fbpx
Таг: противпожарна бригада

таг: противпожарна бригада

Пожар во Градски Парк: Горат бараките до спортската сала „Партизан“

Силен пожар гори во близина на Градскиот парк во Скопје. Зафатени се бараките во кои порано беше сместен судот за прекршоци. Во моментов на терен интервенираат пет пожарникарски возила, а засега нема информации за повредени лица. Од пожарот под опасност е и спортската сала „Партизан“, хотелот и ресторанот кои се наоѓаат во непосредна близина на бараките кои горат. Во моментов...

Ставен е под контрола пожарот на Осоговските Планини

Во текот на вечерта и ноќта се гаснеше пожарот на Осоговските Планини, што се закануваше да ги зафати околните села и туристичкиот центар Пониква кај Кочани. Непрекинато во текот на ноќта интервенираа Противпожарните единици на Кочани, Виница, Македонска Каменица и Штип, механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, служби од Полицијата и Македонски шуми од Скопје. „Пожарот што избувна вчера попладне...

Изгаснат пожарот во Злокуќани

Во пожарот што избувнал денеска по 13 часот, опожарена е покривната конструкција на четири куќи - лепенки во населбата Злокуќани, а со интервенцијата на припадниците на скопската Противпожарна бригада, спречено е пожарот да се прошири и да направи поголема штета. - Пожарот е успешно изгаснат, а во моментот се проверува да не има заостанати жаришта, но интервенцијата е завршена - вели...

Опожарени три возила во Аеродром

Три возила изгореле синоќа на улицата 23 Октомври, поранешна Владимир Комаров, во скопската населба Аеродром, информираше денеска МВР. Оттаму велат дека засега не се познати причините за опожарувањето на возилата. Случајот бил пријавен околу 22 часот, а опожарени се „фолксваген шаран“, сопственост на 33-годишниот А.Б., „пежо 308“, сопственост на А.Н., и „форд фиеста“, сопственост на 76-годишниот А.Ј., сите со скопски регистарски...

Фрлен молотов коктел врз возило во Скопје

Ноќеска околу 2.20 часот 42-годишна скопјанка во Единицата за информации и команда Скопје пријавила дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност врз нејзиното возило, марка „пежо“. Возилото било паркирано во дворот од нејзината куќа на улицата Ѓорги Крапчев, во населбата Горно Лисиче. Како што информираат од полицијата, во инцидентот опожарен бил предниот дел од автомобилот, а огнот бил изгаснат...

Запален автомобил на скопјанец во населбата Шуто Оризари

Непознат сторител синоќа, околу 20 часот, подметнал пожар во автомобил, марка „фолксваген голф 4“, кој бил паркиран на улицата Виетнамска во Скопје, информираат од полицијата. Од пожарот била зафатена десната страна на возилото. Екипа на скопската противпожарна бригада веднаш интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. Увид бил извршен од екипа на Секторот за внатреши работи Скопје, кој презема мерки за...

Најмалку осуммина повредени во експлозија на плинска боца во Драчево

Најмалку осум лица биле повредени во експлозија што попладнево околу 15 часот одекнала во семејна куќа во скопската населба Драчево. Според првичните неофицијални информации, експлозијата се случила при монтирање грејно тело со плинска боца. Повредените, според првичните информации, биле пренесени, дел во Ургентниот центар, дел во Градската хируршка клиника „Св. Климент Охрдиски“. Засега нема информации за состојбата на настраданите и за...

Запален автомобил во населбата Аеродром

Ноќеска, триесетина минути по полноќ, бил запален автомобил марка „пежо 307“, на булеварот Јане Сандански, во близина на Мајчин дом, во населбата Аеродром, информира полицијата. Екипа на скопската противпожарна бригада интервенирала на местото и го изгаснала пожарот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дојава за бомба во седиштето на противпожарната бригада во Белград

На телефонската линија 192 во Белград е примена анонимна дојава дека во седиштето на противпожарната бригада е поставена експлозивна направа. Веднаш по дојавата пожарникарите се евакуирани, а полициска екипа врши увид на местото и утврдува дали станува збор за лажна пријава или навистина има поставено бомба во седиштето на противпожарната бригада.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...