fbpx
Таг: РадмилаШекеринска

таг: РадмилаШекеринска

Шекеринска се повлекува од политиката, Мицкоски предлага Гаши да биде нов премиер

По најавата на Венко Филипче дека ќе се повлече од министерската позиција во идната влада и актуелната министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска најави дека нема да биде дел од новата влада предводена од СДСМ. „Единствената принципиелна и чесна одлука би била да кажам дека нема да учествувам во следната влада. Сметам дека во изминатиот период можевме да продуцираме резултати...

Министрите за одбрана на НАТО ги усвоија целите на способности за Северна Македонија

Министрите за одбрана на 30-те земји – членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности за Северна Македонија, за прв пат по членството на нашата земја во Алијансата, информираат од Министерство за одбрана. „Целите на способности го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите на НАТО-армиите. Тие се дел...

Шекеринска: Учеството на жените во процесите на одлучување гарантира успех

Прашањето на вклученоста на жените во процесите на одлучување, во мирот и безбедноста, не е само проблем на жените од Западен Балкан, но Западен Балкан има примери, зошто вклученоста на жените во процесите на одлучување гарантира успех. Ова го изјави  денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на панелот за унапредување на Агендата „Жени, мир и безбедност“ во Западен Балкан,...

На армијата предадена АБХО мобилна станица за деконтаминација, донација на САД

Денеска беше предадена на користење мобилната АБХО станица за деконтаминација, донација на САД, за потребите на македонската армија. Беше извршена и презентација на можностите на станицата која може да опслужи и до 50 луѓе наеднаш, како и презентација на извидничката опрема за откривање на радиолошко, хемиско и биолошко оружје. „Задоволство ми е да покажеме на кој начин напредува нашата билатерална...

Сања Лукаревска избрана за заменик-претседател на СДСМ, Заев ѝ се заблагодари на Шекеринска

Актуелната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска е избрана за нов заменик-претседател на СДСМ. Владејачките социјалдемократи денеска одржаа изборен конгрес, на кој Лукаревска со 682 гласа „за“ и 2 „против“ го зазеде местото на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Шекеринска веќе најави дека нема да се кандидира за оваа функција, ниту пак ќе прифати некоја друга партиска...

Потполковникот на АРМ рано утрово од Централноафриканската Република префрлен во Скопје

Рано утрово потполковникот на Армијата на РСМ заболен од ковид-19 од Централноафриканската Република е префрлен во Скопје и е сместен на Инфективната клиника. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска напиша на Фејсбук дека директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ потврдила дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен. „Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника...

Четири хеликоптери од руско производство на АРМ и МВР ќе се модернизираат во Чешка

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска е во официјална посета на Скопје, како прв министер за одбрана од земја-членка на НАТО што претстојува во македонскиот главен град по нашето зачленување во Алијансата. Заедно со министерот за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој го потпиша Меморандумот за разбирање и техничка соработка меѓу...

Македонско воено лице суспектно на јужноафриканскиот сој, од Африка вечерва ќе биде префрлено во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека доцна вечерва македонско воено лице, потполковник на Армијата на РСМ којшто учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, ќе биде донесен на лекување од оваа африканска земја на Инфективната клиника во Скопје. Станува збор за воено лице кое минатата недела било тестирано на ковид-19, и по препораки на медицинските експерти од...

Шекеринска и Брнз во посета на „Криволак“, се реконструира инфраструктурата пред вежбата „Одлучен удар 21“

фото: мин. за одбрана
Припадници на инженерискиот баталјон на Армијата на РСМ и 15. инженериски баталјон на вооружените сили на САД заеднички работат на изградба на повеќе нови содржини и развој на патната инфраструктура во полигонот „Криволак“, во пресрет на најголемата воена вежба во земјава, „Одлучен удар 21“, на 17 мај. Тие денеска беа посетени од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и американската...

Делегација на романските вооружени сили предводена од генерал Даниел Петреску во посета на земјава

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Северна Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, информираат од Генералштабот на македонската армија. Генералот Петреску имал прием кај својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, по што оствари средба...

