fbpx
Таг: работници

таг: работници

Бошњаковски: Сите вработени во „Еурокомпозит“ в понеделник ќе добијат плата

Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. - Вработените презедоа обврска да ја завршат работата, а постигнат е и договор да се смени менаџерскиот тим. Вработените на „Еурокомпозит“, кои вчера протестираа пред владата и во Прилеп -...

МТСП: Владата усвои законски измени за да се опфатат дополнителни 1.900 стечајци

На денешната 56. седница, Владата ги усвои најавените измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица, поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика. Од МТСП информираат дека, со законот кој што беше донесен во септември 2017 година, досега се издадени решенија на 2.732 стечајни работници. Со овие...

Од Стопанска комора бараат законски измени за вработувања во комуналните претпријатија

Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора бара измени на законските прописи кои го регулираат вработувањето работници во комуналните претпријатија на локално и на државно ниво. - Постојните закони го отежнуваат вработувањето во еден дел, пред се при ангажирање сезонски работници, но и во други услови кога е потребно да се направат одредени поместувања поради работните активности на одредени работни...

ССНМ бара да се исплатат неисплатените плати на вработените во МПМ

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) го поддржува барањето на поранешните вработени во „Медија принт Македонија“ за исплаќање на неисплатените плати и хонорари, кои се уставно гарантирано право на секој работник. Поради сомневањата за криминално работење, ССНМ во јуни годинава, поднесе кривични пријави против сопственикот и директорот на компанијата, Срѓан Керим, и управителката Јана Станисављева, за злоупотреба на службената...

Синдикатот на „Фени“ не прифаќа стечај

Синдикатот на „Фени“ не прифаќа стечај и најави дека со штрајкови ќе ги блокира и судот и банките ако дојде до тоа, јавува „Сакам да кажам“. Вчера трите најголеми доверители на металуршкиот гигант, „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ - АД Скопје и „Силк роуд банка“ до надлежниот суд во Велес поднеле предлог за почнување стечајна постапка за компанијата за фероникел од...

Рокот за пријавување за бесплатен одмор, продолжен до 20 ноември

Министерството за економија денеска го продолжи рокот за аплицирање за владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи до 20 ноември годинава, информираат од таму. Досега повеќе од 650 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка, а според средствата што се обезбедени за оваа намена, во износ од 60 милиони денари, се проценува дека бесплатен одмор ќе може...

Двајца работници повредени при градежни работи на автопатот Кичево – Охрид

Двајца градежни работници се повредени при изведување градежни работи кај местото Лавчани на делница на автопатот Кичево - Охрид. Како што соопшти МВР, работниците М.А. (53) од Дебар и В.Љ. (57) од селото Могорче, Дебарско, биле удрени од црево што било под дејство на компримиран воздух. Повредените биле пренесени во Медицински центар Кичево каде што им била укажана лекарска помош....

17,8 проценти од работниците примиле плата во плик, најбројни тие со минимална плата

Во Македонија 17,8 проценти од работниците што имаат формален договор за вработување, добиле плата во плик во 2017 година, покажува истражувањето  „Плата во плик“ на „Фајненс тинк“. „Платата во плик е најзастапена кај примателите на минимална плата. Дури 62 проценти од работниците осигурани на минимална плата, добиваат и плата во плик. Притоа, во просек, платата во плик изнесува речиси исто колку и...

Анѓушев: Обезбедени се средства за плати и за нормално работење на „Колска“

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на новинарското прашање во врска со штрајкот на работниците во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, извести дека проблемот е надминат и дека е најдено подолготрајно решение за функционирање на компанијата. - По вчерашниот штрајк на работниците од „Колска“, утринава лично бев во фабриката за да се видам со работниците и да им потврдам...

Хелсиншки: Законот за минимална плата не гарантира дека работниците ќе ја добијат

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска изрази загриженост од измените на Законот за минимална плата бидејќи, иако таа е зголемена на 12.000 денари, сепак, во законот и понатаму остануваат одредбите за исполнување на нормиран учинок како услов за исплата на минималната плата. Поради ова, велат од Хелсиншки, Законот не нуди гаранција дека работниците од сите сектори ќе ја остваруваат законски...

