fbpx
Таг: разбојник

таг: разбојник

Шеснаесетгодишник од Батинци доби кривична пријава за обид за разбојништво

Дека се обиделе да ограбат казино во раните утрински часови на 3 март, СВР Скопје товари шеснаесетгодишник од Батинци и негов четири години постар соселанец. Кривична пријава за обид за разбојништво добија А.Т. (20) и шеснаесетгодишникот, двајцата од скопското село. Тие во 3.45 часот влегле во казиното на улицата Иван Хаџи-Николов во Скопје и заканувајќи се со ладно оружје, од вработените побарале...

Ја ограбил сосетката и ѝ се заканувал

Брутално разбојништво извршил вчера 49-годишен маж, кој првин ја искршил влезната врата на куќата на неговата сосетка, а потоа ѝ се заканил и ѝ побарал пари. Како што соопшти СВР Куманово, инцидентот се случил вчера, околу 15 часот, на улицата Ѓуро Пуцар - Стари. А.И., кој живеел под кирија во објект во истиот двор со куќата на Ш.А. (49), откако...

Вработен во златарница набркал разбојник со спреј-солзавец

Вработен во златарницата „Голд принцес“ вчера со спреј-солзавец набркал разбојник, кој со нож влегов во дуќанот и се обидел да го ограби. Според полициските информации, вчера, околу 11 часот, во златарницата, на улицата 8 Септември во Велес, влегол непознат сторител и со закана со нож од вработениот го побарал целото злато. Вработениот, наместо златото, од работниот пулт извадил спреј-солзавец и го...

Ограбена продавница во центарот на Скопје

Непознато лице, заканувајќи се со огнено оружје, утрово извршило разбојништво во продавница на улицата Мајка Тереза (поранешна Водњанска), во центарот на Скопје. Како што информира полицијата, разбојништвото се случило околу 4.30 часот, во продавницата „Пингвин ММ компани“. Вооружениот разбојник од продавница одзел околу 17.600 денари. Полицијата засега нема осомничено лице и презема мерки за расчистување на случајот.

Разбојник се обидел да ограби менувачница во Велес

Избеган затвореник синоќа, околу 19 часот, со маска на главата влегол во менувачница во Велес за да ја ограби, но вработениот му се нафрлил и почнале да се борат. Вработениот успеал да го истурка разбојникот низ влезната врата, каде што продолжиле да се борат. Се слушнале и истрели од автоматската пушка, а куршумите завршиле во ѕид и во паркиран автомобил. Според првичните...

Ограбена бензинска на „Макпетрол“ во Чаир

Маскиран разбојник, вооружен со автоматска пушка, утрово ограбил бензинска пумпа на „Макпетрол“ во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Разбојништвото се случило околу 4 часот, на бензинската станица на „Макпетрол“ на улицата Кемал Сејфула. Вооружениот и маскиран разбојник со закана, од двајцата вработени одзел околу 168.000 денари, а потоа побегнал. Полициски екипи извршиле увид и, како што информираат, работат на расчстување на...

Разбојник со нож ограбил жена во нејзиниот дом

Непознат напаѓач, вооружен со нож, во саботата, во раните утрински часови, ограбил жена во нејзиниот дом во селото Слатино, општина Теарце. Разбојникот околу 3 часот влегол во куќата, сопственост на Ф.Ј., ја разбудил жената и со закана со нож ѝ побарал пари, по што таа му дала 350 евра. На излегување, сторителот ја повредил жената во пределот на раката.

Фатен разбојник кој нападнал и ограбил жена

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Скопје, поради постоење основи за сомневање дека извршил разбојништво, со што стекнал противправна имотна корист од околу 35.000 денари. „Кривичното дело пријавениот, заедно со уште три засега непознати лица, го извршил на 9 јули 2014 година, на подрачје на Ѓорче Петров кога, движејќи се со возило, ја пресретнал оштетената, при што А.С. ја...

Вработен во обложувалница разоружал и избркал разбојник

Вработен во спортска обложувалница во Куманово вчеравечер нападнал и избркал разбојник кој се обидел да го ограби, информираат од полицијата. Според полициските информации, синоќа, околу 22.45 часот, разбојникот влегол во спортската обложувалница „Вил хил“ на улицата Тоде Думба и заканувајќи му се на 24-годишниот кумановец, вработен во обложувалницата, од отворен сеф зел кутија со пари. Но, во тие моменти, бил...

Разбојник нападнал жена и ѝ ја одзел чантата

Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против А.Р. (25) од Охрид, поради постоење основан сомнеж дека сторил разбојништво. Пријавениот, на 19 декември, физички нападнал жителка на Охрид, по што се обидел да пребарува по нејзината чанта и по облеката. Настанот се случил околу 16 часот, на пресекот на улиците Димитар Влахов и Кузман Јосифоски во Охрид. Пријавениот ја пречекал оштетената која поминувала...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...