fbpx
Таг: ратификација

таг: ратификација

Грчкиот парламент во жешка атмосфера попладнево гласа за договорот за името

Иако во грчкиот парламент требаше да се гласа ноќеска за ратификација на Преспанскиот договор, постапката се развлече поради огромниот број пријавени пратеници за збор, поради што најверојатно за ратификацијата ќе се гласа денеска околу 14.30 часот по локално време. Сè уште е неизвесно каков ќе биде исходот, оти последните анкети во Грција покажуваат сериозна предност на опозициската Нова Демократија, која...

Во грчкиот парламент почнува процесот на ратификација на Договорот од Преспа

Нацрт-законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа денеска ќе го разгледа Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент. Нацрт законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, претходно ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди парламентарната процедура, односно колку...

Ќе се гласа за доверба на владата на Ципрас

Во парламентот на Грција денеска треба да продолжи  седницата на која ќе се гласа за доверба на владата на Алексис Ципрас. Гласањето би требало да се одржи попладнево. На вчерашното прво продолжение на седницата, имаше тензична атмосфера и жестока дискусија. Гласањето за доверба е на иницијатива на грчкиот премиер, кој се обидува да обезбеди доволно гласови за ратификација на Преспанскиот договор,...

Влада: Иванов ја злоупотреби функцијата за да ја блокира демократијата

Владата порача дека ја поддржува одлуката Законот за јазиците и Законот за ратификацијата на Преспанскиот договор да бидат објавени во Службен весник со потпис на претседателот на Собранието, Талат Џафери, имајќи го, како што се вели, „предвид прекршувањето на Уставот од страна на претседателот Ѓорге Иванов“. „Донесувањето на Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација е во целосна...

Иванов: Законот за јазиците и ратификацијата се објавени противуставно

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни, порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов во писмено обраќање. Тој вели дека постапката да се објават двата закона е основа за кривично гонење. „Со доставувањето на овие два закона во Службен...

Со 81 глас „за“, изгласани уставните измени

Со 81 глас „за“ вечерва пратениците во Собранието ги изгласаа уставните измени, односно амандманите 33 до 36, кои се обврска за Македонија според Преспанскиот договор што беше потпишан на 17 јуни минатата година. Претходно пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани. Според Уставниот закон кој беше исто така усвоен, овие амандмани влегуваат во сила дури откако...

Каменос со нов видео-спот му удри шлаканица на Ципрас пред гласањето во парламентот

Со клип што го објави денеска партијата „Независни Грци“ промовирајќи го новото партиско лого и новите бори на партијата, коалицискиот партнер на владејачката СИРИЗА, оваа партија му порачува на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека нема да гласа за ратификација на Преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „иЕфимерида“. Во клипот во кој има само анимација со црвена линија и по некоја капка крв,...

Македонија на седум чекори до столчето во НАТО

Формално седум чекори, од кои два суштински, ја делат Македонија од полноправно членство во НАТО. Процесот, според најавите, би требало да заврши до крајот на годинава. Првиот чекор е усвојување на уставните измени, односно формално спроведување на Преспанскиот договор. Целосното спроведување на договорот „меѓу Скопје и Атина“ е и формален услов во поканата што НАТО и ја упати на Македонија...

Столтенберг: Скопје и Атина до 15 февруари да завршат со Преспанскиот Договор

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа. Тоа, според грчкиот весник „Катимерини“ е наведено во писмо од Столтенберг, порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес. „Според некои назнаки, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, испратил писмо во кое Скопје и Атина се повикуваат на завршување на сите процедури...

Хан: На Мицкоски му кажав дека Договорот од Преспа мора да се реализира

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера на конгресот на Европските народни партии (ЕПП) во Хелсинки се сретнал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а по средбата на „Твитер“ напиша дека му нагласил на Мицкоски дека Договорот од Преспа мора да се реализира. Тој рече и дека Мицкоски ветил дека нема да ја попречува постапката во Собранието. „Корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ...

Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. -Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на процесите за уставна ревизија и...

Сценарија околу ратификацијата на Договорот за името во грчкиот парламент

Додека грчкиот премиер Алексис Ципрас ја завршува посетата на САД, се развиваат различни сценарија дали и колкав број пратеници во ќе гласаат кога Договорот од Преспа ќе дојде на ратификација во грчкиот парламент, јавува допосничката на „Мета“ од Атина. Потпретседателот на партијата Независни Грци, коалицискиот партнер на владата, Панајотис Сигуридис денеска изјави дека пратениците треба да ја почитуваат „официјалната партиска...

Каменос: Договорот за името нема да биде ратификуван

Панос Каменос, лидерот Независни Грци, помалиот коалициски партнер во владата на Алексис Ципрас, сè уште стои на ставот дека неговтата партија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа кога тој ќе дојде во грчкиот парламент. - Договорот нема да биде ратификуван. Ние, владините партнери ќе сториме се што е во наша моќ тој да не биде ратифукуван. Јасно...

Ѕанакопулос: Постои мнозинство во грчкиот Парламент да се ратификува Договорот од Преспа

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“, уште еднаш го повторува ставот дека Договорот од Преспа без проблем ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. - Секако дека ќе помине во парламентот. Може секој да ги изброи политичките изјави дадени до сега и да види дека постои реално мнозинство...

Коѕијас: Договорот ќе биде ратификуван, Грција го доби името назад

Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, порача министерот за надворешни работи Никос Коѕиас во интервјуто за грчкото радио „Риал фм“. Тој тврди дека Грција добила многу повеќе отколку нашата земја, која ќе мора да направи крупни промени, но и потоа сè ќе зависи од Грција. - Иако...

Пендаровски: Полноправно членство во НАТО на почетокот на 2020

Македонија очекува да стане полноправна членка на НАТО Алијансата во првиот квартал од 2020 година, рече на прес-конференција националниот координатор Стево Пендаровски. Тој посочи дека пристапните разговори би требало да завршат до крајот на годинава, а потоа ќе се чека ратификација во грчкиот парламент. - Очекуваме пристапните разговори да завршат до Нова година и потоа целиот процес ќе се префрли во...

За грчката влада крајот на летото ќе биде жежок и со набиена агенда

Неочекуваната разврска на кризата со двајцата грчки војници што по пет месеци заробеништво во Турција беа ослободени, нема премногу да ја успокои владата на Грција, која на крајот на летото и на почетокот на есента ја очекуваат многу клучни прашања од надворешната политика. Најважното е секако референдумот во Македонија за Договорот од Преспа, но и тоа што ќе се случи...

СДСМ: Иванов да не се става над Уставот и да не се противставува на волјата на граѓаните

Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Македонија, велат од СДСМ како реакција на соопштението од кабинетот на Иванов во кое се вели дека тој нема да го поддржи Договорот со Грција. „Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот е за членство на Македонија...

Костадинов: Договорот е патриотски чин, Иванов е должен да потпише

Пратеникот од СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, на прес-конференција во Собранието, откако пратениците вторпат го ратификуваа Договорот со Грција, порача дека станува збор за патриотски чин и договор што го обезбедува и зајакнува македонскиот идентитет, носи членство на Македонија во ЕУ и НАТО и ја обезбедува македонската иднина. Тој рече дека претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише, бидејќи...

Заев апелира до Иванов да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција

Претседателот Ѓорге Иванов да го потпише законот за ратификација на Договорот со Грција, а референдумот тоа само ќе го потврди, апелираше денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот фотоволтаичен систем на приватен објект, Заев напомена дека првпат по 27 години граѓаните добиваат шанса да одлучуваат за иднината на Македонија. – Верувам во нашиот народ...

Јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред

Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие - Скопје. „Дежурни од 7 до 14 часот ќе...