел поголемо количество златен накит и избегал. Вработената била пренесена во...

Уапсени лажните полицајци што ограбија двајца марокански мигранти кај Миравци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија ги упасила и поднела кривични пријави против тројца жители на селото Миравци, кои лажно претставувајќи се како полицајци, во понеделеникот, неделава, нападнале и ограбиле двајца мигранти од Мароко, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за П.Ј. (42), П.М. (34) и З.Ј. (35), кои според пријавата се товарат за разбојништво. Според МВР, разбојништвото се...

Кај Миравци нападнати и ограбени двајца мигранти од Мароко

Двајца државјани на Мароко, кои илегално ја поминале македонско-грчката граница, вчера околу 14 часот, во полициската станица во Гевгелија пријавиле дека биле нападнати и ограбени од четворица разбојници, информира полицијата. Според пријавата, двајцата мигранти, во понеделникот, во близина на селото Миравци, биле пресретнати од четири непознати лица, кои ги нападнале со дрвени палки и со електричен пиштол. Заканувајќи им се...

Маскиран и вооружен разбојник ограбил казино во ГТЦ

Непознат сторител, со маска на главата (фантомка) и вооружен со пиштол, синоќа ограбил казино во Градскиот трговски центар (ГТЦ), информираат од полицијата. Разбојништвото се случило околу 20 часот во казиното „Д-слот“, а сторителот одзел 140.000 денари или околу 2.300 евра.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...