fbpx
Таг: ранет

таг: ранет

Жител на Визбегово ранет со пиштол

Ноќеска, во 1.15 часот по полноќ во полициската станица во Велес медицинско лице од општата болница во градот пријавило дека кај нив било донесе лице со повреда од огнено оружје. Како што информираат од полицијата, станува збор за 42-годишниот З.Б. од село Визбегово, кој имал рана во десната потколеница нанесена од огнено оружје, односно пиштол. Како итен случај тој...

Непознат напаѓач застрелал маж во Аеродром

Во тежок инцидент што се случил денеска околу 17.40 часот пред угостителскиот објект „Ред кафе“ на улицата Владимир Комаров во скопската населба Аеродром, со огнено оружје бил тешко ранет М.Ј., соопштија од МВР за „Мета“. Идентитетот на напаѓачот засега е непознат, тој е во бегство, а повредениот бил префрлен во Градската општа болница, велат од МВР. Според извештаите на некои медиуми,...

Починал носителот на независна листа што беше застрелан во Кичево

Носителот на независна листа на советници во Кичево, 40-годишниот Алит Абази, кој на 27 септември во центарот на Кичево беше застрелан, утрово починал на КАРИЛ во скопскиот Клинички центар. Абази од ранувањето беше во критична состојба на интензивна нега, поради сериозни повреди на абдоминалните органи и на ’рбетот. Врз Алит Абази, како и Дестан Абдиу, шеф на неговиот изборен штаб, и...

Само половина кампања, а цела серија инциденти, крв, насилства…

Предизборната кампања за локалните избори е веќе на половина, а е силно обележана со насилство, крв, солзи, палки, куршуми и со демолирање изборни штабови. Во најновиот случај, Елвис Бајрам, актуелниот градоначалник на општина Шуто Оризари, и Аднан Мемет, шеф на неговиот изборен штаб, вчера изеле ќотек во населбата Шуто Оризари. Според тоа што го кажаа, четири непознати лица физички го нападнале прво...

Две лица ранети во Сарај

МВР соопшти дека во два инцидента во селото Сарај вчера биле ранети две лица. Еден од ранетите е сопственик на менувачница, а добил куршуми во двете нозе при грабеж на менувачницата во трговскиот центар „Сарај“. Еден од разбојниците носел автоматска пушка, а другиот пиштол кога влегле во менувачницата во 20.20 часот вчера. Сопственикот на менувачницата поради повредите е однесен во Ургентен центар. Во...

Маж тешко ранет во ресторан во скопско Батинци

Крвава пресметка се случила вчера во скопското село Батинци, при што еден жител на селото е тешко ранет, а полицијата трага по неговите напаѓачи. Како што соопшти полицијата, рано попладнето дошло до тепачка во ресторан во селото, по што противниците излегле надвор и таму продолжиле да се пресметуваат. Во еден момент било стрелани кон 35-годишниот Р.А. од Батинци, при што добил...

Координаторот на републиканците во Конгресот на САД ранет во вооружен напад

Висок претставник на републиканците во Конгресот на САД, денеска бил ранет во вооружен напад за време на бејзбол-тренинг во Вирџинија, јавуваат американските медиуми. Полицијата од Александрија, предградие на Вашингтон, соопштила дека во тек е истрага поврзана со „повеќекратни пукотници“ и дека осомничениот е уапсен и се наоѓа во притвор. Конгресменот од Алабама, Мо Брукс, за „Си-ен-ен“ изјавил дека во нападот бил...

Еден полицаец е убиен, а друг ранет во престрелка во центарот на Париз

Еден полицаец е убиен, а друг е ранет во вооружен напад што вечерва се случил во центарот на Париз, соопштила француската полиција, пренесува „Би-би-си“. Според информациите на дел од француските медиуми, напаѓачот кој отворил оган кон полицајците бил застрелан и убиен. Престрелката се случила на авенијата Шанзелизе, која е целосно блокирана и каде во тек е операција на француските безбедносни...

Насилници кај Сарај раниле еден маж и претепале друг

Во два напада што се случиле на исто место близу Сарај вчеравечер, и веројатно се предизвикани од исти лица, еден маж е ранет, а друг бил претепан. Како што извести СВР Скопје, вчера 25 минути пред полноќ Ш.А. пријавил дека на патот од Сарај кон село Љубин, лице од село Грчец заедно со други лица со три патнички возила, пукале...

Српскиот бизнисмен Пецони e ранет во центарот на Белград

Српскиот бизнисмен Предраг Ранковиќ - Пeцони вечерва е ранет во вооружена престрелка во хотелот „Праг“, во центарот на Белград, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Тој бил префрлен во клинички центар, но не е во животна опасност. Според неофицијалните информации, Ранковиќ седел во ресторанот на хотелот „Праг“ со група луѓе. Кон нивната маса пришол маж, кој почнал расправија и потоа посегнал по пиштол. Луѓето...

