fbpx
Таг: пруга

таг: пруга

„Тргнува“ пругата за брзи возови, утре ќе се потпишува договор со Србија

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре со македонскиот колега Благој Бочварски ќе потпише Меморандум за изградба на брза пруга од Ниш до Скопје, за што двете земји заеднички ќе побараат средства од ЕУ, јави Радио телевизија на Војводина. „Ќе потпишеме Меморандум со Македонија и јас сум особено горд на тоа“, нагласи Весиќ. Тој изјави дека...

Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути,...

Локвенец не рекол дека ќе се гради пруга од скопскиот до охридскиот аеродром

Во интервју за порталот Локално, Локвенец вели дека до двата аеродрома во иднина ќе има можност да се пристигнува и со воз, но не и дека аеродромите во двата града  – Скопје и Охрид, меѓу себе ќе бидат поврзани со пруга. Односно, планирано е да има железничка линија што ќе го поврзува Охрид со охридскиот аеродром и Скопје со...

Кражби ја прекинуваат работата на телекомандата по пругата на Коридор 10 и на патните премини

Опасни инциденти со кражби на железничката инфраструктура се случуваат во Македонија, кои предизвикуваат прекини на функционирањето на патните премини преку пругите, а во одредени случаи и ја прекинуваат работата на телекомандата, преку која се раководи сообраќајот по пругата на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија. По тешката железничка несреќа во Грција, во која животот го загубија 57 лица во судирот...

Чекајќи го возот за Софија: Нова надеж за „пругата наречена надеж“

Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година. Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата предводена од СДСМ и...

Ковачевски: Го разбирам скептицизмот на граѓаните за пругата кон Бугарија, но ќе работиме напорно [Галерија]

Свесен сум дека постои скептицизам, јас сум еден од оние кои практично пораснаа со проектот железница кон Бугарија. Од моментот кога станав свесен за тоа што се железнички коридори, тогаш почна да се гради овој железнички коридор и сѐ уште не е изграден. И знам зошто постои тој скептицизам, таа недоверба дека некогаш и ќе се случи ова. Системот...

Седум години се врши ремонт на пругата Ногаевци-Неготино на Коридорот 10

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ веќе седум години врши ремонт на железничката пруга Ногаевци-Неготино. Оваа делница од Коридорот 10 е долга 31 километар, а изведбените активности се одолговлекуваат во време кога соседните земји Бугарија, Грција и Србија градат брзи пруги на главните паневропски коридори што минуваат низ нивните територии. Ремонтот на пругата започна во декември 2013 година,...

Автопатот, пругата, гасоводот и заедничкиот граничен премин ветени во Приштина меѓу Бочварски и Абраши

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска престојуваше во официјална посета на Приштина, каде што се сретна со неговиот косовски колега Арбан Арбаши. На средбата се дискутирало за неколку инфраструктурни проекти, кои би овозможиле посилен регионален развој, информираат од Министерството за транспорт и врски. Во однос на ветената изградба на заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Косово во...

Прекина изградбата на пругата Куманово-Бељаковце, ќе има тендер за нов изведувач

Сопрена е изградбата на пругата Куманово-Бељаковце на барање на германскиот изведувач „Вибе“, информираат од ЈП Железници на РСМ-Инфраструктура. Државата ќе мора да бара нов изведувач за довршување на првата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија, како и изготвувач на нова техничка документација за железничката делница долга 30,8 километри. Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура во изјава за „Мета.мк“ велат дека...

Реализацијата на капиталните инвестиции нема да запре поради корона кризата

Владата не планира да ја запре реализацијата на капиталните инвестиции во делот на инфраструктурата. Од Министерството за транспорт и врски во изјава за „Мета.мк“ посочуваат дека капиталните проекти во делот на патната, железничката и комуналната инфраструктура ќе продолжат да се изведуваат непречено. - Министерството за транспорт и врски ги презема сите потребни активности за да нема застој во реализација на...

