fbpx
Таг: првични резултати

таг: првични резултати

ВМРО-ДПМНЕ освои 20 градоначалници во вториот круг, СДСМ и ДУИ добија по седум градоначалници

Идентично како и во првиот круг од локалните избори, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг што се одржа денеска освои најголем број на градоначалнички места - во вкупно 20 општини. Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ ги освои градоначалничките места во: Пехчево, Ново Село, Кочани, Василево, Конче, Радовиш, Македонска Каменица, Кратово, Ранковце, Гевгелија, Лозово, Зелениково, Брвеница,...

Во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Гостивар, Струга, Кочани и Гевгелија ќе има втор круг на 31 октомври

Во најголем дел од поголемите општини во земјава ќе се одржи втор круг од локалните избори на 31 октомври. Државната изборна комисија (ДИК) веќе ги преброи гласовите и резултатите покажуваат дека во поголемите населени места има тесна разлика меѓу најголемите политички партии. Врз основа на преброени 100 отсто од гласовите во Битола, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски освоил 42,83 отсто...

Бајден и Сандерс главни претенденти за демократски кандидат на претседателските избори во САД

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс се главните претенденти за претседателски кандидат на Демократската партија што ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД. По гласањето на синоќешниот „супер вторник“, Бајден успеа да го победи Сандерс во девет сојузни држави: Тексас, Масачусетс, Арканзас, Минесота, Тенеси, Оклахома, Алабама, Северна Каролина...

ДИК на полноќ ќе ги соопшти првичните резултати

Државната изборна комисија соопшти дека изборите биле фер и демократски, без инциденти, но не соопшти колкава била излезноста во 19 часот. Портпаролката Љупка Гугучевска, во име на ДИК, им заблагодари на граѓаните за излезноста и на медиумите за коректното известување во текот на целиот ден. - ДИК беше во постојан контакт со општинските изборни комисии и успеа да ги надмине сите предизвици и...

Конзервативците водат на изборите во Британија, но немаат апсолутно мнозинство

Владејачката конзервативна партија на британската премиерка Тереза Меј ќе освои 314 пратенички места, додека опозициските лабуристи ќе имаат 266, покажуваат првите анкети од предвремените парламентарни избори што се одржаа во Велика Британија, пренесува „Би-би-си“. Сепак, во овој случај конзервативците би имале помалку од досегашните 330 мандати во парламентот кој брои вкупно 650 места и останува неизвесно дали партијата на Меј...

СДСМ: Првичните резултати на ДИК покажаа дека режимот на Груевски е поразен

Првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека режимот на Никола Груевски е поразен, дека граѓаните покажаа дека сакаат живот во Македонија и избраа промени, се вели во реакцијата на СДСМ на првичните резултати од изборите и од симулацијата на пратенички мандати што синоќа ги објави ДИК. Од најголемата опозициска партија, која според ДИК освои 49 пратенички места...

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...