!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Објавен конкурсот за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“


Струга, 21 декември, 2016 - 10:02 (META) 

Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга, седми пат распишаа конкурс за наградите „Крсте Чачански“ – за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ – за необјавена поетска збирка.

Расказите, односно песните, не треба да се претходно објавувани.

Секој расказ треба да не биде подолг од 100 реда (три страници новинарски проред) и да има наративна форма.

Поетската збирка треба да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.

Ракописите во четири примероци треба да се испратат, најдоцна до 20 април 2017 година или по електронски пат на: raskazchachanski@hotmail.com, zbirkakoteski@hotmail.com.

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“ се: Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски, Славчо Ковилоски, Зоран Пејковски и Васил Тоциновски.


Конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“


Охрид, 19 декември, 2014 - 10:00 (META) 

Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга и ревијата за книжевност „Бранувања“, петтипат го распишуваат востановениот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ – за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ – за необјавена поетска збирка.

Според пропозициите, расказите, односно песните не смеат претходно објавувани. Расказите треба да не се подолги од 100 реда (три страници новинарски проред) и да имаат наративна форма. Поетската збирка да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.

Ракописите во четири примероци да се испраќаат на адреса: „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 6300 Струга, со назнака: конкурс за наградата „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“ најдоцна до 20 април 2015 година, или по електронски пат на: raskazchachanski@hotmail.com и zbirkakoteski@hotmail.com.

Две тричлени жирија, составени од компетентни македонски писатели, ќе го извршат изборот на наградените книги, кои ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите на 3 јули 2015 година во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“ се Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински и Марина Мијаковска.