fbpx
Таг: распуштање

таг: распуштање

Антикорупциска ќе бара распуштање на Советот на општина Карпош поради ДУП-от за „Пуцко Петрол“

Антикорупциската комисија ќе достави до Министерството за локална самоуправа претставка за понатамошно постапување за распуштање на Советот на општина Карпош во согласност со членот 75, став 1, точка 1 од Законот за локална самоуправа поради тоа што во два навратa го донеле Деталниот урбанистички план за градската четврт 3 04, а истиот бил поништен од Уставниот суд. Во спорниот ДУП...

Пред распуштањето, бугарскиот парламент ги осуди „насилствата врз македонските Бугари“

Бугарскиот парламент денеска, ден пред да биде распуштен, со големо мнозинство изгласа декларација за осуда на „ескалирачките агресивни антибугарски пројави во Република Северна Македонија“. Декларацијата претставува предлог-текст што Комисијата за надворешна политика, раководена од поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева од ГЕРБ, го подготви од четирите предлози. Еден беше на пратеничката Десислава Атанасова од ГЕРБ, вториот од Андреј Ѓуров од...

Порталб: Владата го распушти Советот на општина Тетово, наскоро нови локални избори

Во општина Тетово наскоро ќе мора да се одржат нови локални избори, на кои ќе се избираат нови членови на Советот на општина Тетово, откако Владата денеска донесе одлука да го распушти Советот во неговиот сегашен состав, јави Порталб.мк, повикувајќи се на информација од Владата. Денешната одлука на Владата уследи по прекршувањето на ставот 2 од членот 75 на Законот...

Во неколку градови се протестираше против поскапувањето на струјата (Галерија)

Во неколку градови во земјава вчера попладне се одржаа протести против поскапувањето на струјата. Учесниците на протестот во Скопје се собраа во Паркот Жена-борец и во паркот во Чаир, од каде потоа се упатија пред зградата на Владата. Носеа транспаренти  „Граѓани што не се слушани, стануваат непослушни“, „Национализација“, „Та не сме саде ние, та не сме саде тука“, „Доста...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да се распушти денеска

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека пратеничката група на оваа партија бара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да го распушти Парламентот. „Сакаме да го потсетиме претседателот Џафери на неговата изјава дека Собранието треба да се распушти на 12 февруари, при што рече дека самиот ќе поднесе одлука за распуштање. Џафери да биде дециден и да...

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесе иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека партијата денеска поднела иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари. -Ги повикуваме сите политички партии во државата вклучително и СДСМ да се приклучат на иницијативата и да ја поддржат и на 12 февруари како што беше планирано да се распушти Собранието - одговори Мицкоски на новинарско прашање по денешната средба во Стопанската...

Мицкоски предложи професори да го напишат Законот за јавно обвинителство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција предложи шестмина професори по уставно и казнено право да го напишат Законот за јавно обвинителство. Тој како што рече не е против овој закон туку е пртив актуелниот предлог-закон кој го нарече партиски. Мицкоски ги предложи професорите Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ...

Заев: Aко ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за ЈО, тогаш Парламентот нема да се распушти

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека многу е важно Законот за јавно обвинителство да се донесе во Парламентот, во спротива тој нема да се распушти. „За мене е многу важно законот да се гласа во Парламентот, значи кога ќе се гласа тој може да се донесе или да не се донесе, друга опција нема. Ако опозицијата се обидува да...

Заев: Не смееме да дозволиме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев смета дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но се остава можност за какви било промени, пред се заради ратификацијата на Протоколот за прием на државата во НАТО. – Сите 29 земји членки го ратификувале Протоколот и кога ќе дојде до Република Македонија да го ратификува не смееме да...

Џафери: Собранието ќе се распушти на 11 февруари

Собранието ќе се распушти 60 дена пред одржување на изборите на 12 април, односно на 11 февруари, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите. Кон крајот на декември, до Собранието треба да стаса предлогот со имиња за техничка влада која треба да биде избрана 100 дена пред одржување на изборите, за да може Џафери на 3...

Британскиот Парламент суспендиран на пет недели

Парламентот на Велика Британија е суспендиран рано утрово за пет недели, до 14 октомври – само две недели пред закажаниот датум за Брегзит, на 31 октомври. Пратениците го отфрлија предлогот за одржување предвремени избори, за кои се залагаше премиерот Борис Џонсон. Опозицијата го обвинува премиерот дека се обидува да ги спречи парламентарците да го разгледаат неговиот план за Брегзит. Предлог-законот со кој...

