fbpx
Таг: работни групи

таг: работни групи

На заедничката седница во Софија, Ковачевски и Петков ги формализираа петте работни групи

Двајцата премиери Димитар Ковачевски и Кирил Петков на денешната заедничка владина седница на Северна Македонија и Бугарија ги формализираа петте работни групи што ќе работат во повеќе области, а веќе се дефинирани и конкретните теми на коишто тие ќе работат. „Навистина и јас сум задоволен од денешните состаноци. Имавме пленарна средба, но уште поважно е што самите министри работеа во...

Бугарскиот премиер Петков: Ќе престанеме со попречувањето на патот на Северна Македонија кон ЕУ

Новата бугарска влада составена од министри од четири партии, предводена од Кирил Петков, ќе ѝ предложи на Северна Македонија нов процес, во многу ограничен временски период од шест месеци, за да се одблокира нејзиниот пат кон ЕУ. Тоа ќе подразбира формирање неколку работни групи. „Ќе престанеме со попречувањето на Северна Македонија за членството во ЕУ“, рече Петков во интервју за...

Османи: Работни групи заеднички ќе работат на допрецизирање на Договорот за добрососедство со Бугарија

Македонија е подготвена да допрецизира одредени работи од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, а за таа цел, работни групи од македонското и од бугарското МНР ќе разговараат на дневна основа, за да се надминат разликите во очекувањата од Договорот. Ова, меѓу другото, го посочи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција, при што потенцира...

Мицкоски не го дели оптимизмот на Заев за СЈО

Наспроти тврдењето на премиерот Зоран Заев, кој во телевизиско интервју изјави дека преговрите за СЈО се, како што рече „на добар пат“ откако биле прифатени 30 амандмани од опозицијата, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, не е оптимист. -Во овој момент не сум оптимист, но треба на процесот да му се даде шанса, бидејќи овој процес е од исклучително значење  во Македонија...

Заев: Личните предрасуди да се тргнат на страна, за да имаме добро СЈО

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска порача дека на состанокот на работните групи на владејачката коалиција и на опозициската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ нема да има пазарење за криминал и дека тој посакува да се постигне согласност за нов закон за СЈО, но и ако тоа не се случи, државата ќе продолжи да функционира со постоечките закони за...

Разговорите за иднината на СЈО меѓу власта и опозицијата почнуваат денеска

Разговорите за иднината на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) почнуваат денеска, со средба на работните групи на власта и опозицијата, кои беа формирани токму за оваа цел во согласност со договореното на претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Иако ќе седнат на иста маса за да разговараат за предлог законот за јавно обвинителство и идниот статус на...

Започнати се консултации за измени на законите за вработените во јавниот сектор

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) организираше работилница, со цел започнување на консултативниот процес за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници. Како што истакна, државниот секретар на МИОА, Јахи Јахија, на оваа работилница, институциите кои се опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор имаа можност да ги претстават ставовите и предлозите...

Почнаа подготовките за национален план за широкопојасен интернет

Министерството за информатичко општество и администрација почна со подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Македонија, за што се формирани четири работни групи. Групата за утврдување слободни капацитети и нивно идно користење кај постојни електронски комуникациски мрежи и средства, со која претседава министерот Манчевски, ќе се зафати со мапирање на сите...

ВМРО-ДПМНЕ повикува да се формираат работни групи за законот за јазиците

Најмалку што парламентарното мнозинство сега може да го направи е да го повлече предлог-законот за јазиците и да се направат работни групи од сите политички партии, со вклученост на експерти по уставно право и експерти-јазичари, како и МАНУ, за да се види се дојде до решение на оваа ситуација, рече Владимир Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и...

Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за преговори за името

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе водат преговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров за агенцијата „Ројтерс“. Тој очекува првата средба на новите групи да се одржи во февруари, при што директно ќе се преговара за можни решенија за спорот. - Се...