Владата до УНЕСКО: Со Албанија ќе бараме прифатливо решение за трасата на пругата

Покрај отворањето на тендерската постапка за анализа на алтернативна рута за идното железничко поврзување меѓу Македонија и Албанија, владата во доставениот извештај до УНЕСКО тврди дека формирале државна работна група, која заедно со УНЕСКО и албанските институции ќе работи на изнаоѓање прифатливо решение за овој инфраструктурен проект што нема да му наштети на исклучителната универзална вредност на Охридското езеро. Ваквите...

Изградени 64 отсто од пругата Куманово – Бељаковце до крајот на 2019 година

Се интензивира изведбата на градежните работи на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. До крајот на годинава, изградени се 64 отсто од пругата Куманово - Бељаковце со должина од 30,8 километри, информираат од Министерството за транспорт и врски за „Мета.мк“. - Интензитетот на изградба се зголеми во втората половина на оваа година и очекуваме до...

„Охрид СОС“: Последиците по биодиверзитетот во документите на владата се сведени на пејсажни ефекти

Од „Охрид СОС“ велат дека Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион 2019-2028 година и Стратегиската оценка за животна средина (СОЖС) кон овој план несоодветно го третираат влијанието на идниот автопат Требеништа - Струга и пругата Струга - Лин врз биодиверзитетот на регионот што е заштитен под капата на УНЕСКО. „Охрид СОС“ во соопштението за медиуми...

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес - служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше постојната траса на железничкото поврзување...

Пругата кон Албанија ќе поскапи за 100 милиони евра ако се препроектира

Работната група за постапување по забелешките на УНЕСКО во моментов работи на предлог - решенија за железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија. Од владата за „Мета.мк“ информираат дека финалното решение околу трасата на пругата Кичево - Лин ќе биде усогласено со препораките на УНЕСКО. - Во предлог - решенијата се инкорпорирани еколошките мерки кои треба да се преземат и меѓународни...

ДЗР: Државата недоволно одвојува за железнички превоз и инфраструктура

Владата преку надлежното министерство од годишниот буџет во 2018 година одвоила помалку средства од неопходните за нормално функционирање на железничкиот превоз и за одржување на пругите. Државниот завод за ревизија ја дава ваквата констатација во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2018 година на сметката на основен буџет (637) на Министерството за...

Пруга до скопскиот аеродром постоела до 1980 година, на трасата денеска има само отпад

Скопскиот аеродром имал директна железничка врска до пругата Скопје - Куманово сѐ до 1980 година, кога престанала да функционира. Воeниот аеродром „Петровец“ преку оваа пруга се снабдувал со керозин за авионите, но по 1980 година во станицата Миладиновци бил изграден воен колосек и цевковод за пренесување на горивото до цистерните на аеродромот, ги потврдуваат за „Мета.мк“ овие информации од...

Пругата Македонија – Албанија на слеп колосек поради лошо избраната рута, заканата за Охридското езеро и цената

Несоодветната рута избрана за железничкото поврзување меѓу Северна Македонија и Албанија е најновата опасност за задоцнета реализација на овој стратешки проект на Коридорот 8. Веќе две години, УНЕСКО предупредува дека Охридското езеро може да се најде на листата на загрозено светско наследство доколку продолжи да се реализира инфраструктурниот проект по постојната траса. Изведбениот проект за пругата кон Албанија беше...

Со турски дрезини во иднина ќе се одржуваат македонските пруги

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура - Железници на РСМ набави две нови дрезини за одржување на железничката инфраструктура во земјава. Станува збор за инвестиција вредна над два милиона евра, со која делумно ќе се обнови возниот парк задолжен за одржување на пругите низ земјава. Како што се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки, дрезините ќе бидат...

Обезбедивме 580 милиони евра за железничката пруга од Куманово до бугарската граница, вели Заев

Во интервју за бугарската приватна новинска агенција „БГНЕС“, македонскиот премиер Зоран Заев порача дека пругата од Куманово до бугарската граница би требало да биде пуштена во употреба најдоцна до 2025 година, а за изградбата на третата фаза, од Крива Паланка до Бугарија ќе бидат потрошени 405 милиони евра, од кои 345 милиони евра кредит, кој заеднички ќе го дадат...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...