Раде Шербеџија ќе снима филм за Скопје


Скопје, 30 октомври, 2014 - 12:10 (META) 

Култен филм ќе добие Скопје, најавува екипата од филмскиот проект „Ослободување на Скопје“, кој ќе почне да се снима утре, во Велес. Филмот, како македонско-хрватско-финска копродукција, ќе го режира Раде Шербеџија, кој го адаптираше сценариото на Душан Јовановиќ.

Буџетот на филмот е два милиона и 110 илјади евра, од кои еден милион и 250 илјади евра се од Агенцијата за филм на Македонија.

– Додека живеев во Америка, размислував како да направам филм од таа прекрасна претстава, која имаше толку голем успех во светот. Тоа е неверојатна приказна за Македонија, романтична приказна за војната и за една невозможна љубов меѓу Македонка и германски офицер – рече Шербеџија.

Главната улога во филмот ќе ја игра десетгодишниот Давид Тодосовски. Кинематографер е Дејан Димески, а на музиката ќе работи Влатко Стефановски.

Филмот ќе се снима во Велес и во Битола, а снимањето ќе заврши во Скопје до 19 декември.