Tинејџер ранет во Брњарци, полицијата вели – од залутан куршум

Тинејџер ноќеска во селото Брњарци добил куршум во десната натколеница, соопшти СВР Скопје, велејќи дека станува збор за заталкан куршум. Инцидентот се случил во 1.15 часот, кога 17-годишен малолетник од Стајковци бил во Брњарци, по што бил ранет. Потоа е пренесен во Хируршката болница „Свети Наум Охридски“, каде е утврдена огнострелна рана, односно тешка телесна повреда, и е задржан на...

Ранет рускиот амбасадор во Турција

Рускиот амбасадор во Турција, Андреи Карлов, е ранет во вооружен напад и е сериозно повреден, јавуваат турските медиуми. Амбасадорот Карлов бил ранет за време на неговата посета на изложба во уметничка галерија. При нападот биле повредни и неколку други луѓе. Нападот се случува по протестите во Турција за руската воена интервенција во Сирија. https://twitter.com/Hurriyet/status/810879770942697472

Мигрант ранет со огнено оружје во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница

Непознато лице на 29 ноември пукало во група мигранти во близина на селото Хоргош, на српско-унгарската граница. Во инцидентот еден од мигрантите биле ранет, потврдиле за телевизијата Н1 од српското министерство за внатрешни работи. Како што информирале оттаму, мигрантот бил ранет со куршум од мал калибар и кај него лекарите констатирале полесни повреди. Полицијата го истражува случајот, а било известено...

МВР информираше за сообраќајката, но не и за пукањето и за бркотниците по Партизанска

Министерството за внатрешни работи попладнево излезе со информација за синоќешниот инцидент на булеварот Партизански одреди, во кој беше ранет скопјанецот Даниел Трајковски, но во неа, освен превртувањето на возилото и тоа дека Трајковски имал тешки повреди од огнено оружје, нема детали за пукањето и за бркотницата со автомобили. Според МВР, за случајот полицијата била информирана од Ургентниот центар, од каде...

Криминално-политичка престрелка и бркотница по Партизанска

Четириесет и шестгодишен скопјанец ноќеска, пред полноќ, е ранет во престрелка на булеварот Партизански одреди. Според првичните информации, станува збор за Даниел Т., кој веднаш по инцидентот е пренесен на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), каде бил опериран. На пукањето му претходела бркотница со автомобили, која започнала од бензинската на „Макпетрол“ на булеварот Илинден и продолжила на...

Двајца полицајци нападнати со мачета во Белгија

Двајца полициски службеници биле повредени откако напаѓач се нафрлил врз нив со мачета во белгискиот град Шарлероа, јавува „Би-би-си“. Напаѓачот бил застрелан и ранет од полицијата, објави полицијата во Шарлероа на „Твитер“. https://twitter.com/PoliceCharleroi/status/761939214590177280 Тој, според информациите, извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е голем, на Арапски) за време на нападот кој се случил пред главната полициска станица во градот. Областа околу местото на нападот...

Петковски бил погоден од заскитан, а не од „наменет“ куршум

Функционерот на СДСМ од Битола, Борче Петковски, не бил цел на планиран вооружен напад со политичка заднина, туку бил погоден во ногата од заскитан куршум. Ова го наговестуваат резулатите од вештачењето на проектилот што пред Велигден го погоди во нога поранешниот пратеник на СДСМ и актуелен партиски функционер во Битола, дознава „Мета“. Според наши извори од полицијата, вештачење било извршено и...

Скопското обвинителство поднесе обвинение за пукањето во хирургот во Клинички центар

Скопското основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против осомничениот кој пукаше и го рани абдоменалниот хирург Љубомир Огненовиќ на клиниката за дигестивна хирургија во ноември минатата година, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинителството, тој се товари за обид за убиство и за неовластено изработување, држење и посредување и тргување со оружје и со распрскувачки материи. Против неговиот брат, кој учествуваше во инцидентот,...

Обвинителството побарало снимки од видеонадзорот за пукањето во Клинички

Јавниот обвинител што ја води истрагата за вооружениот инцидент во Клиничкиот центар, во кој беше ранет лекар хирург, побарал да бидат одземени снимки од видеонадзорот, велат за „Мета“ од Јавното обвинителство. „Во предметот за кој прашувате, јавен обвинител што постапува во предметот има издадено до надлежните служби наредба за одземање снимки од видеонадзор“, стои во одговорот на обвинителството на нашето прашање дали...

Лекарите од дигестивна денеска јавно ќе го изразат својот револт

Лекарите од Клиниката за дигестивна хирургија утрово имале состанок на кој, како што ни рече директорот Александар Караѓозов, решиле да го искажат својот револт по завчерашниот инцидент, во кој беше пукано и беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ. Караѓозов вели дека во текот на денешниот ден ќе испратат писмено соопштение до медиумите во кое ќе ги изнесат своите ставови. - Денеска ќе...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...