fbpx
Таг: протест

таг: протест

УСС-УКИМ најави протест пред МОН во понеделник

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) вчеравечер на социјалните мрежи најави студентски протест во понеделник (05.02) во 14 часот пред Министерството за образование (МОН). Тие велат оти протестираат против неправдите врз студентите и против неефикасното работење на МОН. Протестот на студентите доаѓа по реакциите од студентските организации дека стипендиите за постојните и новите корисници доцнат....

Почеток на сообраќаен хаос без јавен превоз – на постојките наместо автобуси се чека такси

празна автобуска станица - тц Буњаковец
Само пусти автобуски постојки денеска можеа да се забележат низ главниот град, по протестот што следуваше откако на вработените во ЈСП не им беа исплатени декемвриските плати. Градот вриеше од такси возила, во неможност на граѓаните кои немаат сопствени автомобили да стигнат до работните места. По завршувањето на вонредната седница на Советот на Град Скопје, кога не беше изгласана одлуката...

Скопје останува без јавен превоз, советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за субвенции на ЈСП

Два и пол часа советниците во Градот Скопје расправаа дали на ЈСП Скопје треба да му бидат доделени субвенции од 11 милиони евра, за вработените да можат да ја земат декемвриската плата, а јавниот превоз да продолжи да функционира. Жестока дебата се водеше меѓу советниците, за на крајот со 22 „за“ и 13 воздржани да биде донесена одлуката да не...

Јавен градски превоз во Скопје нема да има ако Советот на Град Скопје донесе несоодветна одлука за субвенции

Граѓаните на Скопје утринава само до 9 часот можеа да го користат јавниот градски превоз, а потоа секој се снаоѓаше како стигне за да стигне до работното место или пак до друга дестинација. Синдикатот на ЈСП во 10.30 часот се собра пред Град Скопје каде што се одржува вонредната седница на која треба да се одлучи дали на ЈСП Скопје...

Јавен превоз во Скопје утре ќе има до 9 часот, вработените во ЈСП одат на протест

Автобусите на ЈСП утре ќе вршат превоз на патници од 4.30 до 9 часот изутрина, а од 10.30 часот вработените ќе заминат на протест пред Град Скопје, додека се одржува вонредната седница на Советот на Град Скопје каде што треба да се одлучува дали претпријатието ќе добие субвенции. Автобусите на ЈСП ќе бидат паркирани во базите на претпријатието во Автокоманда...

Српската опозициска лидерка Мариника Тепиќ десетти ден штрајкува со глад

Српската пратеничка и една од лидерките на опозицијата, Мариника Тепиќ веќе десетти ден штрајкува со глад поради изборните измами што се случија во Србија на 17 декември. Тепиќ во изјава за телевизијата Н1 вели дека нејзината одлука да штрајкува не е насочена кон домашните институции, туку кон меѓународната заедница. И покрај молбите кои стигнуваат од различни земји за да го...

Протест на родителите чии деца беа убиени во училиштето „Рибникар“ во Белград

Родители на деца од Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград протестираат пред влезот на училиштето, пренесува Н1 Србија. Неколку од нив истуриле, сива боја на коловозот, пребојувајќи го натписот „училиште“, а потоа истуриле и црвена боја. Н1 пренесува дека присутни се граѓани од сите возрасни групи кои бараат правда за деветте починати деца и чуварот на училиштето кои беа убиени...

Лавров најде нацисти во Кијив и балтичките земји, делегации го напуштија неговиот говор

Конфронтирачка реторика во своето излагање имаше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. За време на неговиот говор, неколку делегации ја напуштија сесијата во знак на протест против говорот на Лавров, кој ја претставува земјата-агресор во војната против Украина. Меѓу оние делегации што ја напуштија салата, потврдена е естонската, украинската и чешката...

Илјадници административци го блокираа Скопје, бараат достоинствени плати

„За нас ѓеврек, за вас бифтек“, „Штитиме граѓански права, се повредуваат наши права“, беа само дел од транспарентите, со кои денеска неколку илјадници вработени во судската администрација, потоа, вработени во Јавното обвинителство, Фондот за здравствено осигурување и Канцеларијата на народниот правобранител и други здруженија, го искажаа незадоволството од, како што рекоа, ниските плати. Тие реагираа против покачувањето на функционерските плати...

Протестираат вработените во Канцеларијата на Народниот правобранител, бараат повисоки плати

Вработените во Канцеларијата на Народниот правобранител, во организација на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска, пред Канцеларијата одржаа мирен протест, реагирајќи на ниските плати и нивниот статус како административни службеници. Државниот советник на Народниот правобранител и претседател на синдикалната организација при НП, Марјан Поњавиќ, во изјава за медиумите побара без одлагање...

