fbpx
Таг: раководство

таг: раководство

„Скапа струја, сиромашен народ“ е пораката од протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата (галерија)

Со транспарент „Скапа струја, сиромашен народ“ попладнево се одржа протестот на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата кој во понеделникот го најави лидерот на партијата, Христијан Мицкоски. Протестниот марш, на кој присуствуваа неколку стотици граѓани, започна пред Министерството за правда, а заврши пред Регулаторната комисија за енергетика, каде и Мицкоски имаше говор. „Добредојдовте на овој прв од серијата протести кои што...

Трифун Костовски: НБРМ и поранешното раководство на Еуростандард банка се виновни за нејзиното пропаѓање

Народната банка на Северна Македонија и поранешното раководство на Еуростандард банка се виновни за нејзиното пропаѓање, вели најголемиот акционер во банката Трифун Костовски. НБРМ е виновна затоа што правела опструкции и не дозволувала банката да биде купена од странски инвеститор, а поранешниот менаџмент затоа што на своја рака правел злоупотреби на капиталот и манипулативни трансакции. Ова на денешната прес-конференција...

Зеќири: Наместо да бараат амнестија за Груевски, ВМРО-ДПМНЕ да кажат дали се за ЕУ

Наместо да се обидуваат преку нелогични барања да дојдат до амнестија за Никола Груевски, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба едноставно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или не, изјави денеска пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. „Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО-ДПМНE се должни да ја следат мнозинската волјата на...

Двете страни оптимисти за спорот, се чека разговорот помеѓу Заев и Ципрас

Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав на Владата се на иста, единствена линија, цврсто определени и посветени на решавање спорови и јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните, вели портпаролот Миле Бошњаковски по повод шпекулациите кои се појавија викендов дека преговорите со Грција за името пропаднале. Исто така и портпаролот на грчката Влада и...

ЕЛЕМ: Новото раководство презема мерки за заштита на животната средина

Во врска со кривичните пријави поднесени денеска од СВР Битола, ЕЛЕМ информира дека компанијата се става на располагање на сите државни институции, во интерес на спроведување на потребните процедури и утврдување на фактичката состојба. „Во однос на делото за кое се однесуваат пријавите, потенцираме дека новото раководство на ЕЛЕМ презема мерки во насока на заштита на животната средина и сите...

Алаѓозовски: Музичките субвенции биле алатка за купување послушност на уметниците

Министерството за култура испратило инспектори во Македонската радио-телевизија (МРТВ) во врска со одлуките за субвенции за поддршка на домашната музичка продукција, кои констатирале дека роковите за носење на овие одлуки биле „длабоко пробиени“ и поради тоа треба да бидат поништени, соопштија од Министерството од каде велат и дека не само што нема да одобрат исплата на парите за избраните...

СДСМ: Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и конструктивност

Од владејачката СДСМ и порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ дека по конгресот и изборот на нов претседател на партијата, граѓаните и целата домашна јавност очекуваат новото раководство на опозициската партија да ги напушти досегашните политики на поделби, деструкции, лажни вести, блокади и сеење омраза и да даде конструктивен придонес во спроведувањето на зацртаните реформи. „ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и...

Прислушувањето се врши легално со наредби од судот, велат од МВР

Следењето на комуникациите во Министерството за внатрешни работи се врши во согласност со законските процедури - со наредба од суд преку Јавното обвинителство, велат од МВР за „Нова ТВ“ во врска со обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изнесени во интервјуто во емисијата „Седмица“ на телевизијата „Алфа“, дека стотина членови на раководството на партијата се прислушувани од МВР. „Тоа...

Беса: Да престане политизацијата на научно-образовните институции

Движењето Беса денеска ги обвини владините партнери за политизација на научно-образовните институции, повикувајќи се на одлуката Институтот за духовно и културно наследство да го води кадар на Движењето за реформи на ДПА (ДР-ДПА). Од Беса прашуваат ако на ваков начин се делат научно-образовните институции, на кој разгранок на СДСМ, ДУИ и на ДР-ДПА му паднала ждрепката да раководи со Македонската...

