fbpx
Таг: пуч

таг: пуч

Турција бара ново судење за војниците што побегнаа во Грција

Официјална Анкара побара ново судење на осумте војници што побегнаа во Грција по неуспешниот воен удар во Турција, соопшти шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу. - Бараме ново судење за осумте војници. Тоа е политичка одлука. Грците штитат пучисти - рече Чавушоглу за „ТРТ Хабер“. Врховниот суд на Грција вчера донесе одлука да не се екстрадираат осумте војници, кои бараат политички азил. Турските власти...

Адвокатите на Заев го добиле решението од судот за запирање на постапката за „Пуч“

Адвокатскиот тим на Зоран Заев го добил решението од Кривичниот суд за формално запирање на постапката за случајот „Пуч“, откако Специјалното јавно обвинителство донесе одлука за откажување од обвинението. Ова денеска го потврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој рече дека очекува наредните денови и тој да го добие решението од судот. И од Специјалното јавно обвинителство денеска за „Мета“ потврдија...

Милошоски: Порано или подоцна, Заев и Верушевски ќе одговараат за тоа што го сториле

Со одлуката за повлекување од предметот „Пуч“, Катица Јанева се постави во улога на суд, излегувајќи од сопствените ингеренции и почна сама да ги суди и да ги цени доказите за да му помогне на обвинетиот Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. - Целата јавност, како и госпоѓата Катица Јанева и нејзиниот штитеник, Зоран Заев, знаат за вината...

Педесетина туски војници и полицајци изнесени пред судот во Истанбул

Повеќе десетици полицајци и војници се изведени пред судот во Истанбул поради наводната вмешаност во неуспешниот државен удар, извршен во јули минатата година. Светските агенции јавуваат дека 28 полицајци и 34 војници наводно ја презеле контролата над аеродромот во Истанбул „Сабиха Гокчен“ во ноќта за време на пучот. Тие се обвинето за кривични дела против државата и се соочуваат со доживотна...

Турските власти отпуштија 8.390 државни службеници

Турските власти денеска отпуштија 8.390 државни службеници поради наводна поврзаност со терористички организации, а наредија и затворање на повеќе од 80 организации, меѓу кои и спортски клубови. Како што јавуваат турските медиуми, отпуштените службеници се од 63 различни државни институции, а меѓу нив 2.687 лица се полицајци, 1.699 се вработени во Министерството за правда, а 838 се здравствени работници.  Меѓу...

Турција по обидот за пуч повлекла 150 офицери од НАТО

Висок службеник на НАТО, Куртис Скапароти, денеска изјави дека околу 150 турски офицери биле пензионирани или отповикани од Алијансата по неуспешниот пуч во Турција. Скапароти рече дека е загрижен за доборосостојбата на офицерите и на нивните семејства, наведувајќи дека добил уверување од турските власти дека кон нив ќе биде постапено на „соодветен начин“. - Овде имав талентирани, способни луѓе. Отповикани се...

Притворени 103 професори во Истанбул

Турското обвинителство денеска наложи притвор за 103 професори од универзитет во Истанбул, во рамки на истрагата чија мета се приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен, јави телевизиската станица НТВ. Анкара го обвинува Ѓулен дека го организирал неуспешниот пуч на 15 јули во Турција, но тој го демантира тоа. Во прашање се професори од Технолошкиот факултет. Турскиот весник „Хуријет“ на својата веб-страница објави дека веќе 70...

Европската Унија ѝ порача на Турција да си ја заштити демократијата

Европската Унија денеска оцени дека загрижува неодамнешниот развој на случувањата во Турција и ја повика оваа држава да продолжи со политичкиот диjалог со опозицијата и да ја заштити својата демократија. Во соопштението на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини се вели дека иако државите членки на ЕУ ја препознаа потребата Турција да преземе соодветна акција при...

„Пуч“ пак одложен, Јанева и судијката се скараа

Жестока расправија меѓу специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и судијката Љубинка Башевска ја вжешти атмосферата на денешното рочиште од случајот „Пуч“, кое повторно е одложено, овојпат на неопределено време. Причина за кавгата и за реакцијата на Јанева беше назначувањето на две нови судијки поротници, кои немаат безбедносен сертификат поради што Башевска и го одложи рочиштето. На почетокот од расправата, судијката...

Ердоган на прославата по повод денот на републиката најави враќање на смртната казна

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека владата ќе побара од парламентот на Турција да го разгледа повторното воведување на смртната казна во земјата, со која би биле санкционирани организаторите на неуспешниот обид за воен удар во јули годинава. – Нашата влада до парламентот ќе достави предлог за воведување на смртната казна. Уверен сум дека парламентот ќе го одбори, а...

