fbpx
Таг: ранети

таг: ранети

Ранети двајца полицајци во Швајцарија, напаѓачот е во бегство

Швајцарската полиција трага по 33-годишен маж кој утринава рани двајца полицајци во местото Рехетобел, јавуваат швајцарските медиуми. Инцидентот се случил нешто по девет часот, кога полицијата се обидела да ја претресе куќата на осомничениот. Тој отворил оган и ранил двајца полицајци, кои веднаш се хоспитализирани. Осомничениот е во бегство и веројатно е вооружен, предупредува полицијата.

На Филипини ранети 33 лица во два бомбашки напади

Најмалку 33 лица се ранети во два одвоени бомбашки напади на Филипини, од кои еден е изведен за време на аматерски боксерски меч, соопштија денеска локалните власти. Во првиот напад, доцна синоќа, експлодирале две бомби на централниот остров Лејте. Ранети се седум лица кои го следеле боксерскиот меч во градот Хилонгос, информираше полицијата. Уште една бомба, која не експлодирала, е пронајдена во...

За Божиќ во Чикаго ранети 40 лица, 12 загинати

Божиќниот викенд во Чикаго оваа година беше рекорден по бројот на ранувања од огнено оружје. Дури 40 лица беа ранети, а од нив 12 починале. Чикаго веќе некое време е под лупа поради зголеменото насилство во градот, а од локалната полиција изјавија дека причината за тоа се зачестените судири помеѓу бандите. При рацијата, за време на божиќниот викенд, полицијата запленила и 45...

Бомбаш самоубиец во Сирија рани 12 лица

Во експлозија за која се верува дека ја извел бомбаш самоубиец на Исламска држава, на улица во градот Ал-Рај на северот од Сирија, ранети се 12 лица, поголемиот дел од нив деца. Ова го потврдија локални безбедносни и болнички извори. Градот Ал-Рај се наоѓа два километри јужно од турската погранична покраина Килс, област која ја контролираат сириските бунтовници, кои ги поддржува...

Се зголемува бројот за жртвите во Дијарбакир

Осум загинати и повеќе од 100 повредени е последниот биланс од силната експлозија што се случи во јужниот турски град Дијарбакир, претежно населен од Курди, јавува весникот „Хуриет“, цитирајќи го премиерот Бинали Јилридим. Меѓу загинатите, како што соопшти премиерот, има двајца полицајци, пет цивили и едно лице за кое постои сомневање дека е припадник на Курдската работничка партија (ПКК). Експлозијата се случила...

ОН најавуваат евакуација на 200 ранети од Алепо

Високиот претставник на ОН, Јан Егеланд, денеска изјави дека ОН ќе се обидат да обезбедат евакуација на околу 200 ранети лица и да достават храна и лекови во сирискиот град Алепо. Егеланд рече дека „ОН не се предаваат“ и додаде дека во минатото недостигот од доверба, стравот и неразбирањето, како и неприфатливите услови ги уништиле хуманитарните напори. Воздушните напади на сириските и на...

Најмалку 4 лица загинаа, а 12 се ранети во експлозија во Јемен

Најмалку четири лица загинаа, а 12 се ранети при експлозија која се случила за време на погреб во јеменскиот град Марибу, источно од главниот град Сана. Експлозијата се случила за време на оддавање на почест на починатиот Абдуралаб Шададиј, кој бил воен заповедник и бил убиен пред неколку дена во борбите против бунтовниците Хути. Непријателствата во Јемен се зголемија по неуспешните...

Во напад на бомбаш самоубиец во Турција, 18 лица загинаа, а 26 се ранети

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави во Истанбул дека во експлозија на автомобил бомба на југоистокот на Турција загинале 18 лица, а 26 се ранети. Тој го осуди нападот и нагласи дека Турција ја продолжува борбата против тероризмот. https://twitter.com/StopTurkishGov/status/785078512604614656 - Нападот го изврши бомбаш самоубиец кој крена во воздух комби со пет тони експлозив во близина на воен пункт – изјавил Јилдирим. Во нападот...

Напаѓач со нож рани осум лица во Минесота

Осум лица се ранети при напад со нож во трговски центар во Сент Луис, Минесота. Шефот на локалната полиција, Блер Андерсон, изјави дека напаѓачот бил убиен од полицаец кој не бил на должност во тој момент и дека се сомневаат дека станува збор за напаѓач кој бил радикализиран муслиман. Напаѓачот бил вооружен со нож и облечен во униформа од приватна компанија...

29 лица се повредени во експлозија во Њујорк

Најмалку 29 лица се повредени при експлозија која синоќа се случи во квартот Челси на Менхетен, а на друга локација, во истиот дел на Њујорк е пронајдено нешто што личи на експрес-лонец, кој со жици е поврзан со мал темен уред, јавува „Си-ен-ен“. Полицијата ги проверува видеозаписите од местото на првата експлозија, на кои изгледа е прикажано лице кое остава...