НАТО Агенцијата за комуникации и информации на онлајн средба со македонски информатичари

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска ги охрабрила македонските ИТ компании да се пријавуваат на НАТО тендери, на денешната онлајн презентација на Агенцијата на НАТО за комуникации и информации (НЦИ). Оваа агенција, која денес ја претставувал генералниот директор Кевин Шеид, е задолжена за набавка на информатички производи и услуги и напредни технологии. - Ја отворивме вратата кон НАТО а сега...

Македонскиот државен врв ургираше за вакцините кај кинескиот министер за одбрана

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и претседателот Стево Пендаровски на денешните средби со министерот за одбрана на Кина, Веи Фенгхе ургираа тој да се заложи за што побрза испорака на нарачката на кинеските вакцини против ковид-19 од производителот „Синофарм“. „Побарав од кинескиот министер да се заложи за побрза испорака на кинеските вакцини во Северна Македонија“, објави...

Адмирал Бурк: НАТО разгледува можности за помош со вакцини против ковид-19

НАТО бара начин да помогне во снабдување со вакцини, рече денеска адмирал Роберт Бурк, командант на Сојузничката команда на здружени сили во Неапол, кој дојде во Скопје за утрешната свеченост по повод првата годишнина на македонското членство во Алијансата. - Често зборуваме за тоа, и на политичко и на воено ниво, постојат механизми, покрај националните напори. Како што се зголемува...

Шекеринска: Пристигна првата композиција со инженерски машини за „градежната офанзива“ на Криволак (Галерија)

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејбук профил објави дека пристигнала првата композиција со инженериски машини на железничката станица во Криволак. „Нашите инженерци заедно со 15. инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба “Одлучен удар 21” која ќе започне на средината на мај. Македонската Армија и Армијата на САД...

Американскиот секретар за одбрана Остин до Шекеринска: Северна Македонија е наш ценет пријател и сојузник

Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави Лојд Остин испрати писмо до министерката за одбрана Радмила Шекеринска во кое се заблагодарува на честитката за неговото именување на функцијата секретар за одбрана и ни ја честита претстојната годишнина од членството во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. „Северна Македонија е ценет пријател и сојузник и очекувам да ја продлабочиме нашата соработка...

САД ѝ донираа на АРМ 1.269 пушки М4, следат набавки на пиштоли, снајперски пушки, хаубици…

АРМ доби 1.269 автоматски пушки М4 на подарок од САД, донација во вредност од 1,2 милион долари, како помош во опремувањето на Лесната пешадиска баталјонска борбена група, примарната единица наменета за НАТО операции. Денешното подновување е дел од серијата набавки на вооружување и опрема кои следат, меѓу кои и пиштоли, снајперски пушки со калибар 7,62 мм, пушкомитралези, хаубици, но...

Транспаренси интернешнел: Министерството за одбрана второ во Централна и Источна Европа по интегритетот во работењето

Македонското Министерство за одбрана е второ според индексот на интегритет во Централна и Источна Европа на „Транспаренси интернешнел“, објавија денеска, по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателката на „Транспаренси интернешнел - Македонија“ Слаѓана Тасева. Индексот за интегритет на владите во секторот одбрана е еден од индексите на „Транспаренси интернешнел“ и годинава...

АРМ добива донација и засилена одбранбена соработка со Велика Британија

АРМ добива борбена опрема за блиска борба, вредна 230.000 британски фунти, како дел од одбранбената соработка со Велика Британија. Обединетото Кралство (ОК) и Северна Македонија уште почесто и поинтензивно ќе соработуваат во одбраната и безбедноста, изјави британската амбасадорка Рејчел Галовеј по денешната работна средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. „Врската меѓу Обединетото Кралство и Република Северна Македонија е посебна....

Куманово стана домаќин на командата на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа

Од денеска, во следните шест години, касарната „Боро Менков“ во Куманово е седиште на командата на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа – SEEBRIG (South-Eastern Europe Brigade), мировни сили формирани во 1999 година во рамките на СЕДМ-процесот на регионална соработка во одбраната. - „Сибриг“ се врати дома, бидејќи во далечната 1998 година, токму во Скопје е одржана конференцијата и потпишан договорот...

Војниците од денеска со дополнителен ангажман низ македонските општини

Зголемен број на припадници на Армијата од денеска ќе бидат дополнително ангажирани во 10 општини низ земјава. Ова го најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес - конференција, појаснувајќи дека војниците ќе бидат вклучени во сите општини каде што тоа е побарано од страна на локалните самоуправи. Станува збор за Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...