Нови чистки во Турција, приведени повеќе пилоти

Турското обвинителство побара притвор за 73 пилоти од воздухопловните сили, што е последна во низата акции поврзани со истрагата за неуспешниот воен удар извршен во јули годинава. На мета се најдоа приврзаниците на имамот Фетулах Ѓулен и воздухопловната база во централната турска провинција Коња и уште во 17 провинции. Тие се обвинети за вооружена буна против Турција. Анкара го обвини Ѓулен, кој...

Неселективно да се спроведе Договорот од Пржино, порача Амбасадата на Словачка

Словачката амбасада ги повика државните институции и политичките партии да се придржуваат до Договорот од Пржино и да не ја опструираат работата на Специјалното јавно обвинителство. „Словачкото претседателство во Советот на ЕУ нема да ги коментира изјавите на Министерството за внатрешни работи, ниту на Специјалното јавно обвинителство на оваа тема. Сите страни ги повикуваме на доследна и неселективна имплементација на...

Спасовски: Како може сам себеси да си правам пуч?

Законот мора да се почитува, судските наредби мора да се спроведат и на СЈО да му се овозможи да ја заврши својата работа, изјави попладнево министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој рече дека прес-конференцијата ја свикал за да даде детални информации и да ја појасни ситуација за тоа што вчера и денеска се случува во Управата за безбедност и...

Во Турција затворени уште 12 телевизиски станици

Турските власти наредија затворање на уште 12 телевизиски станици поради наводни врски со терористички организации и со групи кои претставуваат закана по националната безбедност. Турските медиуми пренесуваат дека со оваа постапка се зголемила загриженоста на критичката јавност дека владата ги користи овластувањата од вонредната ситуација, која беше воведена заради пропаднатиот пуч, за да ги придобие опозициските гласови. Турција прогласи вонредна состојба по...

ВМРО-ДПМНЕ апелира притисоците и нападите врз судот да престанат

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува обидите на аболираниот криминалец Зоран Заев, преку напади и закани врз судот да изврши притисоци и да ги заплаши судиите да одлучуваат во согласност со законот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод боењето на Кривичниот суд од страна на „Шарена револуција“. „Срамниот ноќен вандалски чин на хулиганите од платеничката револуција на СДСМ и на Сорос е резултат...

Попоски: Владата ќе постапи по дел од барањата на Турција

Владата на затворена седница донела одлука да постапи по дел од барањата од Турција што беа испорачани по неуспешниот обид за пуч, изјави Никола Попоски, министер за надворешни работи за радио „Слободна Европа“. Попоски рече дека не може да коментира одлуки донесени на затворена владина седница и затоа не може да каже што конкретно побарала Турција ниту, пак, какви мерки...

Заев и Верушевски дојдоа на рочиштето за „Пуч“

Обивинетите во случајот „Пуч“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, и неговата сопруга Соња Верушевска, утринава пристигнаа во Основен суд Скопје 1. На рочиштето се очекува да пристигне и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која вчера го најави своето присуство во судот. Последното рочиште од овој случај се одржа на 2 март,...

Јанева во 11 часот на новинарите ќе им го презентира извештајот за работењето на СЈО

Во 11 часот, во новите простории на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), специјалната обвинителка Катица Јанева ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран шестмесечниот извештај на ова обвинителство, соопштија од СЈО. Во соопштението на СЈО е наведено дека обвинителите ќе одговорат на сите прашања за кои новинарите пројавиле интерес во изминатиот период. Обвинителката ќе треба извештајот да го достави и до...

Турција испратила официјално барање до САД за апсење на имамот Ѓулен

Турското министерство за правда испратило официјално барање до САД за апсење на имамот Фетулах Ѓулен, за кој се тврди дека стои зад обидот за воен удар во јули, јави државната агенција „Анадолија“. Официјални лица од министерството изјавиле дека писмено барање било испратено до нивните американски колеги и во него било наведено дека Ѓулен „наредил и командувал“ со насилниот пуч во...

Меркел и Ердоган вчера во Кина разговарале за имплементација на договорот со ЕУ

Првата средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по обидот за воен удар на 15 јули, мина во контруктивна атмосфера, информираа денеска од прес-службата на германската влада. Меркел и Ердоган се сретнале ноќеска, по европско време, на маргините на Г20-самитот во кинескиот град Хангџоу. Како што информираше портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт, Меркел и Ердоган...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...