fbpx
Таг: ратификација

таг: ратификација

Чекор напред кон прифаќање на дипломите и движењето со лична карта во Западен Балкан

Собранието на РСМ денеска ги ратификуваше договорите за меѓусебно признавање на личните карти, за признавање на универзитетските дипломи и за признавање на професионалните квалификации на лекарите по медицина, дентална медицина и архитектите во рамки на земјите од Западен Балкан. Трите договори беа потпишани на самитот на Берлинскиот процес во ноември лани од страна на премиерите на Северна Македонија, Србија, Албанија,...

По Турција, и Виктор Орбан го проблематизира членството на Финска и Шведска во НАТО?

Мнозинството од владејачката партија Фидеш на Виктор Орбан во унгарскиот парламент го отфрли предлогот на опозициската Унгарска социјалистичка партија (МСЗП), со кој требаше да се одреди вторник 4 октомври како датум за парламентарно гласање за членството на Финска и Шведска во НАТО. Освен Унгарија, Турција е единствената членка на НАТО која сè уште не го ратификувала пристапувањето на двете земји...

Со огромно мнозинство Собранието го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО

Собранието на Северна Македонија на 82. собраниска седница денеска со огромно мнозинство ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО. Од регистрирани 120 пратеници, „За“ гласаа 103, вклучувајќи ги и најголем дел од пратениците на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, а „против“ гласале само двајцата пратеници на „Левица“. Како што покажуваат податоците на Собранието на Република...

Шпанскиот Сенат ќе го ратификува протоколот за наше членство во НАТО

Шпанскиот Сенат попладнево со почеток во 13 часот треба да ја заврши постапката за ратификација на протоколот за членството на Македонија во НАТО, со што процедурата за влез на Македонија во НАТО ќе биде комплетирана. Претходно Протоколот беше ратификуван долниот дом на шпанскиот парламент. По ратфикацијата во Сенатот документот треба да оди на потпис кај кралот Фелипе Шести, по што...

Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификуваше протоколот за НАТО, следен чекор е во Сенатот

Инфо-центарот за евроатлантски интеграции информираше дека Долниот дом на шпанскиот Парламент го ратификувал протоколот за членство на Македонија во НАТО. „Долниот дом (Конгрес) во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа „за“ и еден глас „против“! Следен чекор е гласање во Сенатот на Шпанија, и откако Кралот ќе го потпише протоколот, следи депонирање на пристапниот протокол во...

Димитров: Добрите вести од Шпанија се реалност во март

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на Аранча Гонзалес Лаја, министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка. Димитров бил информиран дека ратификацијата на Пристапниот протокол е веќе започната во шпанскиот Парламент, по скратена постапка и дека се очекува утре да биде усвоена од Комисијата за надворешни работи на Долниот...

Пратениците едногласно го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО

Собранието со 114 гласа „за“ го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. Законот е со одложено дејство и ќе стапи во сила откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека нашиот пат кон НАТО, гледан низ призмата на изминатите три децении, не беше ниту малку лесен и беше испреплетен...

Собранието ќе го ратификува договорот на НАТО – со одложено дејство

Собранието денеска ќе гласа за предлог-законот за ратификација на Северноатлантскиот договор, кој ќе има одложено дејство, односно ќе стапи на сила откако и последната членка на НАТО што го нема досега ратификувано протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО - Шпанија - ќе стори тоа. Се очекува партиите едногласно да го ратификуваат договорот, оти и опозицијата се изјасни дека...

Заев: Иницијативата за предвремена ратификација на протоколот за НАТО е политиканство

Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремена ратификација на протоколот за НАТО е политиканство, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе ја прифати иницијативата на опозициската партија кои вчера ја поднесоа до Собранието, кое пак ја препрати до Владата. Тој праша каде биле ВМРО-ДПМНЕ кога од нив се бараше да ја поддржат власта кога се отвораше патот...

