fbpx
Таг: радио-станици

таг: радио-станици

Пратеник за пратеник, медиуми за пари – државните кампањи ќе се гласаат по скратена постапка

Со предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се наоѓаат на разгледување пред пратениците, повторно ќе се овозможи одлив на милиони евра од државниот буџет за организирање на владини и општински кампањи во телевизиите и радио-станиците. Денеска пратениците од сите политички партии, со исклучок на Левица, ја поддржаа потребата од донесување на измените на Законот...

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ биле најгледани телевизии на почетокот на годинава

„Сител“, „Канал 5“ и „Телма“ биле трите телевизиски канали што биле најгледани од граѓаните во земјава, покажува истражувањето за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици, за првиот квартал од 2021 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Бројот на граѓани што гледаат телевизија во земјава останал висок и во првите три месеци...

„Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ лани биле најгледани телевизии во Македонија, „Антена 5“ најслушано радио

Националните телевизиски канали „Сител“, „Канал 5“ и „МТВ 1“ биле најгледани од македонските граѓани во текот на 2020 година, покажува Годишниот извештај за 2020 година за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ). Добиените податоци за 2020 година се засноваат на анкетните испитувања направени на национално...

Одржан последниот јавен состанок на АВМУ за 2020 година

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска го одржа последниот јавен состанок за 2020 година, кој поради актуелната состојба со корона вирусот, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на АВМУ Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. „Учесниците имаа можност да слушнат за активностите поврзани со...

Строгите ограничувања на медиумска концентрација спречуваат развој на медиумите

Промена на сите сегашни ограничувања за концентрација на медиумската сопственост, како и процена кои од ограничувањата треба да останат во актуелното медиумско опкружување со цел да се заштити медиумскиот плурализам во земјава. Ова е клучна препорака на двајца медиумски експерти, кои изминатиот период направија студија во врска со плурализмот на медиумската сопственост во новото медиумско опкружување. Студијата е изработена за потребите...

Радио станиците бараат АЕК да ги ослободи од плаќањето на радио фреквенции за годинава

Радио станиците од земјава бараат Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) да ја испочитува владината одлука за ослободување од плаќање фреквенции кон АЕК, како дел од помошта на медиумите за состојбата со ковид-19. Од Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија (АПЕММ) бараат АЕК да ги сторнира сите фактури, да излезе во пресрет на медиумите и да ја почитува одлуката...

Политичките реклами на „Можеме“ доминирале на телевизија, „Обнова“ најмногу се вртела на радио (инфографик)

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ доминирала во емитувањето на политички реклами на телевизиите за време на изборната кампања, додека коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ свртела најмногу политички реклами на радио-станиците. Ова го покажува Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за време на кампањата за изборите на 15 јули, којшто Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...

Партиска пропаганда на денот на избори поради немање изборен молк

На вонредните парламентарни избори што треба да се одржат на 15 јули идната недела на денот на гласање нема да има изборен молк. Тоа значи дека учесниците на изборите на денот на гласање ќе можат да ги користат медиумите и социјалните мрежи за да ги повикаат граѓаните да гласаат за нив и при тоа ни партиите ни медиумите нема...

ААВМУ мониторира 14 медиуми, регистрирано едно прекршување кај политичките реклами

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) врши мониторинг на изборното медиумско претставување на 14 медиуми, како и мониторинг на платеното политичко рекламирање за изборите на 15 јули на сите радиодифузери од Регистарот на медиуми на ДИК. На денешниот јавен состанoк, директорот на Агенцијата Зоран Трајчевски посочи дека на првиот ден од изборната кампања, ААВМУ констатирала дека повеќе...

СДСМ ја обвинува ААВМУ дека минутажата за политички реклами на БЕСА незаконски ја дава на ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката партија СДСМ ја обвинува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) дека минутажата за платено политичко рекламирање што треба да ја добие Движењето БЕСА незаконски ја дало на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска тврди дека директорот на ААВМУ Зоран Трајчески не го почитува законот и известувањето на ДИК за распределба на медиумскиот простор за...

ААВМУ ја усвои методологијата за мониторинг на медиумското претставување за претстојните избори

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на вчерашната седница усвои три подзаконски акти коишто се однесуваат на изборното медиумско претставување на радиодифузерите. Усвоена е Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси, Упатството за лимитите за платено политичко рекламирање за изборите во 2020 година и...

По телевизиите, и радијата добија владина помош за справување со корона кризата

На вчерашната владина седница беше донесена и уредба за начинот на користење на радиофреквенциски опсези за време на вонредна состојба, со која на радиодифузерите, кои обезбедуваат радио емитување (радија), врз основа на издадено одобрение за користење на радиофреквенции во радиофреквенцискиот опсег 87.5-108 MHz, нема да им се наплати годишниот надоместок за 2020 година. „Радијата кои до денот на влегувањето во...

Радијата ја повлекуваат кампањата „пре-еманципирани жени“ по реакцијата на ААВМУ

„Сити радио“, „Клуб ФМ“ и „Метрополис радио-мрежа“ ја повлекуваат кампањата наречена „пре-еманципирани жени“, која неколку дена беше емитувана на овие три радио-станици. Повлекувањето на аудиопораките од кампањата следува откако Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) констатираше дека преку нив се шири мизогинија и сексизам. Од радио-станиците велат дека воопшто немале намера да го навредат интегритетот на жената, ниту пак некого...

ААВМУ констатирала мизогинија и сексизам на програмите на три радио-станици

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) констатирала ширење на мизогинија и сексизам во аудиопораки од заедничката кампања, во сопствена продукција на „Сити радио“, „Клуб ФМ“ и „Метрополис радио-мрежа“, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“, а која деновиве се емитува на трите радио-станици. Според Агенцијата, кампањата претставува дискриминација врз основа на пол, ширење...

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...