!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Најголемиот сериски убиец во Русија доби доживотна казна затвор


Москва, 11 јануари, 2017 - 20:46 (META) 

Поранешниот руски полицаец Михаил Папков (52), кој во Сибир силувал и убил најмалку 22 жени, осуден е на доживотна казна затвор. Како мотив за овие убиства навел дека „сакал да ја исчисти државата од проститутки“.

Потрагата за Папков траела 20 години, а на крајот бил откриен преку отпечаток оставен од копче од неговата полициска униформа.

За себе ќе каже дека е „ловец на проститутки“, а руското државно обвинителство оваа негова изјава ја оцени за бесмислена и го смета за обичен сериски убиец.

За да дојдат до резултати од ДНК, властите ги ексхумирале жртвите и тестирале повеќе од 3.000 осомничени.

Се претпоставува дека бројот на жени што ги убил е околу 59.


Папата Франциск посети поранешни проститутки


Рим, 13 август, 2016 - 12:09 (META) 

Папата Франциск направи ненадејна посета на 20 поранешни проститутки, кои се сместени во „безбедна куќа“ во Рим.

Станува збор за млади жени, сите на возраст од околу 30 години, кои шверцери на луѓе ги присилиле да се занимаваат со проституција. Жените се спасени од нивните поранешни макроа и сега им е дадено засолниште и заштита во апартман на неоткриена локација, со кој управува една католичка хуманитарна организација.

Средбата и разговорот на поглаварот на Римокатоличката црква со жените, кои се дојдени од Африка, но и од разни делови на Европа, траел повеќе од еден час. Папата Франциск повеќепати досега има изјавено дека шверцот со луѓе претставува криминал кон човештвото.

На сите жени им било ветувано дека ќе им биде најдена работа, но трговците со луѓе ги довеле во Италија и во други земји од западна Европа, за да ги принудат да работат како проститутки. Претставник на Ватикан изјавил за медиумите во Рим дека сите овие згрижени жени имаат сериозни психички трауми.


Член на британскиот парламент си поднел оставка поради скандал со дрога


Лондон, 28 јули, 2015 - 11:37 (META) 

Заменик-спикерот на Домот на лордовите (Горниот дом) на британскиот парламент си поднел оставка откако бил снимен како, наводно, користи дрога во друштво на проститутки, јавува „Би-Би-Си“.

Снимките до кои дошол таблоидот „Сан“ (The Sun), објавени во неделата, покажуваат како лорд Суел шмрка прав (најверојанто кокаин) од женски гради.

Во писмо до парламентот, тој напишал: „Сакам да се извинам поради болката и срамот што го нанесов“, изразувајќи надеж дека неговата одлука за оставка „ќе ја намали и ќе помогне во поправањето на штетата“.

Според „Би-Би-Си“, полицијата веќе почнала истрага и извршила претреси на имот во центарот на Лондон.

Од лондонската полиција Метрополитен изјавиле дека ги истражуваат „обвинувањата за дела поврзани со дрога во кои е вмешан член на Горниот дом“.