Рахој побара суспендирање на каталонската влада и предвремени избори во покраината

Шпанската влада на денешната вонредна седница донела одлука за распуштање на каталонската влада и за одржување на вонредни избори во покраината, соопшти по седницата шпанскиот премиер, Маријано Рахој. Тој изјави дека владата во Мадрид не сакала, но била принудена да го примени членот 155 од уставот на Шпанија, поради однесувањето на каталонските власти со иницијативата за прогласување независност на покраината. Рахој...

„Мост“: Минатиот парламентарен состав ѝ бил подреден на Владата

Пратениците од минатиот состав на Собранието во 2016 година биле подредени на Владата, посочува првиот извештај од надзорот на работата на Собранието на Република Македонија од проектот „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ на граѓанската асоцијација „Мост“. Од 365 постапки за донесување закони во Собранието на Република Македонија во претходниот парламентарен состав, во периодот од почетокот на 2016 година до...

Распуштање на СЈО, побараа членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид

Поголема група симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне одржаа мирен собир пред Секторот за внатрешни работи во Охрид, каде неколку дена на информативен разговор се повикуваат членови на партијата, во врска со финансирањето на партијата и со личните донации за изборите во 2014 година. Меѓу демонстрантите, доминираа вработени во здравствените организации од Охрид, јавните претпријатија, локалната самоуправа и други. Насобраните...

НДМ бара Уставниот суд да ја поништи одлуката за распуштање на Собранието

Народно движење за Македонија (НДМ) денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за поништување на одлуката за распуштањето на Собранието на Република Македонија. - Иницијативата се поднесува од две причини. Првата се сведува на фактот што Собранието го прекрши рокот за распуштањето. Имено, член 63, став 3 од Уставот е многу јасен и прецизен и утврдува точен рок за избор на пратеници...

ВМРО-ДПМНЕ, овојпат, без еуфорија го дочека распуштањето на Собранието

По вчерашното распуштање на Собранието, недостигаше големата еуфорија кај симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, кои, за разлика од вчера, по одлуката за распуштање на Собранието на 6 април славеа по улиците, а прослава имаше и во партиското седиште. Исто така, тогаш спикерот на Собранието на седницата на која не присуствуваа пратениците на опозицијата, по одлуката за распуштање на Собранието, доби громогласен аплауз...

Денеска се распушта Собранието, ќе се гласаат буџетот и, можеби, законите за СЈО

На денешната седница треба да се распушти Собранието на Република Македонија за да може на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Иницијативата за распуштање на Собранието ја даде СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ја прифати со услов претходно да се усвои буџетот за 2017 година. Точката за распуштање на Собранието ќе биде веднаш по точката за усвојување на буџетот за 2017...

Утре се распушта Собранието, ќе се гласаат буџетот и, можеби, законите за СЈО

На утрешната седница треба да се распушти Собранието на Република Македонија за да може на 11 декември да се одржат предвремени парламентарни избори. Иницијативата за распуштање на Собранието ја даде СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ ја прифати со услов претходно да се усвои буџетот за 2017 година. Точката за распуштање на Собранието ќе биде веднаш по точката за усвојување на буџетот за...

СДСМ: Вељаноски ја разобличи намерата на ВМРО-ДПМНЕ да избега од избори

„Трајко Вељаноски, со едно соопштение, ја разобличи провидната намера на ВМРО-ДПМНЕ да го избегне распуштањето на Собранието и да избега од избори на 11 декември. Пратеничката група на СДСМ и коалиционите партнери ќе присуствуваат и ќе гласаат за распуштање на Собранието денеска, во термин во кој претседателот на Собранието ќе ја закаже седницата“, пишува во реакцијата на СДСМ, на...

Вељаноски: Собранието ќе се распушти в понеделник

Точката за распуштање на Собранието ќе биде ставена на дневен ред на 17 октомври, веднаш по точката за усвојување на буџетот за 2017 година, информираа од кабинетот нa претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски. „Претседателот на Собранието го поздравува ставот на пратеничката група на СДСМ за распуштање на Собранието, за разлика од минатите двапати кога оваа партија бараше одложувања на веќе...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...