Од март повисок минималец, зголемување на платите на администрацијата неизвесно

Минималната плата во земјава од март 2024 година ќе изнесува 22.500 денари, но покрај оваа најава од владата, засега нема конкретен одговор за многубројните барања за покачување на платата на јавната администрација. Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување најавува штрајк, а судската администрација и денеска организираше протест. Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска одговори дека вработените во Фондот за здравство, во обвинителството...

Протести ја тресат Германија, штрајкуваат студентите и универзитетите

Вработени од универзитетите и студентите во Германија предводени од синдикатот Верди денеска протестираат со барање за повисоки плати, јавува германската новинска агенција ДПА. Мотото на акциониот ден на универзитетот е „Стави крај на несигурната наука“, велат од синдикатот. Организаторите за денеска планираат настани во повеќе од 50 градови, вклучувајќи ги: Хамбург, Хановер, Келн, Франкфурт на Мајна, Минхен, Лајпциг и Берлин. Во...

Протест за поддршка на Палестина пред влада: Излегуваме од човечка должност

„Се собравме како наша човечка должност, за да покажеме дека не успеаја да го убијат човечкото во нас“, кажа активистот Здравко Савески на протестот пред Владата во Скопје за поддршка на палестинскиот народ. Во говорите преовладаа пораките за мир, солидарноста и критика на империјалистичките центри на моќ, кои овозможуваат злосторствата на Израел да останат неказнети. Протестот беше организиран од левичарскиот...

Маричиќ: Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не, слободата на медиумите е апсолутна

Да немате дилеми дека Владата целосно стои зад заштита на медиумските слободи. Слободата на медиумите е апсолутна и не смее да биде загрозена. Владата нема намера да регулира кој е новинар, а кој не. Тоа е целосно препуштено на новинарската фела, а правото на протест е сосема легитимно, особено кога новинарите се чувствуваат загрозено, рече денеска вицепремиерот за европски...

Новинарите на протест: НЕ на цензурата

Десетици новинари од повеќе медиуми денеска излегоа на мирен протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, искажувајќи револт од пресудата против Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), која е закана за цензура, обид за замолчување и контрола врз новинарството. Во организација на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) од протестот беа упатени повици властите...

Метаморфозис со поддршка на новинарскиот протест против судската одлука за ИРЛ: Одлуката ги загрозува слободата на изразување и слободата на медиумите

Фондацијата Метаморфозис го поддржува протестот на новинарите што треба да се одржи утре, 17.11.2023 година, пред Граѓанскиот суд во Скопје поради судската одлука против главниот уредник на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Сашка Цветковска и Здружението на граѓани ИРЛ во случајот со тужбата на Кочо Анѓушев и на компанијата Брако за клевета. Метаморфозис ја смета судската одлука за опасен преседан, особено...

ЗНМ и ССНМ утре со протест поради срамната пресуда против новинарите на ИРЛ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) утре (петок, 17 ноември), со почеток од 11 часот, ќе организираат протест пред Граѓанскиот суд во Скопје, за да реагираат против срамната пресуда против новинарите на ИРЛ, во чие писмено образложение е наведена поука дека Министерството за правда може на ИРЛ да ѝ изрече...

Во Тел Авив имало масовни протести против Нетанјаху, но во март, а не сега

Објавата што ја анализираме манипулира така што старо видео од масовни протести во Тел Авив против премиерот Нетанјаху, претставено како да прикажува нови протести во време кога е актуелна војната во Појасот Газа. Од нападот на Хамас на 7 октомври, во Израел се одржале неколку протести, но тие се далеку од масовни, бидејќи јавноста е незадоволна што премиерот не...

Протест за солидарност со Палестина во сабота пред влада

Социјалниот центар „Дуња“ најави дека во сабота, 18 ноември, ќе се одржи протест пред Владата во Скопје за солидарност со палестинскиот народ, како реакција на нападот на Израел врз Газа по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Протестот ќе започне во 11:55 часот. Организаторите велат дека поддржуваат итен прекин на нападот на Израел над Газа и операциите во Западниот Брег. Дополнително,...

Протест во Скопје: Израелските напади врз Палестина го убиваат човечкото достоинство

По петочната молитва, денеска во Скопје се одржа протест за солидарност со палестинскиот народ, организиран од „Платформата за поддршка на Палестина“, составена од мрежа организации кои дејствуваат во земјата. Граѓаните со знамињата на Палестина и земјите од регионот повикаа да се запрат израелските напади врз цивилното население, а меѓународниот фактор да „не гледа сеир“, пишува „Порталб“. „Варварските напади кои ги...

Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во...