fbpx
Таг: ракети

таг: ракети

Советот за безбедност на ОН ги осуди ракетните тестови на Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации доцна синоќа ја осуди ракетната проба што ја изврши Северна Кореја, наведувајќи дека тоа претставува „сериозно кршење“ на резолуцијата за санкции. Како што се наведува, Советот за безбедност на ОН ги осуди сите балистички активности на Северна Кореја, поради зголемените тензии во регионот. Во соопштението се додава дека Советот за безбедност изразил загриженост за „дестабилизирачките“ активности...

Лицето што се заканило со напад на зградата на Владата било незадоволно од системот

Вчера во 17.40 часот, на телефонскиот број 192, од мобилен телефон се јавил маж во видно алкохолизирана состојба и без да се претстави рекол дека „за 16 минути две ракети ќе бидат испалени кон зградата на Владата на Република Македонија за да ја уништат“, информираат од МВР. - Министерството за внатрешни работи презеде мерки и набргу потоа пронајден е мажот...

Киев почна ракетни тестови кај Крим, руската флота ставена на готовс

Киев денеска соопшти дека почнал дводневни ракетни тестирања во јужниот дел на земјата, во близина на Крим, поради што руските воени бродови од црноморската флота, како одговор, зазедоа позиции кај западниот брег на Крим за да  помогнат во зајакнување на воздушната одбрана на полуостровот. Ракетните тестирања во Украина ја разгневија Русија, која своите воздушни сили ги стави во висок степен...

Пентагон: Северна Кореја неуспешно лансираше ракети

Американската војска детектираше неуспешно лансирање на севернокорејски балистички ракети во близина на градот Кусонг, на северозападот на Северна Кореја. - Ние остро го осудуваме ова како и другите неодамнешни севернокорејски ракетни проби. Имаме намера да изразиме загриженост во Обединетите нации за да се зајакне меѓународната решеност во барање одговорност од Северна Кореја за ваквите акции – соопшти портпаролот на Пентагон, командантот...

Три ракети ја погодија Анталија

Три ракети го погодија јужното турско летувалиште Анталија, но нема жртви. Ракетите, како што јавуваат турските медиуми, се истрелани во правец на сообраќајницата меѓу Анталија и летувалиштето Кемер. Според телевизијата НТВ, ракетите биле насочени кон пристаништето, каде бил закотвен нафтен танкер. https://twitter.com/Haberturk/status/786850087486062592 Една од ракетите погодила магацин, кој се запалил, но пожарот набргу бил изгаснат. На местото на нападот се наоѓаат возила на брза помош,...

Иран поставува ракети кај нуклеарна централа

Иранската војска почна да го поставува противвоздушнен ракетен систем „С-300“ кај подземната нуклеарна постројка „Фордо“, јавија државните медиуми во Иран. На снимките, објавени доцна синоќа на државната телевизија, се гледа како камиони пристигнуваат кај постројката и како ракетните лансери се насочуваат кон небо. Постројката „Фордо“ за збогатување ураниум се наоѓа на околу 100 километри јужно од Техеран. Русија годинава почна да му...

Советот за безбедност на ОН ја осуди Северна Кореја за ракетните проби

Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди Северна Кореја поради лансирањето на балистички ракети и соопшти дека ќе преземе „значајни мерки“ како одговор на последните проби. Тоа Пјонгјанг го оцени како провокација. Текстот на резолуцијата за осуда на балистичкото тестирање беше едногласно усвоен вчера и за него гласаа сите 15 членки на Советот за безбедност, меѓу кои и Кина, главниот...

Израел нападна складишта на ракети во Сирија

Израелските воздухопловни сили нападнаа складишта на ракети во Сирија за време на викендот, целејќи кон повеќе воени локации на кои наводно има оружје. Нападот е изведен кај градот Хомс и, наводно, направена е голема штета. Во извештајот се наведува дека сирискиот одбранбен систем идентификувал израелски авион во својот внатрешен простор, но дека одбраната не реагирала. Израелските медиуми пишуваат дека нападот се...

Најмалку 104 исламисти се убиени во воздушните напади на Сирија

Најмалку 104 екстремисти на Исламска држава се убиени во воздушните напади од страна на коалицијата предводена од САД и турските артилериски напади во Сирија, соопшти денеска државната новинска агенција „Анадолија“. Во соопштението се наведува дека нападите се случиле доцна синоќе, неколку часа откако испалени ракети од Сирија го погодиле југот на Турција и раниле пет лица. Во воздушните и артилериските напади...

Пет ракети од Сирија паднаа во Турција

Најмалку четири лица се ранети кога пет ракети истрелани од Сирија паднаа на турска територија и го погодија градот Килис, јави турската новинска агенција „Анадолија“. Турските медиуми јавуваат дека ракетите оштетиле и една куќа. Инцидентот се случил неколку дена откако две лица беа повредени кога ракета експлодираше во близина на паркот во градот Килис, што ги натера локалните власти да ги...

