fbpx
Таг: распит

таг: распит

Обвинителството бара притвор за тројца од петмината приведени за исчезувањето на Вања

Основното јавно обвинителство бара притвор за тројца од петмината кои беа приведени вчера, а се поврзани со случајот за исчезнувањето на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска, информираат оттаму. „Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази. За тројца од петмината приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор...

Јавното обвинителство со индикации дека д-р Жан Митрев може да ја напушти државата

Доктор Жан Митрев денеска бил повикан на распит во Основното јавно обвинителство од Скопје, во врска со предметот кој беше отворен по сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), за лекување на ковид пациенти со хемофилтрација. Kaко што информираат оттаму, по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство денеска донело наредба за спроведување истражна постапка...

Мицкоски не дојде на распит во „Беко“, советникот на Чулев, Љупчо Андоновски презема одговорност за „Боемска“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше повикан на распит во полициската станица „Центар“, но тој не се појавил на разговорот. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. За разлика од Мицкоски, поранешниот директор на УБК и актуелен советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски се појави во „Беко“ и на распитот изјавил дека тој побарал од...

Сулејман Реџепи не се појави во Обвинителство за да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците

Првиот човек на Исламската верска заедница (ИВЗ) повторно не се појави во Јавното обвинителство за да даде исказ за говорот на омраза кон Македонците, но и кон судијката што го одобри неговото разрешување од функцијата поглавар на ИВЗ, јави „Порталб“. Причината за неговото непојавување била лошата здравствена состојба на адвокатот на Реџепи, кој преку телефон побарал одложување на распитот. -При последниот...

Јанакиески и Ристовски во притвор, Вељаноски го спаси пратеничкиот имунитет

Во најновиот развој на случајот против учесниците во насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, од вчера поранешниот министер за транспорт и врски и поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, потоа поранешниот министер за труд и социјална политика и за образование, Спиро Ристовски, од вчера се во притвор, додека поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, по распитот...

Панчевски на распит во обвинителтво, осомничен е за две кривични дела

Судијата Владимир Панчевски денеска е на распит во Јавното обвинителство, како осомничен за злоупотреби со АКМИС системот (електронски систем за распределба на предмети) во периодот кога беше претседател на Кривичниот суд во Скопје. Тој се товари за две кривични дела, за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовесно работење во служба. Поканата за распит од обвинителството, Панчевски ја сподели...

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО за „МПМ“

Поранешните први луѓе на Медиа принт Македонија (МПМ), Срѓан Керим и Јана Станисављева, се повикани на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), јави „Сведок“. Двајцата треба да дадат исказ во рамки на истрагата за бројни злоупотреби во МПМ, што ја води ова обвинителството откако предметот го презеде од Основното јавно обвинителство. Компанијата беше издавач на згаснатите весници „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“. Обвинителката...

Прв распит кај обвинител на притворените за претепувањето на Никола Саздовски

На однапред договорен термин во Скопското обвинителство, за насилство со тешки телесни повреди врз Никола Саздовски кој подоцна почина од повредите, денеска дојдоа на прв распит осомничените двајца Б. Б. (20), С. Д. (21), јави СДК. Ова е првпат тие да дојдат во Обвинителството. Асмир Алилспахиќ, адвокатот на второосомничениот, рече дека тој првпат се гледа денеска со осомничените како нивни бранител....

Судот им одреди притвор на пратениците Мукоски, Арнаудов и Василевски

Кривичниот суд по денешниот распит, попладнево им одреди притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април. Нивните колеги, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, добија куќен притвор. Мукоски, Арнаудов и Василевски попладнево, со полициска придружба, беа изнесени од задниот влез на Кривичниот суд и ставени во полициско комби, кое...

Мукоски: Нема основа за судот да ни додели притвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, на доаѓање во Кривичниот суд на распит кај судија на претходна постапка, рече дека нема основа за судот да му одреди притвор. - Нема основа за притвор, но оставаме судот да цени и да го каже последниот збор – рече кратко Мукоски и додаде дека редовно се јавувал во судот и дека верува во правдата. Претходно, во...

