fbpx
Таг: пругата кон Бугарија

таг: пругата кон Бугарија

Иницијативноста за довршување на патниот и железничкиот Коридор 8 – белег на 2023

Решителноста на македонската влада да работи интензивно на изградбата на оската исток-запад, односно на реализацијата на патниот и железничкиот Коридор 8 кој минува низ нашата земја е белегот на инфраструктурната 2023 година. Изминативе 12 месеци, изјавите на политичарите, невладиниот сектор и останатите субјекти во општеството, но и конкретните потези што беа преземени, му дадоа приоритет во јавноста на Коридорот...

Објавен тендерот за последната делница од пругата кон Бугарија – рокот за изградба е 5 години

Утрово, на веб-сајтот на ЕУ, беше објавен тендерот за третата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до границата со Бугарија (Деве Баир), како дел од Коридорот 8. Станува збор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, додека изградбата на останатите две делници од Куманово до Бељаковце и од Бељаковце до Крива Паланка сè уште...

Над 560 милиони евра обезбедени за пругата кон Бугарија и заеднички железнички премин со Србија

За изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија меѓу Крива Паланка и Деве Баир се обезбедени 500 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој изјави дека над 560 милиони евра се обезбедени за реализација на значајни крупни инфраструктурни проекти во железничката инфраструктура. Освен за пругата кон Бугарија, обезбедени се и 7,5 милиони евра за изградба...

Желките и натаму побрзи од пругата кон Бугарија [видео+галерија]

Бавно тече изградбата на пругата кон Бугарија, која е придружена со протести на месното население од Куманово и нетранспарентност кон новинарите од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. На дел од трасата, степенот на изведба на железничката делница меѓу Куманово и селото Бељаковце изгледа идентично како и пред три години, кога Мета.мк последен пат излезе...

Покрај ЕУ, за третата фаза од пругата кон Бугарија средства размислува да даде и ЕБОР

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) информираше дека ја разгледуваат можноста да одобрат нов заем во висина од 175 милиони евра за изградба на третата фаза од пругата кон Бугарија, меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир. Кредитот би бил одобрен на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура на РСМ, а со овие средства би се изградила пругата...

Врабчев: Примитивниот национализам во Бугарија доаѓа од Кремљ

Андреј Врабчев е скулптор од Софија и кандидат на партијата „Продолжуваме со промената“ за пратеник во бугарското собрание на изборите кои ќе се одржат на 2 април.  Според него, руската пропаганда има директна врска со лошите односи помеѓу Бугарија и Македонија, а основен инструмент на таа политика е еден примитивен национализам. Врабчев се залага за изградба на железничката пруга ...

Инфраструктурата во 2022: Многу отпочнати проекти, малку од нив завршени навреме

Значителна е бројката на проекти од патната, железничката и гасоводната инфраструктура кои се започнати со реализација на терен, но во изминатава година остана проблемот со непочитувањето на роковите за изведба и доцнењата со пуштање во употреба на инфраструктурните објекти. Како завршени проекти од власта во 2022 година може да се сметаат изведбата на втората фаза од експресниот пат Штип-Кочани...

Чекајќи го возот за Софија: Нова надеж за „пругата наречена надеж“

Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година. Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата предводена од СДСМ и...

Ковачевски и Донев разговарале за зголемување на капацитетот на гасоводот

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, на денешната билатерална средба, поврзана со почетокот на рехабилитацијата и целосната изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, разговарале и за зголемување на капацитетот на засега единствениот гасовод во земјава, кој е продолжение на бугарскиот гасовод. „На билатералната средба помеѓу премиерите Ковачевски и Донев се говореше...

Ковачевски: Го разбирам скептицизмот на граѓаните за пругата кон Бугарија, но ќе работиме напорно [Галерија]

Свесен сум дека постои скептицизам, јас сум еден од оние кои практично пораснаа со проектот железница кон Бугарија. Од моментот кога станав свесен за тоа што се железнички коридори, тогаш почна да се гради овој железнички коридор и сѐ уште не е изграден. И знам зошто постои тој скептицизам, таа недоверба дека некогаш и ќе се случи ова. Системот...

ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата

Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани - изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките железнички гранични премини, недостигот...

