fbpx
Таг: противпожарна единица

таг: противпожарна единица

Едно лице загина во пожар во охридското село Требеништа

Едно лице загина, а двајца се повредени во пожарот што се случил утрово во куќа во охридското село Требеништа, информираат од Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид. Пожарникарите интервенирале во опожарениот објект во селото Требеништа, Општина Дебарца додека бил во распламтена фаза. „При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект...

Вистиномер: Не е формирана противпожарна единица во Општина Теарце

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на предизборно ветување на сегашниот градоначалник на Општина Теарце:   Формирање на противпожарна единица на ниво на Општина   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за формирање на противпожарна единица на ниво на Општина, дадено  во неговата изборна програма „За општината што ја сакаме” (стр. 3), со која тој го доби третиот мандат на локалните...

Горат неколку куќи во Злокуќани

Од 13.50 часот денеска, 13 пожарникари на Противпожарната бригада на Град Скопје со пет возила гаснат пожар што зафатил повеќе куќи во Злокуќани, на улицата Скупи бр. 12. Како што дознава „Мета“, можно е да бидат испратени повеќе противпожарни екипи за да се згасне огнот. Скопските пожарникари интервенирале и вчера, на пожар на куќа, во селото Мојанци. Пожарот е изгаснат, а во...

Инцидент во кабинетот на градоначалникот на Штип

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев. денеска во својот кабинет во Општината се скарал со поранешниот заменик-командир на противпожарната единица, Кирчо Патраклиев. До расправијата дошло зашто Патраклиев се обидел да дознае зошто е укинато неговото работно место, заменик-командир. Разговорот меѓу градоначалникот и поранешниот заменик-командир се одвивал на висок тон, а во еден момент Патраклиев го фатил градоначалникот Захариев за раме, по што...

Реката Пена пред излевање, свлечиште го затрупа патот Шипковица – Бродец

Водостојот на реката Пена во долниот дел од Тетово постојано се следи откако водата од оваа река се искачи на критично ниво. Обилните врнежи од дожд изминатите неколку дена предизвикаа и свлечишта над патниот правец Шипковица - Бродец. - Наносите од камења и од земја на патот Шипковица - Бродец, кои ги донесе вчерашното свлечиште, се остранети, но градежна механизација...

Петгодишно дете, тешко повредено во пожар во Битола

Петгодишно дете било тешко повредено во пожар што вчера, околу 16 часот, од засега непознати причини, избувнал во куќа на улицата Мукос во Битола, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кај детето биле констатирани тешки телесни повреди на рацете, нозете и лицето и е во животна опасност. Детето по укажната лекарска помош во Клиничката болница во Битола било префрлено во...

Во пожар изгореле два автомобили во Штип

Утрово, околу 5.10 часот, од засега непознати причини настанал пожар на две возила, паркирани на улицата Никола Карев во Штип, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во пожарот целосно изгореле автомобил, марка „ауди а4“, соопственост на 26-годишниот П.М. и автомобил „фиат брава“, сопственост на Д.Ј. (36), двајцата од Штип. Според полицијата, штипската територијална противпожарна единица го локализирала пожарот во 5.35 часот,...

Четири бараки и две возила оштетени во пожар во Прилеп

Ноќеска, околу 3 часот, во прилепската населба Варош избувнал пожар кој зафатил четири социјални бараки и два автомобила, паркирани во непосредна близина. Според полициските информации, во пожарот нема настрадани и повредени лица. По интервенцијата на екипа на прилепската територијална против-пожарна единица пожарот е изгаснат. Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...