Нов напад во Кабул, најмалку еден загинат

Најмалку еден цивил загинал во вооружен напад на канцелариите на меѓународна хуманитарна организација во центарот на главниот град на Авганистан, Кабул, јавува „Би-би-си“. Пукањето почнало кога четири вооружени лица влегле во зградата на хуманитарната организација „Кер“ (Care). На престрелката ѝ претходела експлозија на автомобил бомба, во близина на зградата. Сите напаѓачи, како што пренесува „Би-би-си“, се убиени, а засега никој не...

Двајца полицајци се убиени во напад на полициски пункт во Каиро

Во напад на контролен полициски пункт во Каиро, убиени се двајца полицајци соопштуваат египетските медиуми. Според пишувањата, во овој напад тројца полицајци и двајца цивили се ранети. Ниту една милитантна група се уште не ја презела одговорноста за овој напад, а египетската влада наведува дека истрагата е во тек, пренесуваат медиумите. Безбедносните сили на Египет се цел на напад откако војската го...

Напад на полициска станица во Турција – тројца загинати и 40 ранети

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 40 се ранети откако автомобил-бомба експлодира пред полициска станица во источната турска провинција Ван, соопшти гувернерот на провинцијата. Засега не се знае колку полицајци и цивили има меѓу загинатите и ранетите во нападот на станицата, која се користи и како полициска касарна. Засега не се откриваат повеќе детали за нападот, за кој се...

Најмалку 25 загинати во два бомбашки напади во Багдад

Најмалку 25 лица загинале, а околу 70 се ранети во два одвоени бомбашки напади што утрово се случиле во Багдад, соопшти ирачката полиција. Цел на нападите биле воен пункт и деловниот кварт во Багдад. Нападите се случуваат во време кога ирачките сили се обидуваат да ги истиснат милитантите на Исламска држава од Фалуџа, град кој се наоѓа на околу 50 километри...

Пукање во Вашингтон, повредени четири лица

Најмалку четири лица се повредени во близина на Капитол во Вашингтон, каде непознат маж отворил оган. Пукањата се случиле северно од станицата Јунион и околу еден километар северно од Капитол. На местото пристигнале повеќе амбулантни возила, кои ги однеле во болница тројцата ранети со прострелни рани и еден полицаец на велосипед, кој бил удрен од автомобил на местото на настанот.

Пукање на концерт во Австрија, две лица убиени и 11 ранети

Две лица се убиени, а 11 биле ранети, кога вооружен маж синоќа отворил оган за време на концерт во близина на градот Ненсинг во Австрија, а потоа се самоубиство, јавуваат австриските медиуми. Полицијата соопштила дека напаѓачот претходно се расправал со жена на паркинг, а потоа зел оружје од својот автомобил и отиштол на концертот каде почнал да пука на групата...

ОН: Во Украина досега загинале 9.333 луѓе

Обединетите нации (ОН) проценуваат дека во досегашниот конфликт во Источна Украина загинале 9.333 луѓе. Во март таа бројка изнесуваше 9.160 луѓе. Бројот на ранетите е околу 21.400 лица. Во извештајот се наведува дека борбите особено ескалирале во изминативе неколку недели и тоа на ниво како во август 2014 година, кога биле најинтензивни. Двете страни во конфликтот, украинските владини сили и сепаратистите поддржани од...

Во бунтовнички напад врз курдски кварт во Сирија загинаа 18 цивили

Најмалку 18 цивили вчера загинаа во бунтовнички артилериски напад врз курдски кварт во сирискиот град Алепо, во Северна Сирија, информираа од Сирискиот центар за надзор на човековите права. Во нападот со кој е прекршено примирјето од 27 февруари има и 70 ранети, од кои 30 се деца. Нападот бил врз квартот Шеих Максуд, населен главно со Курди. Според директорот на центарот, Рами Абдел...

Двајца полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

Двајца полициски службеници се убиени, а најмалку 14 други, меѓу кои и неколкумина цивили, се повредени во експлозија на автомобил-бомба, што се случила рано утрово во југоисточниот дел на Турција, јавуваат светските агенции. Турските официјални власти соопштуваат дека зад нападот стојат милитанти на Курдската работничка партија (ПКК). Засега никоја не ја презел одговорноста за нападот. Бомбашкиот напад, како што пренесуваат медиумите, се...

Најмалку седум убиени во вооружен напад во Мичиген, САД

Најмалку седум лица се убиени, а три се ранети откако непознат напаѓач синоќа отворил оган на повеќе локации во градот Каламазу во американската сојузна држава Мичиген, пренесуваат светските медиуми. Според „Би-Би-Си“, пет лица биле убиени во ресторан, а две на паркиралиште на локален салон за автомобили. Неофицијално, како што пренесува британскиот национален сервис, меѓу убиените е и осумгодишно дете. Полицијата, според...

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...