fbpx
Таг: пушење

таг: пушење

Нашите политичари со безгрешни души

За разлика од евроамбасадорот Дејвид Гир кој призна дека погрешил што со лидерот на ДУИ се сретнал во кабинетот на првиот вицепремиер, Артан Груби, Ахмети не чувствува непријатност и не ѝ се извини на јавноста за тоа што својот гостин не го пречекал во седиштето на ДУИ во Мала Речица. Зошто ваквите гестови на коректно, културно и цивилизирано однесување,...

Докторка од Скопје во тимот експерти формиран од Џо Бајден, бараат лек кој ќе ја намали смртноста од рак за 50 отсто

Д-р Татјана Колевска е онколог, хематолог и медицинска директорка која ја води националната онколошка програма на американската компанија „Каисер Перманенте“ во Калифорнија, што покрива грижа и лекување на повеќе од 12 милиони луѓе низ САД. Д-р Колевска, која инаку е родена во Скопје, води многу клинички студии што постојано истражуваат нови лекови за ракот. Неодамна беше гостинка во Белата...

СЗО: Половина од македонските граѓани пушат во просек по 18 цигари на ден

Најновите истражувања, кои беа презентирани денеска, повторно го потврдија фактот дека С. Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион на Светската здравствена организација. Речиси половина од возрасната популација пуши редовно цигари, а 70 отсто од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден...

Култура на тајност и интереси: Улогата на лоби групите во донесувањето на законите

Јавноста во Македонија не добива соодветни и доволни информации за средбите на претставници на власта со интересните групи, а проактивната објава на официјалните веб-страници е недостаточна, давајќи само основни информации. Административната култура страда од наследство на тајност. Ова е заклучокот од анализата што хрватската граѓанска организација ГОНГ, по урнекот на студијата од претходната година на Access Info Europe и партнерите, го...

Филипче: Цигарите се причина за 12% од смртните случаи кај срцевите заболувања

Употребата на тутун и изложеноста на пасивно пушење придонесуваат за приближно 12 проценти од сите смртни случаи кај срцевите заболувања, а елиминирање на употребата на тутунот може да заштити милиони луѓе од срцев и мозочен удар, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по повод 31 мај - Светскиот ден без тутун. Под мотото „Избери здравје, а не тутун“, Министерството...

Законот за пушењето сепак изгласан, Собранието зачади од полемиките

По обемна дискусија меѓу пратениците од владејачкото мнозинство, во денешното продолжение на 11-та седница Собранието на Република Македонија, иако со значителен број гласови „против“ и во отсуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето. Во општатата расправа најзастапен беше Ферид Мухиќ од редот на независните пратеници, кој отвори цела филозофска...

Јавна расправа во Собранието за измените на законот за пушењето

Од 11 часот во салата „Борис Трајковски“ во Собранието на Република Македонија ќе се одржи јавна расправа за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, во организација на собраниската комисија за здравство. Предлог-законот е од неколкумина пратеници од владејачкото мнозинство, кои сметаат дека сегашниот закон е премногу рестриктивен и потребна е дозвола да се пуши во заградените тераси...

Секој втор во Македонија пуши, најмладите најмногу се опиваат

Речиси секој втор граѓанин на Македонија пуши, а во текот на изминатава година најголемо секојдневно опивање е забележано меѓу младите на возраст од 15 до 24 години, покажува новата студија за употребата на психоактивни супстанци во Република Македонија, која ја изработи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија. Презентирајќи ја студијата, директорот на ИЈЗ, Шабан Мемети, нагласи дека загрижува...

Македонците пушат по 18-19 цигари дневно, четврти сме во светот

Македонија е при врвот на листата од 184 земји според потрошувачката на цигари и се наоѓа на високото четврто место. Според табелата на „Википедија“, пред нас се само Црна Гора, Белорусија и Либан. Според слободна проценка на директорот на пазар за Македонија, Косово и за Албанија на „Империал тобако“, Кирил Величковски, пак, Македонците пушат по 18-19 цигари дневно. Но, иако нашата држава...

ЕУ: Само 11 членки ги усвоија правилата за забрана на пушењето

Европската унија соопшти дека само 11 од 28 нејзини членки потполно ги усвоиле мерките за забрана на пушењето, во предвидениот рок од две години кој истекува денеска. Државите членки имаа обврска, во рок од две години на национално ниво, да усвојат правила кои вклучуваат истакнување на предупредување за штетното влијание на пушењето врз здравјето, што подразбира и истакнување на слики...

Измените на Законот за пушење денеска на собраниска седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето, во прво читање, предложен од пратеници од опозицијата, во рамки на 85. седница. На дневен ред се, исто така, дополнувањето на Законот за административните службеници, измените и дополнувањата на Законот за буџетите, измените и дополнувањата на Законот за јавен долг, предлог-законот...

500 граѓани се пријавиле во советувалиштата за откажување од пушење

Од јуни 2014 до јуни 2015 година, во Центрите за јавно здравје, 500 лица се пријавиле во советувалиштата за откажување од пушење. Половина од пријавените, кои ги посетувале едукативните предавања, биле здравствени работници. Советувалиштата се достапни  за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје и во нив работи стручен и обучен кадар од доктор -...

Денеска е светски ден против пушењето

Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите секоја година на 31 мај го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, истакнувајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Според податоците од СЗО, во светот пушат 1,1 милијарда луѓе, од...

Од следната година ќе поскапат цигарите

Цигарите од 1 јули следната година ќе поскапат за 0,15 денари по парче или за околу три денари за една кутија. Во согласност со календарот за зголемување на акзицата за цигарите, по три денари за една кутија ќе се зголемува цената на цигарите до 1 јули 2016 година, а во наредните седум години цигарите ќе поскапуваат за околу четири денари за една...

Кина забрани пушење на јавни места

Властите во Пекинг, Народна Реоублика Кина, забранија пушење на сите затворени јавни места. Забраната ќе важи и за работните места и за јавниот превоз. Овој закон ќе стапи на сила на 1 јуни, а казни од 200 јуани (32 американски долари) се предвидени за тие што ќе ја прекршат. Во Кина 300 милиони луѓе пушат, а 700 милиони се изложени на чадот од цигарите.

Расте бројот на заболени од ХОБС

Секое лице постаро од 40 години кое ги препознава симптомите на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ), како што се кашлица, создавање и искашлување секрет и отежнато дишење, треба да оди на лекар и да ги направи превентивните прегледи. Најдобра превентивна мерка е престанок со пушењето и во тоа потребна е помош од семејството и заедницата. Македонија е меѓу земјите каде...

УЈП и Пазарниот инспекторат во акција во Дебар

Управата за јавни приходи и Пазарниот инспекторат ги продолжија акциите во Дебар. Инспекторите ги казнуваа угостителските објекти кои немаат фискални каси и кои не го почитуваат Законот против пушење.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...