fbpx
Таг: протест

таг: протест

Владата одлучи дека проблемот со специјализантите ќе го реши по изборите

Владата на денешната седница ја разгледала Информацијата од Министерството за здравство, во врска со специјализантите по медицина, кои со сопствени средства ја плаќаат специјализацијата, а кои се работно ангажирани со договор на дело во универзитетската клиника во којашто ја извршуваат специјализацијата. „Имајќи го предвид значењето за специјализантите, но и за граѓаните и за здравствениот систем на Република Северна Македонија, за...

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата да се примени веднаш по парламентарните избори. Синдикатот се жали дека на нивните повици за решавање на лошите состојби во Пошта не се одзвале ниту Управниот одбор, ниту Владата како...

Лекарите на Клинички на протест побараа повисоки плати и решавање на хаосот со паркингот

„Егзодус на докторите и на медицинските сестри“, „Дали планирате уште некој генијален преглод закон со кој ќе ги намалите работничките права?“, се само дел од транспарентите со кои денеска, околу 200 доктори и медицински сестри од Клинички центар го искажаа својот револт пред зградата на Министерството за здравство, барајќи повисоки плати и подобри услови за работа. Протестот го организира Синдикатот...

Здравствените работници утре на протест

Здравствените работници утре излегуваат на протест, поради незадоволството од непотпишување на анексот на колективниот договор за здравствена дејност со што требаше да се зголемат платите на вработените во овој сектор. Протестот е организиран од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), а ќе се одижи пред Министерството за здравство во 10...

Деспотовски понуди решение за дислокација на БРО, Бирото обвинува за притисоци

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, вчера изрази поддршка за протестот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), а даде и предлог-решение на проблемот со кој се соочува овој факултет. Деспотовски предложи Бирото за развој на образованието (БРО) да се пресели во сегашните простории на ТИРЗ, а ФИНКИ да ги преземе бараките што...

Роденденски маратон на ФИНКИ до Владата во знак на протест поради немањето зграда

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) соопшти дека по повод своето 13-годишно постоење, утре, 2 април, ќе одржи роденденска трка. Маратонот ќе започне од Градскиот парк, а целната линија е Владата. Ова, велат од ФИНКИ, ќе биде симболичен чин со кој факултетот сака да ја подигне свеста за проблемот со недостигот на соодветен образовен простор за студентите. „Завршувањето на трката...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција на која најави три протести во периодот што претстои. Синдикатот во вторник, на 2 април, ќе протестира против одлуката на Врховниот суд од ноември минатата година за одземање на зградата на...

„Не сакаме да си одиме, вие нè бркате“, специјализантите на протест побараа повисоки плати и регулиран работен однос

„Наша борба, ваше здравје“, „Плати скромни, трошоци огромни“, „Ние не сакаме да си одиме, вие нè бркате“. Ова се само некои од транспарентите со кои денеска, неколку стотици лекари специјализанти, побараа повисоки плати и регулиран работен однос. Тие незадоволството од третманот кон нив го искажаа пред зградата на Министерството за здравство. „Бараме покачување на платата на приватните специјализанти согласно просечна...

Активно се работи да се најдат простории за ФИНКИ, велат од Владата

Владата соопшти дека активно работи на наоѓање решение за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), односно немањето соодветни простории за држење на наставата, по денешниот одржан протест на студентите. Владата долгорочното решение го гледа во објектот кој започна со изградба во 2015 година, но чија конструкција престанала откако фирмата задолжена за градежните работи заминала во стечај. Во владиното...

Информатичарите на протест: Наместо Владата, ChatGPT „ја изгради“ зградата на ФИНКИ

Со транспаренти, изложба и предавање на отворено, неколку стотици студенти и професори на најголемиот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го кренаа гласот пред Владата и побараа државата да се ангажира поактивно во справувањето со еден од најголемите предизвици за установата – немањето простор за сместување на речиси 5.000 студенти. „ФИНКИ нема зграда, учиме...

ФИНКИ денеска протестира за просторните проблеми, БРО не ги отстапува бараките

ФИНКИ
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) денеска во 12 часот излегува на протест пред Владата со барање за подобрување на условите за студирање на студентите поради просторниот проблем со кој се соочува установата. На протестот е најавено дека ќе се одржи и редовна седница на Наставно-научниот совет на факултетот. Со повеќе од 5.000 студенти, ФИНКИ е најброен факултет...