Шекеринска: Голем успех е ратификувањето од 28 членки на НАТО за девет месеци

Дваесет и осум од 29 земји-членки практично за девет месеци го ратификуваа Протоколот за членство на Македонија во НАТО, што претставува силна политичка порака, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која напомена дека сме буквално на чекор од полноправно членство во Алијансата, откако денеска ратификацијата на Протоколот заврши и во Франција. „Денеска сме буквално на чекор до полноправно членство во...

Националното собрание на Франција го ратификуваше протоколот за НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров информираше дека Националното собрание на Франција го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. „Уште само еден чекор до целта што ја зацртавме во 1993 година - полноправно членство во Алијансата“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил. Остана уште Шпанија да го ратификува Протоколот за НАТО.

Холандскиот сенат го ратификуваше протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на  Македонија во НАТО, објави министерот за надворешни работи Никола Димитров на неговиот фејсбук-профил. Eerste Kamer steunt NAVO-toetreding Noord-Macedonië. Wetsvoorstel minister Blok @MinBZ vanmiddag aangenomen. https://t.co/2cSLZtJw0H pic.twitter.com/dyOUvfpqC4 — Eerste Kamer (@EersteKamer) November 12, 2019 Остануваат уште две земји кои треба да го ратифукуваат протоколот, а тоа се Шпанија и Франција. Францускиот амбасадор во земјава Кристијан...

Изборите во Шпанија ги искомпликуваа работите, Македонија ќе почека за НАТО

Според резултатите од речиси 99 отсто преброени гласови на вонредните парламентарни избори во Шпанија, победа остварија социјалистите на премиерот Педро Санчез, кои освоиле околу 122 места во Долниот дом на Парламентот, додека конзервативната опозициска Народна партија 87 пратенички мандати. Но, тоа не се доволно пратеници за партијата самостојно да формира влада, бидејќи прагот е 176 пратенички мандати, а партијата...

Заев: Не смееме да дозволиме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев смета дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но се остава можност за какви било промени, пред се заради ратификацијата на Протоколот за прием на државата во НАТО. – Сите 29 земји членки го ратификувале Протоколот и кога ќе дојде до Република Македонија да го ратификува не смееме да...

Заев и Палмер: Северна Македонија и САД убедени во успех во евро-атлантските интеграции

На денешната средба премиерот Зоран Заев и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан, Метју Палмер, и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, се согласиле дека „е непоколеблива определбата на земјата за евро-атлантските процеси и дека Северна Македонија и САД го делат оптимизмот дека ќе бидат успешно заокружени“, соопшти Владата. Заев до Палмер изразил благодарност за...

Чешка го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој е во еднодневна работна посета во Прага, во рамки на Самитот на премиерите на државите од Вишеградската Група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан. Чешка е 17. земја која го ратификуваше протоколот за прием на...

Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за НАТО

Вчера, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во САД, го предаде официјалниот документ за ратификација на протоколот за пристапот на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Амбасадата на Германија во Македонија. „Со тоа, во Германија постапката за ратификација за пристапување на Северна Македонија во НАТО е завршена“, соопштуваат од таму. Германскиот Бундестаг го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО...

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО. Ратификацијата на Протоколот заеднички на „Фејсбук“ ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава. Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во...

Уште осум држави треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

Турција и Чешка се последните две држави кои го ратификуваа протоколот за членство во НАТО на нашата држава. Чешка е 21-та држава која го ратификуваше овој документ и со тоа останаа уште осум држави, кои во нивните парламенти треба да дозволат влез на Северна Македонија во НАТО-алијансата. „Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност...

Турција го ратификуваше протоколот за членство во НАТО

Народното собрание на Република Турција синоќа го ратификуваше протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. - Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол. teşekkür ederim!- објави на својот фејсбук-профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Ратификацијата на Протоколот ја потврди на „Твитер“ и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин. - Големото Народно собрание...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...