Анѓушев уште еднаш ги повика ЕЛЕМ да го сопрат објавувањето јавни повици

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, уште еднаш го повика раководството на АД ЕЛЕМ, веднаш да го запре објавувањето на јавните повици со проценета вредност од 80 милиони евра, за да се избегне штета на државниот и на буџетот на компанијата. „Наспроти укажувањето од Владата, раководството на ЕЛЕМ, најпрвин во петокот, на 15 јуни, објави јавен повик за набавка на рударска опрема...

„Југохром“: Филтер-страницата би била готова за 8 месеци ако Владата ни дозволи да работиме

Денеска почнаа градежните активности за бетонирање на темелите на системот за отпрашување на комбинатот „Југохром“, чија изградба претставува услов поставен од Владата за овој некогашен гигант да продолжи со работа. Активностите почнаа во присуство на раководството и на синдикатот на „Југохром“. Оттаму истакнаа дека филтер-станицата со сигурност би ја изградиле во наредните осум месеци, доколку централната власт дозволи во овој период „Југохром“...

Штрајкот на новинарите во МПМ ќе се зголеми на осум часа

Штрајкувачките одбори на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донесоа одлука за зголемување на времетраењето на штрајкот на 8 часа, почнувајќи од денеска, информира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). „Ова е од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата, платата не е исплатена и нема никаквов прецизен...

Ахмети: Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција, ги анализираме сите опции

Немам одговор со кого ќе бидеме во коалиција, ги анализираме сите опции за да ја донесеме најдобрата одлука во корист на Албанците и за сите граѓани на Македонија без разлика дали се Албанци или Македонци, Срби или Роми, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на средбата на членовите на партијата во седиштето во Мала Речица. Конечна одлука за коалицирање...

Спасовски: Со МВР раководам јас, а директорите на БЈБ и на УБК „можеби малку опструираат“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека со МВР раководи тој и дека во министерството нема двовластие, туку само фракции, кои постоеле отсекогаш. Спасовски, во интервју во емисијата „10 Минути“ на „ТВ21“, вели дека во моментов во МВР се работело попрофесионално и постабилно од времето кога со министерството раководеле министри од ВМРО-ДПМНЕ. „Ниту во моментов, ниту во кое било време...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО денеска даде најдобар пример за двојните аршини по кои работи

Oбвинителката Фатиме Фетаи тргна отворено против сите граѓани што одлучија да излезат на протест против спречување на изградба на црквата во Општина Центар, откако и претставници на Македонската православна црква и здружението на граѓани „Веритас“ се спротивставија на намерите на Андреј Жерновски и на советниците на СДСМ да не дозволат да се гради црквата „Св. Константин и Елена“, се вели...

„Телма“ ќе разгледа дали има можности да се задржат новинарите на работа

Раководството на „Телма“ и синдикатот на телевизијата се договориле да се разгледаат сите можности со кои не би имало потреба од отпуштање на вработени, било одлучено на попладневната средба, изјави новинарката Виолета Зајкова, синдикален претставник. - Се договоривме да се види дали на овие луѓе може да им се најде друго работно место во телевизијата, да се види дали оние што се...

Кошаркарскиот клуб Работнички го избра новото раководствo

Нов претседател на кошаркарскиот клуб Работнички е Ристо Гапиќ, а за нов извршен директор е избран Васко Кичевски. - Главна цел е да го задржиме сјајот на најтрофејниот клуб во Македонија, КК Работнички, и со тоа да успееме да ја вратиме титулата дома, во „Градски парк“. Големо задоволство ми е што на чело на стручниот штаб го имаме „докторот“, Марин...

Бејта го потврди инцидентот во разгранокот на ДУИ во Струга

Градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, потврди дека вчеравечер имало инцидент на состанокот за избор на раководство на разгранокот на ДУИ во Струга, без да навлегува во детали, објави телевизијата „Алсат - М“. Бејта, кој како координатор на ДУИ за Петта изборна едница го надгледувал изборниот процес во разгранокот, бил принуден да го прекине состанокот кога дошло до судир меѓу двете ривалски...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...