ЕУ ќе го финансира довршувањето на пругата Ѓуешево-Софија

Европската комисија ја одобри првата голема инфраструктурна програма за Бугарија за периодот 2021-2027 година. Официјален Брисел за програмата „Транспортно поврзување“ ќе ѝ додели на Бугарија 1,61 милијарда евра. Еден од најважните инфраструктурни проекти коишто треба да се градат е железничката пруга по коридорот Ориент/Источен Медитеран, односно Коридорот 8, пишува money.bg. Бугарија најдоцна до 2027 година ќе треба да ја изгради...

ЕУ за нови проекти во земјава одобри неповратни средства од 225,6 милиони евра

На крајот на јули 2022 година, Европската Унија ги одобри првите проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, при што Северна Македонија аплицираше со четири инвестициски проекти и добивме поддршка за секој од нив, во вкупен износ од 225,6 милиони евра. Станува збор за неповратни средства - грантови, која што финансиска поддршка нема потреба да...

Австриски „Штрабаг“ и турски „Ѓулермак“ ќе ја градат пругата Куманово-Крива Паланка

Австриската компанија „Штрабаг“ (Strabag AG) е избрана за да ја гради пругата од Куманово до Бељаковце, додека турски „Ѓулермак“ (Gülermak) ќе ја изведува втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија. Во владиното седиште денеска се потпишаа договорите за изведба на двете фази од пругата кон Бугарија, капитален инфраструктурен проект во којшто се инвестираат...

ЕУ со 150 милиони евра за третата фаза од пругата кон Бугарија, плус средства за соларни електрани

Европската Унија (ЕУ) денеска објави нов инвестициски пакет за Западен Балкан вреден 3,2 милијарди евра наменети за 21 капитален проект од инфраструктурата, енергетиката, поврзаноста, климата и дигитализацијата, соопшти Европскиот Совет. Северна Македонија со најновиот пакет ќе добие неповратни средства во висина од 149,2 милиони евра за изградба на последната, трета фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка...

До вчера се доставуваа понуди за пругата Куманово-Крива Паланка, изградбата почнува до март 2022

До вчера се поднесуваа понудите од заинтересираните градежни компании и конзорциуми за изградба на првичните две фази од пругата кон Бугарија. Постапката е успешно завршена од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, а во наредниот период ќе следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, информираат од Владата на РСМ. Проектот вклучува доградба на...

EK: Да се дозволи влез на приватни компании во железничкиот превоз и да се забрза изградбата на Коридорот 8

Во областа на транспортот и трансевропските транспортни мрежи, земјава е умерено подготвена, при што ограничен напредок е постигнат во изминатата година, оценува Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година. Критиките од минатогодишниот извештај се провлекуваат и годинава во однос на конкретни теми од транспортот. Па така, Европската Комисија бара да се имплементираат реформи...

Потпишан меморандум за изградба на Коридорот 8, до 15 ноември ќе се достават понуди за пругата кон Бугарија

Тројцата министри за транспорт на Северна Македонија, Албанија и Бугарија денеска во Софија го потпишаа трилатералниот Меморандум за соработка, со кој се истакнува заедничката заложба на трите земји за координирана изградба на железничкиот и патниот Коридор 8, информираат од Владата на РСМ. „Железничкото поврзување кон Исток со Република Бугарија и кон Запад со Република Албанија е од клучно значење за...

Во ноември ќе се потпише договорот со компанијата што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка

Постапката за избор на градежна фирма што ќе ја гради пругата Куманово-Крива Паланка на железничкиот Коридор 8 треба да се заврши до ноември годинава. Претквалификациската фаза заврши изминатава пролет, а во наредниот период тендерската документација ќе им биде доставена на претселектираните фирми, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски. Компаниите ќе имаат рок од 90 дена за...

До јули е планирано да се избере изведувач за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ го очекува од Европската банка за обнова и развој евалуацискиот извештај, по што од следната недела се очекува отпочне втората фаза од меѓународниот тендер за довршување на пругата Куманово-Крива Паланка, во која селектираните компании ќе ги достават тендерските понуди за изведба на пругата долга 64,8 километри. На крајот од јуни или...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...