Најбројниот факултет во државата утре на протест пред Владата: Бараат „подобри услови за студирање“

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со одлука на деканатската управа, утре во 12 часот излегува на мирен протест пред Владата. Покрај деканот и продеканите, членови на деканатската управа се и раководителите на институтите и еден член избран од Факултетското студентско собрание. Од факултетот соопштија дека на протестот ќе се одржи 25-тата редовна седница на Наставно-научниот совет. Целта...

Се чека одлука за втора истрага за пожарот во Модуларната болница во Тетово

Иако поминаа седум месеци откако Јавното обвинителство во август 2023 година информираше дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција води уште една истрага за пожарот во модуларната болница, во кој изгореа 14 лица, од оваа институција за Порталб.мк нагласуваат дека Обвинителството е пред донесување на одлуката, но не наведуваат конкретен датум. Обвинителството за Порталб.мк нагласи дека овој предмет е...

Мажите кои дефилираат во црвени потпетици, всушност протестираат против родовото насилство

Мажите прикажани на видеото во објавата, носат високи потпетици за да ја кренат свеста кај населението против родовото насилство и за да помогнат да се соберат средства за жртвите од насилство. Оваа парада е позната како „Прошетајте една милја во нејзините чевли“ (“Walk a Mile in Her Shoes”). Самото видео е снимено во октомври минатата година во американската сојузна...

По одлуката за повисоки плати на УКИМ и професорите на останатите јавни универзитети бараат повисоки плати

Вработените во Универзитетот во Тетово денеска излегоа на протест поради непотпишувањето на Колективниот договор од страна на Собранието за зголемување на платите како на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Синдикатот на универзитетот побара потпишување на колективниот договор пред распуштање на парламентот. Протестираа и професорите пратеници од ДУИ кои се дел од Владата и мнозинството во Собранието, пишува Порталб.мк. Претседателот на...

Синдикатите на пет универзитети најавија протест заради непотпишување на колективниот договор

Вработените на пет универзитети најавија протест за утре како израз на незадоволство што со нив не е потпишан колективен договор. Синдикатите на Универзитетот во Тетово, „Гоце Делчев“ од Штип, „Св. Климент Охридски“ од Битола, „Мајка Тереза“ од Скопје и „Св. Апостол Павле“ од Охрид, најавија дека утре во 13 часот, сите нивни  вработени ќе одржат мирен протест пред влезовите...

Протест пред руската амбасада во Берлин по смртта на Навални

Околу 250 демонстранти се собраа во неделата во близина на руската амбасада во Берлин за да протестираат поради смртта на затворениот дисидент Алексеј Навални, објави полицијата во германската престолнина. Како што објави германската агенција ДПА, организаторите пријавиле протест на 450 луѓе. Непосредно пред протестот повикан за рано попладне, протестната група Пуси Рајот најави свои демонстрации. Портпаролот на полицијата изјави дека голем...

Студентите со црвени картони на протест, МОН со зелено светло за стипендиите [галерија]

Со црвени картони и транспаренти преку кои побараа системски промени, дел од македонските студенти денеска протестираа пред Министерството за образованиеи и наука (МОН). Тие порачаа Министерството да работи поорганизирано и да ги почитува роковите што им ги дава за исплата на финансиската поддршка од повеќе мерки – стипендии, ваучери за меѓуградски превоз и субвенциониран оброк. Стипендиите и средствата за меѓуградски...

(ГАЛЕРИЈА) Студентите на протест пред МОН: Бараме промени!

Започна протестот на студентите пред Министерството за образование и наука каде стотина студенти порачаа дека бараат промени. Целта на протестот е да се истакне потребата од поголема ефикасност на институцијата, да се искаже револтот на студентите за ненавремента исплата на продолжените студентски стипендии, задоцнетите исплати на ваучерите за превоз и доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата...

Стипендиите од денес легнуваат на сметка, студентите ќе протестираат пред МОН

Од утрово студентите-постојни корисници на студентска стипендија, кои го продолжиле ова право, на своите трансакциски сметки ги добиваат првите исплати за оваа учебна година. Според информациите од повеќе студенти кои се обратија до Мета.мк, денеска пристигнуваат четири рати за стипендиите, односно околу 24.200 денари. Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја исплаќа и финансиската поддршка за меѓуградски превоз за...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...