Работните групи ќе ги усогласуваат законот за внатрешни работи, за влада и за медиуми

Четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска ќе се сретнат за да ги усогласат законските измени што претходно ги договорија со последниот анекс на Договорот од Пржино. Работните групи на партиите ќе треба да ги усогласат измените во законите за влада, за медиуми, како и во законот за министерството за внатрешни работи. Потоа овие законски измени ќе треба да бидат изгласани во...

Работните групи утре ќе ги договараат законите

Претставниците на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино утре ќе се сретнат за да ги договорат законите и законските измени што во наредниот период треба  да бидат одобрени во Собранието. Последниот договор што го постигнаа четирите партии се однесува на законски измени поврзани со медиумите, ингеренциите и мандатот на опозициските министри  во преодната влада, како и на законот за МВР.

Партиските преговори продолжуваат денеска во 12.30 часот во Клуб на пратеници

Политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ќе ги продолжат партиските преговори во 12.30 часот во Клуб на пратеници, потврдија за „Мета“ извори од работните групи. По двочасовни преговори, вчера партиите не успеаја да постигнат договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, по завршувањето на преговорите рече дека и покрај конструктивните дискусии, партиите не успеале да постигнат договор и...

Преговорите завршија, партиите не постигнаа договор

Завршија маратонските преговори на претставниците на политичките партии во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, но договор ниту денеска не е постигнат, јави „Нова ТВ“. Како што изјави амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, договор не е постигнат само поради едно прашање, но ниту по инсистирањето на новинарите, тој не откри за кое прашање станува збор. Неофицијално, партиите не можат да се...

Формирањето преодна влада до изборите, главна тема во Пржино

Формирањето преодна влада до избори е главна тема на денешните разговори на работните групи на политичките партии во Пржино, дознава „Мета“ од извори во преговарачките тимови. Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Имер Алиу од ДПА и Артан Груби од ДУИ ќе разговараат и за избирачкиот список и за реформите во медиумите. Како што дознаваме, сите четири политички партии...

Почнаа преговорите на работните групи во Пржино

Почна средбата на работните групи на четирите политички партии за решавање на политичката криза. Претставници на партиите се Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Посредници на средбата се евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД, Џес Бејли. Претставниците на политичките партии денеска треба да направат нов обид за доближување на...

Медиумите се на денешната преговарачка агенда на работните групи

Работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, денеска во 11.30 часот, во резиденцијата на Европската Унија во Пржино, ќе разговараат за реформи во медиумите. Средбата доаѓа по вчерашната посета на германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл. Тој се сретна со лидерите на СДСМ, ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух...

Ванхауте за „Мета“: Велосипедот нема да им го дадам во Музејот на ВМРО

Белгискиот експерт, Питер Ванхауте, кој ги олеснуваше преговорите за Договорот од Пржино и тие во работните групи, денеска си замина за Брисел. Договорот како независен експерт му завршува на 27 март, но тој најавува дека во Македонија се враќа на 4 април и вели дека ќе продолжи да работи и да ѝ помага на државата да оди напред. За постигнатото...

Албанија подготвува нормативна рамка за јазичните права на малцинствата во земјата

Работна група од експерти, формирана од Министерството за образование и спорт на Албанија, работи на извештајот за нормативна рамка за јазичните права на малцинствата во Албанија,  во соработка со Советот на Европа. Групата денеска имаше средба со членовите на државниот Комитет за малцинства на Албанија, во кој претставник на етничките Македонци е Нико Китани, по потекло од Мала Преспа, пишува електронскиот...

Ванхауте вечерва ќе добие одликување „Офицер во кралскиот ред“

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте денеска од амбасадорката на Кралството Белгија, Аник ван Калстер, ќе добие одликување „Офицер во кралскиот ред“. Церемонијата ќе се одржи вечерва, во 18.30 часот, во хотелот „Арка“. Олеснувачот Ванхауте во Македонија учествуваше во преговорите по црниот понеделник и кризата по 24 декември 2012 година, а ги предводеше и работните групи за спроведување на Договорот од Пржино. Во последно време тој...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...