fbpx
Таг: проверка

таг: проверка

Не е вистина дека НАТО ги повлекол сите безбедносни сертификати

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации информира дека досега се нема случено повлекување на безбедносни сертификати дадени на македонски функционери, воени лица, разузнавање и МВР од страна на НАТО, ниту пак, за такво нешто има какви било индиции. Потврда дека информацијата што се споделува на социјалната мрежа X е  неточна добивме и од Министерство за одбрана, пишува „Вистиномер“ во...

ДКСК ќе проверува кои судии и обвинители предвреме положиле правосуден

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на Меѓународниот ден за борба против корупцијата најави дека ќе ги истражува документите на сите кандидати на Академијата за судии и обвинители од нејзиното основање до сега. Антикорупционерите ќе истражуваат кои судии и обвинители стигнале до функцијата  со прекршување на законот, односно со предвремено полагање на правосуден испит, пишува Радио Слободна Европа...

ДКСК: Бавете се со политика поради јавен, наместо поради личен интерес

За да се подобри лошиот индекс на перцепција на корупцијата треба да се вклучи целото општество, а особено да се остави простор за работа на независните тела како што е Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), неопходно е да се зајакне соработката меѓу институциите, да се применуваат процедурите и да функционира контролата, порача денеска ДКСК. - Сепак, како најважен момент...

Работна група треба да изготви предлог-план за спроведување на ветинг во МВР

Владата на 148. седница ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во МВР. „Се задолжува МВР, најдоцна до 20 август да формира работна група со задача да изготви предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот и најдоцна до 01. октомври да го достави до Владата. Во...

Медиумите не ја проверија информацијата за претресот на домот на Јанева, а не објавија ни демант

Лавина дезинформации и шпекулации во медиумите предизвика новиот случај „Рекет“ на Основно јавно обвинителство, за кој, менаџерот на телевизијата „1ТВ“ Бојан Јовановски и бизнисменот Зоран Милески се во 30-дневен притвор, бидејќи се осомничени дека сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Јовановски и за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, пишува „КриТинк“. „Истражната постапка...

Ќе се проверуваат социјалните станови

klupi penzioneri zheshko sonce toplo
Зградите со социјалните станови, кои државата ги градеше изминатите години, не се целосно пополнети. Додека има празни, невселени станови, има семејства кои со години молат да најдат каков било покрив над глава. Освен тоа, во некои од зградите, станарите сведочат дека и покрај тоа што се доделени, во нив ретко се присутни станарите или доаѓаат за време на одмор....

Серверот на УЈП за менување на лозинка не работи, граѓаните не можат да си ја проверат даночната пријава

Даночните обврзници – физички лица треба да влезат во својот кориснички профил, кој го регистрираа на системот „е-Персонален данок“, и до крајот на мај имаат рок да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. Но, системот денеска има потешкотии во работата. Постои серверски проблем, поради кој, доколку граѓаните се обидат да ја сменат лозинката системот дава грешка. Бидејќи не...

Лансирана е европска мрежа за проверка на факти за изборите за ЕУ-парламентот

„ФактЧек ЕУ“ е името на новата мрежа за проверка на факти која е лансирана денеска од страна на 19 медиуми, членки на „Меѓународната факт-чекинг мрежа“ (МФЧМ), проект на Институтот Поинтер од Флорида, САД. Конзорциумот „ФактЧек ЕУ“ е составен од медиуми од 13 земји од Европа и ќе има основна задача да врши проверка на изјави/тврдења и на стории кои што...

Увид во избирачкото право за 20 дена извршиле 21.600 граѓани

Заклучно со вчерашниот ден, 9 септември, заврши јавниот увид во избирачкиот список. Јавниот увид почна на 21 август и траеше 20 дена. Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид извршија вкупно 21.594 граѓани, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК). Притоа, направени се значителен број измени во избирачкиот список. „Во овој период донесени се 65 решенија за запишување во...

Албанскиот парламент го изгласа законот за проверка

Албанскиот парламент вчера донесе серија закони откако беше постигнат договор меѓу Социјалистичката партија и Демократската партија а надминување на кризата. Носењето закони следеше откако беа назначени нови министри од опозицијата, кои технички ќе раководат со секторите до парламентарните избори. Меѓу законите кои вчера беа донесени беше и законот за проверка. - Давањето пристап на опозицијата до владата за да ја...

