fbpx
Таг: провокации

таг: провокации

Бугарија подготвена да испрати полицајци за чествувањето на Гоце Делчев, ако македонското МВР побара

Бугарското Министерство за внатрешни работи (МВР) е подготвено да испрати свои полицајци во Скопје за обезбедување на чествувањето на Гоце Делчев в сабота, ако добие барање за тоа од македонското МВР, рече заменик-главниот секретар на бугарското МВР, Станимир Станев во гостување на бугарската телевизија бТВ. „Бугарија е подготвена да испрати полицајци во Северна Македонија на 4 февруари, ако има таков...

По изјавата на Пендаровски за руско влијание, Захариева возвраќа дека тој работел за Белград и Москва

Екатерина Захариева, поранешната бугарска министерка за надворешни работи (2017-2021) и актуелен претседател на Комисијата за надворешна политика во актуелниот состав на бугарскиот парламент во интервју за бугарската приватна новинска агенција БГНЕС обвини дека агресијата против „македонските Бугари“ се случува под толерантен поглед на властите во Република Северна Македонија, но и дека македонскиот претседател Стево Пендаровски не ги штити интересите...

Пендаровски: Предложив да се забрани влез во земјава на европратеник и други лица од Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски по вчерашната, 18. седница на Советот за безбедност, која се одржала во проширен состав, соопшти дека предложил да се забрани влезот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и уште неколкумина бугарски националисти кои најавија дека ќе дојдат во земјава за да го одбележат роденденот на Гоце Делчев. Седницата на Советот уследи по испадот на Џамбаски на панихидата на Мара...

ДУИ апелира на воздржување од провокации и расчистување на смртта на Саздовски

Демократската унија за интеграција изразуи длабоко сочувство до родителите, фамилијата и блиските на починатиот Никола Саздовски и го осуди чинот на насилство што доведе до негова смрт. „Загубата на млад и невин живот, особено на насилен начин, каков што беше овој немил настан, претставува чин кој секогаш и од секого заслужува целосна осуда. Насилството претставува чин за кој нема и...

СЕММ: Медиумите да не поттикнуваат разлики и поделеност помеѓу граѓаните

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) со загриженост реагира на зачестените случаи на ширење шпекулации, еднострано известување и невистини преку некои медиуми, особено во контекст на сегашната политичка ситуација и по потпишувањето на договорот за името со Република Грција. Од СЕММ велат дека „загрижува фактот што се забележуваат случаи на известување кои содржат повици за мобилизација на граѓаните...

Милошоски: Можни се спонтани или намерни инциденти утре на Мечкин камен

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска на Мечкин камен во Крушево положи цвеќе и се поклони пред споменикот на илинденците, несакајќи тоа да го стори утре, при официјалната прослава, бидејќи, како што рече Антонио Милошоски, не сака да дава легитимитет на „нелегално избрани функционери“. На официјалната прослава на Мечкин камен утре треба да се обрати претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери,...

СДСМ ги обвини Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за провокациите со дронот во Чаир

Ги осудуваме сите провокации што имаат цел да поттикнат меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се направени, вклучително и инцидентот со дрон на фудбалски натпревар во Чаир, соопштија денеска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Од партијата ги повикуваат граѓаните да не потпаѓаат на насилните и потпалувачки сценарија на Никола Груевски и на тесното...

Габриел: Ердоган бара непријател за да ја прикаже Турција понижена, а Западот – арогантен

Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, денеска им порача на турските функционери дека Германија ќе им забрани да учествуваат на собири за поддршка на турскиот референдум на нејзина територија. „Тој што ја преминува границата во однесувањето не смее да мисли дека може да ги шири своите ставови и кај нас“, вели Габриел за германскиот неделеник „Шпигел“. Тој вели дека нема само Турција...

СДСМ: Груевски да престане со провокациите и со поттикнувањето насилство

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ доцни два месеца со денешното соопштение. За Никола Груевски, сè беше прифатливо додека молеше да го состави парламентарното мнозинство“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за седницата на централниот комитет. „Сега, кога мора да се помири со тоа дека тој е ’дефакторизиран’, дека ја загуби власта затоа што околу 700.000 граѓани се изјаснија против...

Јужна Кореја: Нема да прекинеме со емитувањето пропагандни пораки

Парк Гуен Хје, претседателката на Јужна Кореjа изјави дека Сеул нема да го прекине емитувањето на пропагандните пораки на границата на Јужна и Северна Кореја, ако Северна Кореја не се извини за провокациите кон Сеул. –Северна Кореја треба да упати јасно извинување и да гарантира дека нема да има натамошни провокации-рече Гуен Хје, префрлувајќи ја вината на Пјонгјанг за предизвикување...

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...