Пратениците Тарчуловски и Пешевска дојдоа на распит во Кривичниот суд

Во Основниот суд Скопје 1 утрово на распит пред судија на претходна постапка пристигнуваат шесте пратеници кои се осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27 април годинава. Досега пристигнаа пратеникот Јохан Тарчуловски и пратеничката Жаклина Пешевска. Пред Кривичниот суд се и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Крсто Јовановски и Зоран Илиевски, како и роднини на осомничените...

Љупчо Палевски беше на распит во СЈО, изјави дека станува збор за предистражна постапка

Скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо беше на распит во Специјалното јавно обвинителство. Палевски, заедно со неговиот адвокат вечерва ги напуштија просториите на СЈО, по што кратко изјави дека станува збор за предистражна постапка. Палевски вчера беше приведен на барање на Специјалното јавно обвинителство. Засега официјално не е познато за што се товари Палевски. Се шпекулира дека Палевски е приведен поради тоа што...

По два часа распит во СЈО, Мијалков замина без да даде изјава

Два часа траеше распитот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во Специјалното јавно обвинителство, но и понатаму е непознато за кои случаи тој беше повикан денеска да даде исказ. По излегувањето од просториите на СЈО, Мијалков не сакаше да даде изјава за медиумите, а за тоа за што е повикан упати на одговор во Обвинителството. Оттаму, пак, не откриваат...

Мијалков пристигна на распит во СЈО

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде, најверојатно, треба да даде исказ за некои од случаите за кои го гони СЈО. Мијалков пристигна околу 13 часот придружуван од адвокатот Љупчо Шврговски, но не сакаше да даде изјава за медиумите пред да влезе во просториите на СЈО. Засега од СЈО не откриваат...

Груевски денеска во СЈО, продолжува распитот на осомничените во „Талир“

Денеска околу пладне во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да продолжи распитот на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени во случајот „Талир“, меѓу кои е и лидерот на партијата, Никола Груевски. Покрај Груевски, кој е првоосомничен во случајот, од СЈО покани им се испратени и исказ треба да дадат и пратеникот Илија Димовски, Кирил Божиновски и Мартин Протогер, кои се дел...

Гужва пред СЈО: Јанакиески, Димитриев, Рангелова и Ременски дојдоа, на ред се Груевски, Димовски…

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев денеска не дал исказ во Специјалното јавно обвинителство, туку како што изјави побарал увид во доказите за случајот „Талир“, каде тој е еден од 11 осомничени. Димитриев во СЈО се задржа околу еден час, а беше придружуван од адвокатот Никола Додевски., кој е бранител на повеќето осомничени во случаите што...

Сеад Кочан дојде на распит во СЈО за „Труст“

Првоосомничениот за случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде треба да даде исказ. Кочан во СЈО пристигна со својот адвокат Никола Додевски. Инаку, претходно Кочан во СЈО се појави на 26 мај, кога побарал и добил увид во доказите, кои му биле дадени во електронска форма. Ова е прво доаѓање на Кочан...

Напаѓачот на Шекеринска, на распит во Обвинителството

П.А., кој ја нападна пратеничката на СДСМ, Радмила Шекринска, во Собранието, за време на инцидентите на 27 април, синоќа беше на распит во Обвинителството. „Откако П.А. влегол во салата каде се одржувала прес-конференција, со употреба на физичка сила ги нападнал пратениците З.З., Р.Ш. и Р.И., а воедно се туркал со вработени од обезбедувањето. По завршување на разговорот и констатирање на...

Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори нов случај, јас сум таргет на Зврлевски

Секојпат кога Специјалното јавното обвинителство ќе отвори нов случај, Зоран Заев е таргет на Републичкото јавно обвинителство, изјави лидерот на СДСМ по денешниот „распит“ во ОЈО Скопје. Заев во обвинителството се задржа околу половина час и, како што изјави по излегувањето, денеска нему и на неговиот адвокат, Ване Андреев, им биле усно презентирани сомневањата за кои обвинителството ги товари него,...

Заев пристигна во ОЈО на распит за изборни нерегуларности

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, точно напладне пристигна во Основното јавно обвинителство Скопје, каде треба да даде исказ во врска со истрагата што се води против него за изборни нерегуларности. Заев во обвинителството дојде заедно со неговиот адвокат, Ване Андреев. Тој не даде изјава и најави дека по завршувањето на распитот, ќе излезе со коментар за медиумите, кои во голем...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...