fbpx
Таг: Протокол

таг: Протокол

Норвешка го ратификуваше протоколот за членство на државата во НАТО

Норвешка го ратификуваше протоколот за членство на државата во НАТО. „Имаме уште помалку од половина земји членки“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил. Норвешка е 15. од 29. земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Данска го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Данска без ниту еден глас против го ратификуваше протоколот за полноправно членство на Република Северма Македонија во НАТО. По Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Романија и Литванија, Данска е деветта земја членка која даде зелено светло за влез на нашата земја во НАТО. „Тешките одлуки кои што се донесоа се влог во иднината. Влезот во НАТО не...

Романија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Парламентот на Романија денеска на пленарна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој од вчера престојува во работна посета на Романија. -Романија денеска уште еднаш ја демонстрираше својата посветеност, пријателство и поддршка кон Република Северна Македонија за остварување на нејзината евроатланска определба, овозможувајќи една кохерентност и заедничка иднина....

Џафери во работна посета на Романија и Литванија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија. Тој ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби. Седницата во романскиот парламент ќе се одржи утре, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба на пратеникот...

Џафери во Романија и Литванија на ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 12 до 14 март ќе престојува на работна посета во Романија и Литванија, каде ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби. Седницата во романскиот парламент ќе се одржи на 13 март, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба...

Бугарија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Народното собрание на Република Бугарија утрово со 140 гласа „за“ и без воздржани и против го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. На седницата присуствуваа претседателот на македонското собрание, Талат Џафери и вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатераина Захариева која рече дека политика на проширување на НАТО се смета за еден од најуспешните...

Џафери утре во Бугарија на ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска и утре е во официјална посета на Република Бугарија. Тој утре ќе присуствува седницата на која што ќе се ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Народното собрание на Република Бугарија. Од македонското собрание информираат дека по ратификацијата, Џафери ќе има средба со претседателката на Народното Собрание на Бургија, Цвета...

Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Парламентот на Бугарија в среда на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Се очекува на ратификацијата на протоколот да присуствува претседателот на македонското Собранието, Талат Џафери. Парламентарната Комисија за одбрана на 15 февруари го одобри протоколот и им препорача на пратениците да го усвојат. Претседателот на Комисијата, Константин Попов изјави дека Северна Македонија може да...

Албанија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Албанскиот Парламент денеска со 130 гласови „за", ниту еден против го изгласа Протоколот за членство на Македонија во НАТО. На седницата присуствуваше претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери кој по изгласувањето на Протоколот изрази голема благодарност за поддршката што Албанија и ја дава за земјата. Спикерот Џафери рече дека Скопје е посветено на градење општество за сите, без оглед...

Албанија утре ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ќе отпатува во работна посета во Република Албанија. Како што информира собраниската прес-служба, Џафери во Албанија ќе присуствува на утрешната пленарна седница на Собранието на Република Албанија на која ќе се ратификува Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО. Вчера, Државниот Збор на Република Словенија на вонредна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на...

Словенија денеска ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Словенечкиот парламент на вонредна седница ќе го ратификува протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, информираат од македонското Собрание. Со тоа, Словенија ќе биде втората земја-членка на Алијансата која по Грција ќе го ратификува Пристапниот протокол во НАТО. „Државниот збор на Република Словенија, денеска ќе има вонредна пленарна седница на која во 10:55 ќе се гласа за ратификацијата на...

Нова демократија нема да го поддржи Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Јоргос Кумуцакос, надлежниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, пред членовите на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент рече дека неговата партија нема да гласа за ратификација на Протоколот за членство во НАТО -Не гласаме за протоколот за влез на Скопје во НАТО, бидејќи тоа е она што формално произлегува од договорот,...

Унгарија го поздрави потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Унгарската Влада го поздравува потпишувањето на протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти денеска унгарската амбасада во Скопје. „Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската...

Косачев: Пристапувањето на Македонија во НАТО никому нема да донесе добро

Претседавачот на Комитетот за меѓународни односи при Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, оцени дека тоа што Македонија го потпиша пристапниот протокол за НАТО претставува можеби симболичен чин, но е важен за Алијансата, имајќи го предвид растечкиот судир помеѓу Алијансата и Москва. -Ова е повеќе симболичен отколку практичен чекор, бидејќи станува збор за мала земја која нема никаква важност за...

Комитетот за надворешни работи на Конгресот на САД со поддршка за членството на Македонија во НАТО

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Елиот Л. Енгел ја повика администрацијата на претседателот Доналд Трамп да го поддржи членството на идната Република Северна Македонија во НАТО. Во писмо до државниот секретар Мајк Помпео, лидерот на Комитетот за надворешни работи пишува дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе помогне да се обезбеди стабилноста и мирот на...

Протоколот за членство во НАТО пред комисија во грчкиот Парламент

Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, денеска во 13 часот по локално време ќе го разгледа нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Атина. Известувачи за нацрт законот се пратеникот од СИРИЗА и поранешен министер за цивилна заштита, Никос Тоскас и пратеникот од...

ВМРО-ДПМНЕ го поздрави потпишувањето на Протоколот за НАТО

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува потпишувањето на пристапниот протокол за НАТО, соопшти партискиот портпарол Димче Арсовски. Тој тоа го нарече чекор напред за државата и за граѓаните, но истовремено дека Преспанскиот договор е понижување на Македонија и граѓаните. - Ова е важен ден за Република Македонија и денес се завршува една неправда нанесена на државата од пред повеќе од 10 години. Влезот...

Македонија доби „столче“ во НАТО, уште четири чекори до право на глас

Македонија добива „столче“ во НАТО со денешното потпишување на пристапниот протокол. Тоа значи дека земјата ќе учествува на сите состаноци и во сите тела на Алијансата со статус на „поканета земја“, но сè уште без право на глас, додека формално не заврши пристапниот процес. Протоколот за пристапување на Македонија кон Вашингтонскиот договор сега треба да го ратификуваат сите 29 членки...

Заев за Протоколот со НАТО: Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани

Претседателот на Владата, Зоран Заев, по повод потпишувањето на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО од страна на 29 земји членки, упати честитка до сите граѓани. „Ова е голем, историски ден за сите наши граѓани. Денес, најголемиот безбедносен сојуз на светот, НАТО, ни кажа добредојде. Денес седнавме рамо до рамо со нашите сојузници, на иста маса, во иста...

Груевски го честиташе потпишувањето на Протоколот за НАТО

Бегалецот Никола Груевски го честиташе потпишување на Протоколот за НАТО во Брисел на неговиот фејсбук-профил. Во неговото, како што вели, „размислување за нова национална стратегија по новонастанатата ситуацијa со името“, тој прави анализа - во продолженија - за тоа што значи членството на државата во НАТО,  паралела со дејствувањето на старот ВМРО и нивната борба за слобода. „Не е тајна дека низ...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...