СЈО ги проверува имотите на функционери и на фирми за финансиските истраги што ги води

Специјалното јавно обвинителство врши детални проверки на имотот на поголем број лица и фирми, за потребите на финансиските истраги што ги води, соопштија денеска од СЈО. „Пред ова Јавно обвинителство се водат повеќе предистражни постапки кои за цел имаат спроведување на финансиски истраги против поголем број на физички и правни лица. Целта на овие предистражни постапки е да се провери...

СВР Битола го проверува финансиското работење на ученичкиот дом „Мирка Гинова“

Битолската полиција го ставила под лупа финансиското работење на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ во Битола, како и на други институции кои се под капата на државата или локалната самоуправа. Наши извори од истрагата откриваат дека предмет на истрага биле евентуални финансиски и други злоупотреби, односно како во последните години се трошеле парите на граѓаните, како се правеле јавните набавки,...

ДИК: Избирачкиот список е заклучен, може да се пребарува само со матичен број

Во апликацијата на ДИК за проверка на граѓаните во избирачкиот список, единствената активна можност за пребарување на избирачите од вчера е само преку матичниот број на граѓаните. Дополнителните две опции за пребарување, преку адреса и име и преземе, повеќе не се активни. Од ДИК за „Мета“ велат дека избирачкиот список за предвремените парламентарни избори в недела, на 11 декември, е...

Европската комисија бара да се проверуваат сите што влeгуваат во шенген-зоната

Европската комисија денеска предложи претходна проверка за секој кој од трета земја влегува во шенген-зоната на Европската Унија, дури и ако земјата има безвизен режим. Со овој потег, ЕУ би применила сличен систем кој веќе постои во САД. Предложениот систем, ЕТИАС (Систем на ЕУ за информирање и за одобрување патувања) ќе биде сличен на американскиот систем ЕСТА и ќе бара...

Втор рок за пријавување за спорните гласачи по распишување на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) ќе го стави на јавен увид избирачкиот список 15 дена по распишувањето на предвремените параламентарни избори, изјавија од Државната изборна комисија за sdk.mk. На тој начин, како што велат од ДИК, како и сите останати граѓани со право на глас, така и се уште непријавените гласачи меѓу преостанатите 30.580 спорни, ќе може да се пријават електронски...

Манчевски: Целта не е од избирачкиот список да се избришат реални гласачи

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ денеска во Јегуновце одговарајќи на новинарско прашање зошто првичната бројка од 300.000 спорни гласачи се намалува на 39.000 рече дека сите бројки на спорни гласачи кои излегоа во Државната изборна комисија, се резултат на анализите на ДИК. - Она што за нас е важно, е дека прво на списокот за гласање ќе ги има фотографиите на...

За „спорниот“ избирачки список ДИК ќе расправа во вторник на јавна седница

Денеска истекува рокот за пријавување на спорните гласачи во избирачкиот список и тој ќе се разгледува на јавна седница во вторник, велат за „Мета“ од ДИК. Од Комисијата додаваат дека продолжување на рокот за увид и пријавување во избирачкиот список нема да има, освен ако Собранието не изгласа измени во Изборниот законик. - Ние немаме никаква надлежност да го продолжуваме рокот...

Антикорупциска агенција ќе ги проверува имотите на Тачи и на Мустафа

Косовската Агенција за борба против корупцијата ќе спроведе истрага за имотната состојба на претседателот и премиерот на Косово, Хашим Тачи и Иса Мустафа, јавува агенцијата „Танјуг“. Агенцијата, исто така, ќе изврши и проверка на пријавениот имот на вицепремиерот и министер за правда Хајредин Кучи, како и на уште тројца владини претставници, чии имиња не се објавени. Предмет на проверка на Агенцијата...

ДИК не очекува многу граѓани да направат проверка во избирачкиот список

Државната изборна комисија (ДИК) не очекува голема бројка граѓани кои ќе се пријават за промена на податоците во избирачкиот список. Оттаму велат дека според практиката од минатите изборни години, тој број е мал и без поголеми шанси да направи радикални промени во избирачкиот список. Сепак, за тоа дали ќе се објават бројките на граѓани кои поднеле барање за бришење...

Проверка во избирачкиот списокот и електронски и лично

Државната изборна комисија (ДИК) од денеска го стави на јавен увид избирачкиот список. Граѓаните, наредните 15 дена може да проверат дали ги има на списокот електронски, на веб-страницата на ДИК, или лично, во подрачните одделенија на комисијата. Рокот за проверка е 15 дена. Увидот во избирачкиот список може да се изврши секој ден од 8.30 до 19 часот во подрачните одделенија на...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...