Турција: Двајца повредени од ракети истрелани од Сирија

Две лица се повредени откако ракети истрелани од територија на Сирија експлодираа во турскиот град Килис. Турскиот весник „Хуријет“ јавува дека два проектила го погодиле Килис. Како што наведува весникот, тоа се случило нешто пред девет часот по локално време. Килис повеќепати беше мета на прекугранично гранатирање. Во март две лица, од кои едно дете, беа убиени во напад, за кој...

Пјонгјанг повторно истрела ракети

Северна Кореја утринава истрела повеќе проектили со краток домет во море, во близина на својот источен брег, соопшти јужнокорејската војска. Во соопштението се наведува дека проектилите летале 200 километри, по што паднале во водите источно од Северна Кореја. Северна Кореја кон крајот на минатата недела истрела два балистички проектила на изолиран остров, што претставува директно кршење на новите санкции што ги воведоа...

Две ракети со експлозив пронајдени на белградскиот аеродром

На белградскиот меѓународен аеродром „Никола Тесла“ за време на проверката на багаж откриени се две ракети со експлозивно полнење кои биле транспортирани од Бејрут преку Белград и Лондон за американскиот град Портланд, потврди воздухопловната компанија „Ер Србија“. „Потврдуваме дека карго пратката, која е транспортирана за натамошна дестинација, претходно во текот на денот е идентификувана на белградскиот аеродром, благодарејќи на строгите...

Иран тестираше уште две балистички ракети

Иранската револуционерна гарда денеска тестирала две балистички ракети во рамки на воената вежба која се одвива на северот за Иран. Како што јавуваат иранските медиуми, ракетите погодиле цели во југоисточниот дел на земјата, оддалечени 1.400 километри. Иранската државна агенција ИРНА вчера соопшти дека иранските вооружени сили извршиле нови тестирања на балистички ракети, кои имале цел да демонстрираат моќ со тенденција за...

Иран лансираше шест балистички ракети

Иранската револуционерна гарда за време на воените вежби лансирала неколку балистички ракети, јави новинската агенција ИРНА. Ракетите се лансирани во текот на ноќта од неколку позиции во земјата, а на видеоснимката што ја објави државната агенција се гледаат ракети во подземни силоси, а потоа блесоци светлина. Ракетите демонстрираат моќ со тенденција за заплашување и за покажување подготвеност на Иран да се...

Советот за безбедност на ОН ќе расправа за зајакнување на санкциите кон Пјонгјанг

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ќе одржи гласање за нацрт-резолуцијата со која се повикува на воведување остри санкции кон Северна Кореја, јавува „Ројтерс“. Минатата недела пред членките на Советот за безбедност беше претставена резолуцијата која е договорена со Кина, а со која значително би се заостриле санкциите против Северна Кореја откако таа држава изведе нуклеарно и балистичко тестирање. Нацрт-резолуцијата предвидува...

Кина поставила ракети во Јужното Кинеско Море

Кина неодамна распоредила ракети земја-водух на спорен остров во Јужното Кинеско Море, објавија денеска тајвански и американски претставници. Според сателитските снимки од 14 февруари, а кои ги објави „Фокс њуз“, Пекинг распоредил две батерии од осум ракетни фрлачи и радарски систем на островот Вуди или Јонгчинг, во рамки Парацелските Острови. Претставниците на Тајван, кои, исто така, имаат територијално право на островот, ги...

Техеран демантира: Руски ракети не паднале на територија на Иран

Наводите дека руски ракети, испукани кон Сирија од Каспиското Море, паднале на територија на Иран се лага и претставуваат дел од „психолошката војна“, изјави денеска иранскиот воен командант Муса Камали, додавајќи дека Западот сигурно ќе ги објавел доказите доколку ги поседувал. - Да имаше потврди дека руски ракети паднале на иранска територија, за тоа би имало и докази, а тоа...

Спротивни информации за падот на руските ракети во Иран

Четири руски крстосувачки ракети испукани кон Сирија, паднале на иранско тло, изјави неименуван американски претставник. Тој не соопшти дали ракетите предизвикале штета ниту, пак, изнесе детали за тоа каде паднале. Русија веднаш ја демантираше информацијата. - Секој експерт знае дека во текот на таквите операции точно се одредува метата пред и по нападот. Сите наши ракети ги погодиле своите мети – рече портпаролот...

Русија почна да стрела врз ИД во Сирија од бродови во Касписко Море

Русија истрелала ракети врз цели на Исламска држава во Сирија од воени бродови во Касписко Море, соопштил денеска рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, јавува „Би-Би-Си“. Министерот Шојгу, цитиран од руските медиуми, изјавил дека од четири воени бродови биле истрелани 26 крстосувачки ракети врз 11 цели на ИД, кои биле уништени. Рускиот претседател, Владимир Путин, изразил пофалби до војската, истакнувајќи дека целите што биле...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...