Собранието го донесе законот за стечајни работници

Пратениците во Собранието едногласно го донесоа законот за стечајни работници во рамките на 12. седница. Со овој закон, се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 8.356 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето-плата минатата година. Годишно за таа намена од буџетот на Агенцијата за вработување ќе бидат обезбедени 300.816.000 денари. Невработените лица опфатени со законот...

СДСМ: Зголемувањето на минималната плата е прв чекор во спиралата за пораст на платите

Со усвојувањето на законот за минимална плата веќе од следниот месец на работниците ќе им се исплаќа повисока плата од 12.000 денари, а фирмите ќе бидат финансиски поддржани од државата во реализацијата на оваа мерка, се вели во утринското соопштение на СДСМ. Во него се додава дека ова е првиот значаен чекор со кој се отвора спиралата на севкупен пораст...

„Фиат“ на вработените во Крагуевац им понуди зголемување од девет отсто, синдикатот прифати

Менаџментот на „Фиат“ на работниците во фабриката во српскиот град Крагуевац им понуди зголемување на платата од девет отсто, а синдикатот тоа го прифатил, јави Радио-телевизија на Србија. Понудата која е дадена на синдикатот, а денеска ќе биде проследена на вработените во компанијата „Фиат Крајслер автомобили Србија“ е за зголемување на бруто-основицата од сегашните 38.500 српски динари (319 евра, според...

Заев: Почнува севкупно зголемување на платите

Граѓаните знаат дека тенденцијата е да ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари, а ние сме сериозни во одлуката и сакаме оваа мерка да биде воведена на 1 септември, истакна премиерот Зоран Заев денеска во Штип. Тој, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и од пратеникот Благој Бочварски, денеска  се сретна со работници и со сопственици на...

Во вториот квартал на годинава, четири жртви и 52 несреќи на работно место

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во вториот квартал на годинава забележало 52 несреќи што се случиле на работното место, со четири загинати работници, што е за нијанса подобро од состојбата во периодот од април до јуни лани, кога имало 60 несреќи со шестмина загинати. Како што велат од здружението, податоците се добиени од вестите објавени во пишаните медиуми...

МТСП: Работодавците да ги почитуваат препораките за заштита од топлото време

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) денеска ги повика работодавците да ги почитуваат и да се придржуваат до препораките за заштита на работниците во деновите со неповолни временски услови за работа, односно од топлотниот бран кој ја зафати земјава. На работодавците, како што стои во соопштението од МТСП, им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на...

Заев вети дека ќе се реши проблемот со платите во „Колска“

Премиерот Зоран Заев презел обврска уште денеска да почне решавањето на проблемот на вработените во фабриката „Колска“ во Велес, кои шест месеци немаат земено плата, а ќе се најде и трајно решение за статусот на компанијата, соопшти Владата. На средбата со синдикатот на фабриката за шински возила „Колска“ од Велес, Заев ветил дека проблемот финансиски ќе биде решен, со што...

Отворена фабриката „Адиент“ во ТИРЗ – Струмица

Премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли,  директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, и Владимир Теплик од компанијата „Адиент“ денеска ја отворија оваа фабрика во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица. Инвестицијата изнесува 20 милиони американски долари и ќе вработи повеќе од 1.300 лица. Заев истакна дека отворањето на американската фабрика „Адиент“ значи отворање на нови работни места...

Делев: ВМРО-ДПМНЕ ја воведе минималната плата, СДСМ да продолжи со мерките

„Минималната плата е воведена и утврдена од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во директен дијалог со работодавците и со синдикатите“, изјави денеска на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека Законот за минимална плата пред донесувањето беше огромен хендикеп за огромен број работници. „Со утврдувањето на минималната плата, повеќе до 65.000 работници си го решија долгогодишниот проблем, бидејќи им се исплатуваше плата пониска од...

Спасовски: Македонија има потреба од слободни и неокупирани синдикати

Македонија има потреба од вистински, слободни и неокупирани синдикати и тоа е задача и цел Владата да придонесе да имаме слободни синдикати со кои ќе можеме да разговараме за заштита за работничките права, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на средбата која ја побарале неколку синдикати. - Денеска е значаен ден заради тоа што на повик на неколку синдикати...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...